Post Views: 6
Куќа на улицата Гоце Делчев, сопственост на верската исламска зедница, секој момент може да се сруши.
Објектот од ден на ден станува се поопасен, а на тоа укажуваат и околните дуќанџии.Од куќата во фаза на распаѓање стравуваат и минувачите по старата охридска чаршија која е мошне фрекфентна.
Одговор кога објектот ќе биде срушен и нема да биде закана по безбедноста на граѓаните побаравме од локалната самоупрва. Портпаролот, Никола Манески за посочениот објект во старата чаршија изјави дека општинскиот инспекторат добил уверување од ИВЗ дека куќата сами ќе ја срушат...
Post Views: 1
СВР Охрид ги откри иницијалите на грабнувачите на градоначалникот.
Тие се приведени, а истражен судија им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Н.С роден 1974 год. и Х.И роден 1976 год. се сторителите на кривичното дело киднапирање на градоначалникот Александар Петрески и неговиот личен возач. СВР Охрид денес информира дека лицата уште вчера биле приведени и изведени пред истражен судија, кој им одредил мерка притвор во траење од 30 дена.
Потсетуваме дека киднапирањето на градоначалникот Петрески и неголиот личен шофер, кое се случило на 21 ви декември 2008 год....
Post Views: 3
Даденото ветување на министерот Јанакиески за забрзување на процесот за приклучување на с.Лескоец на канализационта мрежа не е исполнето, обвинуваат од Локалната самоуправа во Охрид. Околу 4000 жители на с.Лескоец и понатака лежат на септички јами и чекаат приклучок за канализационата мрежа. Од еколошкото друштво „Јагода“ предупредуваат на опасностите од септичките јами.Градежните зафати, кои ги започна охридската Локална самоуправа, беа запрени. Потребна беше дозвола за прекоп на магистралниот пат Охрид-Битола, која ја издава Агенцијата за регионални и магистрални...
Post Views: 1
Советот на општина Охрид вчера со одлука ги отпиша компјутерите, кои ги советниците ги користеа помалку од две години.
„Лап-топ компјутерите ги купи Локалната и тие по нашиот мандат остануваат тука„ – вели претседавачот на советот на општина Охрид, Владо Чингоски. „Компјутерите само се отпишуваат, секој советник задолжен со компјутер на крајот од својот мандат мора да го врати“ додава тој.
Лап-топ компјутерите Локалната ги набави пред 2 години, со цел поефикасна и поекономична работа на советот на општина Охрид. Беше планирано целокупните матријали за седниците...
Post Views: 1
За прв пат прикажани снимките од сигурносните камери во продавницата, за која постои сомневање дека е местото каде е извршено едно од убиствата.
Обвинетиот е осомничен дека во периодот од 2006 до 2008 ги убил Раим Ракипи, Спиро Ставрески и Трајче Цоцески. Во своето признание, кажал дека убиството на Трајче Цоцески го извршил во самоодбрана, исто така негираше дека ги извршил убиствата врз Раим Ракипи и Спиро Ставрески.
На почетокот на денешното рочиште беа изнесени причините за доцнењето на психијатрискиот извештај и откажувањето на сведочењето на сведокот Ацо Стојаноски....
Post Views: 2
На два месеци од истекувањето на мандатот на охридските избраници, се сублимираа резултатите од сработеното. Експресно се помина низ сите точки од дневниот ред.
Охридските избраници си упатија критики и пофалби за досегашната работа на советот. Дел од нив сметаат, дека овој состав на свои плеќи понесе многу тешкотии и донесе многу значајни одлуки за градов. Но дел од нив, мислат дека можело и подобро да се сработи. Ванчо Огненов рече дека многупати не се носеле корисни решенија за Охрид.
Советникот Бранислав Трпчевски пак, истакна дека за време на мандатот на овој...
Post Views: 3
Мотивите на грабнувачите сеуште непознати.
Не се ни открива причината поради која градоначалникот и возачот киднапирањето го пријавиле еден месец подоцна.
СВР Охрид ги приведе лицата за кои постои основано сомнение дека го киднапирале градоначалникот Александар Петрески и неговиот личен возач. Киднапирањето се случило на 21 декември, а од страна на возачот на градоначалникот било пријавено дури вчера попладне.
Од СВР- Охрид не го открија идентитетот на осомничените, само информира дека станува збор за две лица од Охрид на возраст од 32 и 34 години. Петрески и неговиот...
Post Views: 11
Една од целите во стратегијата е да се намали притисокот врз шумските екосистеми а приоритет е НП да постане препознатлив не само во државава, туки и пошироко, вели директорот на паркот Зоран Ангеловски.
Националниот парк Галичица во соработка со ФТУ и меѓународниот консултант Никол Хајслер изработи стратегија за одржлив економски развој. Оваа стратегија нуди развојот на инфраструктурата на паркот и пристапот на посетителите до него.„Имајќи ја предвид местоположбата на НП и природно историското наследство, паркот нуди извонредна можност за развој на одржливиот туризам,...
Post Views: 8
Додека Македонија ја тресе епидемија од заушки, во подрачната единица на Заводот за здравствена заштита на почетокот од годинава,евидентирани се само две заболени лица.
Д-р Јованка С.Коровешоска вели дека станува збор за ученици кои биле во контакт со заболени деца од Источна Македонија. При проверка на картоните за вакцинации утврдено е дека лицата биле редовно вакционирани, но дека станува збор за намален имунитет.
Во 2008 година биле евидентирани само 9 случаи, а епидемиолозите потенцираат дека тоа се должи на комбинираната вакцина која ја примиле децата....
Post Views: 1
Според претседателот на оваа партија, Јован Манасиески, павлоски е докажан менаџер кој најдобро го познава пулсот на градот.
Првиот човек на ЈП Комуналец, Боро Павлоски е кандидатот за градоначалник со кој на претстојните локални избори самостојно ќе настапи Либерално- демократската партија.
Како што истакна Павлоски, кандидатурата за него претставува чест и голема обврска, со оглед на фактот што на овие локални избори за прв пат Либерално- демократската партија настапува самостојно.
„Ќе се обидеме да му понудиме на гласачите да не одбираат само помеѓу црното и белото....
Post Views: 4
Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти „Билјанини извори“ да не се инволвира во политички игри, апелира првиот човек на оваа фирма.
Позитивните резултати од работењето на ова претпријатие на некого му бодат очи.
„Состојбата е оценета како катастрофална од страна на првиот човек на Ј.П за стопанисување со спортски објекти, Михајло Бајо, а господинот не е дојден ниту еднаш да не посети“, вели Иван Цветкоски, ВД директорот на „Билјанини извори“.
Цветкоски додава дека ако се реализираат најавите од страна на владата, спортските објекти повторно да се...
Post Views: 1
На претстојниве избори Лдп која го промовираше овој претседателски кандидат, очекува подршката за Ружин освен центарот да ја даде и поголемиот дел од левицата.
5000 потписи веќе се собрани за претседателскиот кандидат Нано Ружин. Челните луѓе на Лдп, партијата која го кандидраше очекуваат во текот на наредната недела да ги дособерат сите потребни потписи. Нано Ружин, според нив е вистинскиот кандидат за претседател, човек кој ќе ги обедини сите граѓани без оглед на партиската припадност. Како најголем негов адут го потенцираат богатото диплпматско искуство и прогласувањето...