Post Views: 0
Во тек е изборот на членови и заменици на избирачките одбори. Кон крајот на оваа недела ќе се врши првиот дел од нивната обука. Општинската изборна комисија е комплетирана и започна со извршувањето на своте редовни обврски. Нејзините членови се селектирани по случаен избор од редовите на вработените во државната јавна администрација.
Во моментов се работи на изборот на членовите и замениците од избирачките одбори. Претседателот на ОИК, Марика Ангелеска, информира дека тоа нема да бидат истите кои ги сочинуваа одборите за време на предвремените парламентарните избори...
Post Views: 13
„И со добиената согласност, не се пополнуваат испразнетите работни места во детската градинка“ – тврдат од Локалната.
Во детската градинка „Јасна Ристеска“ се згаснуваат три работни места на пензионирани работници тврдат од Локалната самоуправа.
„И покрај доставените 5 барања од општината, зав пополнување на работните места, одМинистерството за труд и социјална политика не игнорираат“ – вели Митер Велјаноски, советник на охридскиот градоначлник.
Општината е во прва фаза на децентрализација и нема наменски средства да ги покрива трошоците за работните...
Post Views: 13
Досегашниот советник, Љупчо Нечкоски, очекува дека граѓаните ќе му дадат доверба за уште еден советнички мандат. Овој пат- како независен член на советот.
Тој е носител на независната советничка листа, која вчера во попладневните часови ја поднесе до подрачната единица на Министерството за правда.На ваков чекор, како што вели Нечкоски се одлучил, затоа што не сака да биде колатерална штета од расколот во Либералната партија, која ја претставуваше во досегашниот состав на советот.
„Од контактите со граѓаните, моите сознанија се дека тие се задоволни од моето работење...
Post Views: 11
Охридскиот регион да се најде на листата на биоводни резервати, а неговиот албански дел да биде на листата на Унеско, ова се заложбите на експертите за водени ресурси. Денес во Преспанскиот регион се одбележа светскиот ден на водни живеалишта.
Светскиот ден на водните живеалишта, 2 Февруари, во Македонија денес се одбележа со свеченост во прекуграничниот регион Преспа парк. На свеченоста се одржаа многу едикативни активности за основците и средношколците.
На денешната свеченост во Ресен, едукативно предавање на тема Водни живеалишта (предизвици и нивна заштита во...
Post Views: 6
Кирил Трендафилов Нанче официјално претставен како кандидат за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО ДПМНЕ.
„Во изминативе четири години многу работи се пропуштени, ние тоа мора да го надоместиме, за што ќе треба многу ангажман“, изјави Трендафилов. Советничката листа на оваа партија за Охрид се уште не е објавена, ќе се знае најдоцна до 3 февруари на полноќ.
„После подолги анализи и истражувања на мислењето на граѓаните на град Охрид, одлучивме за кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ за Охрид да биде Кирил Трендафилов Нанче“, рече претседателот...
Post Views: 6
Жирито од пристигнати 20- тина поеми ја избра „Атлантида“ на Бакевски. Академик Митко Маџунков ќе даде осврт за поемата „Атлантида“, а ќе одржи и беседа за ликот и делото на Григор Прличев. Организатор и домаќин на манифестацијата е НУ Центар за култура која го ноци неговот има. За најдобрата поема, на поетот Бакески ќе му биде врачена и парична награда во износ од 1500 евра. Директорот на центарот, Драгана Боцеска вели дека наградата се доделува за поема, за книжевниот вид кој е подзаборавен и за кој поетите се потикнуваат да творат во тој жанр. Февруари е месец...
Post Views: 14
На предлог од граѓаните, деновиве и охридските еколози предложија своја листа на советници.
Проблемите кои досега се актуелизираа преку медиумите, во иднина да се разгледуваат во општинскиот совет е нивната заложба. Во тек е постапка за собирање на подписи.„ На овој начин, еколошките друштва ќе бидат вклучени во решавање на еколошките проблеми“ Еколозите немаат цел да се инволвираат во политичките случувања, туку да ги застапуваат интересите на граѓаните во областа на еокологијата. За таа цел на листата советници, се предложени луѓе, кои во минатото активно се...
Post Views: 3
Сопствениците на руинираната куќа во старата чаршија беа неколку пати известувани дека мора да го рушат објектот, велат од локалната самоуправа.
Ова наспроти вчера дадената изјава за ТВМ од страна на сопственикот- Исламската верска заедница, дека немаат добиено известување дека мора да ја рушат куќата.
Локалната самоуправа во неколку наврати ја опоменувала Исламската верска заедница, сопственик на руинираната куќа на улица Гоце Делчев, да го руши објектот. Причина е неговата дотраеност поради што куќата може секој момент да се сруши и при тоа да ја загрози безбедноста...
Post Views: 1
Од Локалната самоуправа ги демантираат обвинувањата на Агенцијата за регионални и магистрални патишта дека не го испратиле бараниот доказ со кој го подкрепуваат барањето за прекоп на регионалниот пат охрид- Битола за приклучување на канализационата мрежа во селото Лескоец. Апсурдно е ваквото барање на агенцијата чиј претставник уште пред новогодишните празници учествуваше во извршениот увид на лице место, велат од Локалната самоуправа.
„На 11 декември 2008, екипа составена од претставници на Агенцијата за магистрални регионални патишта, од ЈП Македонија пат и Локалната...
Post Views: 3
Ова се информациите кои деновиве кружат во јавноста. Петрески и Павлоски ниту ги потврдуваат, ниту отфрлаат.
Започнаа предизборните игри и интриги. За почеток во нив се спомнуваат две од официјално објавените имиња на кандидати за градоначалник на претстојните локални избори.
Имено, најновите информации кои кружат во јавноста говорат дека градоначалникот Петрески одлучил да го смени првиот човек на ЈП Комуналец, Боро Павлоски. Како што ТВМ дознава, оваа функција деновиве веќе им била понудена да ја вршат на неколку вработени во ова јавно претпријатие, но ниту еден од...
Post Views: 8
Размената на студенти и учењето во други држави во моментов е блокирано поради визната либерализација.
Од страна на Охридскиот факулте за туризам, се прават обиди за сврзување со факултети од соседните држави.
Според мислењето на повејќе студенти од охридскиот факултет, проблемот со визите треба да се реши во државните институции, потоа да се бара правдата во меѓународните. Од факултетот за туризам во Охрид, учествувале во процесот на собирање на потписи. Но од страна на универзитетот св „Kирил и Методи“ во Скопје и покрај собраните потписи и барањето да бидат вклучени...
Post Views: 18
Кирил Трендафлиов Нанче и официјално кандидат за градоначалник на најголемата владеачка партија во Охрид. Ова за ТВМ го потврди пратеникот Александар Николовски кој воедно е и член на извршниот одбор на партијата.
На одлука донесена на седницата на Извршниот комитет на партијата, синоќа во Скопје, и прифатена од сите најголеми партиски органи, заврши неколку месечната потрага на ВМРО-ДПНЕ за вистинскиот кандидат за градоначалник за нашиов град.
Инаку и на овие локални избори копјата ке ги вкрстат истите „играчи“ од пред четири години кои влегоа во вториот круг. Останува...