Post Views: 16
Македонија ќе ги подржи заложбите на република Албанија за ставање на албанскиот дел од Охридското езеро под заштита на УНЕСКО.
Република Албанија ќе бара од УНЕСКО да го стави под своја заштита и албанскиот дел од Охридското езеро. „ Со тоа, смета албанскиот министер за животна средина“ , Љуфтер Џувели, „ ќе се обезбеди повисоко ниво на заштита и управување со ова природно богатство“ .
„За ваквата иницијатива, албанското министерство за животна средина има целосна подршка од РМ“, рече Министерот за животна средина на РМ, д- р неџати Јакупи- министер за животна средина...
Post Views: 5
ТЦГ „Леарница“ е пример во нашата општина, која затекната од тешката економска криза, вложува напор да се задржат на работните места сите 270 вработени. Менаџерскиот тим го направи првиот чекор за да нема драстични отпуштања од работа и го скрати работното време од 8 на 6 часа, со што, барем засега, нивните вработени нема да се најдат на списокот на невработени лица во Центарот за вработување.Во моментов производствениот процес тече во четири смени.
Од Центарот за вработување нагласуваат дека во нивната евиденција има 11.200 лица кои се во потрага по вработување....
Post Views: 1
Во рамките на манифестацијата „Прличеви Беседи“, во спомен куќата на Прличев се одржа промоција на мултимедијалниот проект на „МС Прософт“- Охрид. На пригодната свеченост, на Минчо Јорданов му беше врачена наградата ПОЧЕСЕН ГРАЃАНИН НА ОХРИД. Овој гест на Локалната, доаѓа како резултат на заложбите на Јорданов околу комплетната изградба на спомен куќата на Григор Прличев, која во 1994 год со сопствени средства ја подигна и ја подари на Охрид. Наградата беше доделена од страна на градоначалникот Александар Петрески.
Во рамките на дводневното чествување, на денешната...
Post Views: 35
ВМРО- Народна партија денес и официјално го промовира кандидатот за градоначалник со кој влегува во трката за градоначалничката фотелја на претстојните локални избори.
„Со д- р Томе Гиноски како кандидат се надеваме на сигурна победа“ , рече претседателот на општинскиот комитет, Ванчо Костоски и додаде: „ Станува збор за сериозен човек, чесен, признат во својата професија“.
Како што рече Гиноски во своето обраќање до јавноста, ќе се фокусира на две основни теми од градското живеење. Тоа се: подобар живот и социјална благосостојба на своите сограѓани.
Од ВМРО- НП велат...
Post Views: 2
Локалната со бројачи на брзина ќе ја зголемува безбедноста во сообраќајот
На пресекот од Булевар Туристичка и улицата Даме Груев, локалната самоуправа пред три месеци постави два бројачи за мерење брзина на едно од покритичните места во градот. Советникот за сообраќај, Зоран Шикалоски вели дека на овој начин ги предупредуваат возачите доколку ја пречекорат дозволената брзина да ја усогласат со максимално дозволената. Од оделнието за собраќај при локалната самоуправа кои го организираат сообраќајниот режим во градот планираат на Булевар Туристичка да постават бројачи ...
Post Views: 11
По повод вчерашниот ден за борба против ракот Сетската здравствена организација, предупредува дека малигните заболувања се закануваат да го преполоват населението во Европа.
Според податоците на Републичкиот завод за здравствена заштита, во последните десеттина години стапката на нови регистрирани случаи на заболени од рак во Македонија е зголемена. Генерална причина за појавата на ваквите заболувања не е констатирана, а симптомите најчесто се нејасни, затоа според лекарите најважна е примарната превенција.
Во Охрид исто така е забележан раст во регистрираните случаи....
Post Views: 2
Наградата Григор Прличев свечено му беше врачена на Петре Бакевски.
„Навистина се чувствувам горделиво дека сум поетски потомок на вториот Хомер, на човекот што високо го воздивна Македонскиот дух и среде Атина ги порази тогашните најголеми Грчки поети“, рече добитникот на наградата Григор Прличев.
Со изложба на ликовни дела од колекцијата на центарот за култура „Григор прличев“ денеска започна престижната културна манифестација „Прличеви беседи 2009“.
„Голема чест и признание е да се добие наградата Прличеви беседи. Ако постои врв во Македонската традиција во големиот...
Post Views: 1
Граѓаните не треба ефектите да ги очекуваат веднаш- порачуваат стручните лица.
Започна ревакцинацијата против заразни заушки во Охрид. Со неа се опфатени младите на возраст од 15 до 19 години, кои воопшто не биле вакцинирани или пак примиле само една вакцина. Акцијата се спроведува во Службата за вакцинација при Зравствен дом.
„Помеѓу првата и втората примена вакцина мора да помине период од еден месец“, велат стручните лица.
Ефектите од вакцинацијата не може да се очекуваат веднаш, вели д- р Коровешоска. Намалувањето на бројот на заразени како и компликациите кои...
Post Views: 5
Конечно локалната самоуправа ја пронајде својата стратегија за развој на руралниот туризам, велат стручните лица.Туристички промотивен филм и пропагандниот матријал и тоа како ќе им биде од полза на туристичките работници.
Секторот за локален економски развој конечно се разработи. Се истакнаа луѓето, кои од денес прикажаното, покажаа дека и во овој сектор имало кадар што си ја знае својата работа. Денес беа презентирани резултатите од 4 месечниот проект „Руралниот развој и развој на руралниот туризам во општините Охрид и Дебарца“. Проектот чини 20 000 евра, а е финансиран...
Post Views: 4
Љупчо Нечковски за само 12 часа, ги собра потребните 350 потписи, за кандидатура за престојните избори. Тој ќе ја предводи независната советничка листа.
Нечковски не сакаше да даде коментар за тоа што и невладиниот сектор како независни кандидати сакаат да бидат дел од советот на општина Охрид.
„Мене феноменот од 8 независни листи ме зачудува и можеби сме единствен град со олку независни листи. Доколку независниот сектор поднесол листата, со онаа намера за која е формиран, ја поздравувам таа одлука и очекувам и тие да добијат подршка од граѓаните“, рече Нечковски.
Тој...
Post Views: 5
„Го бараме тоа што беше наше“, велат на НП Галичица за земјиштето во Св. Наум со кое до скоро стопанисуваа.
Релевантните министерства почнаа позитивно да се изразуваат по основ на ова прашање. Последниот збор треба да го каже владата. Од МПЦ пак не сакаат ни да се праша за сопственоста на овој имот.
Н.П. Галичица се поблиску до земјиштето кај комплескот Св наум. Министерството за животна средина позитивно се изрази по барањето на установата за враќање на корисничкото право на земјиштето. Веќе три години Националниот парк се обидува да го врати корисничкото право на...
Post Views: 2
Во хотелот INEX ГОРИЦА, утре во осум часот ќе биде премиерата на претставата „Граница“ во режија на Софија Ристеска, со актери од охридскиот и битолскиот мал театар.
Со претставата „Граница“ во режија на Софија Ристеска, по подолг период во Охрид се врајќа театарот. Премиерата на оваа претстава ќе се одржи во претседателскиот апартман број 215 во хотелот INEX ГОРИЦА, засега пред само петнаесетина гледачи. Ова е уште една успешна соработка помеѓу охридскиот и битолскиот мал театар. Со ваквиот спој ќе се продуцираат проекти кои во иднина ќе донесат значаен придонес...