Post Views: 0
Елена Стојаноска е професор со завршен педагошки факултет. Таа веќе 5 и пол години чека вработување. Стојаноска за обуката која во моментов ја посетува вели секое знаење и диплома се добредојдени.
И Љупчо Тупанчески кој по 32 години работен стаж, останал без работа, се запишал на курсот по комјутери за да добие пошироко знање, но посебни очекувања по неговото завршување нема. Се запишал за да ги совлада комјутерските вештини, но пред се за лична сатисфакција.
Во групата која сега ги посетува часовите по обука за компјутери има над 20 невработени лица и се бара...
Post Views: 14
Охридскиот актив на жени – пензионерки зеде учество на традиционалната хуманитарна манифестација насловена како „Благцата на баба“, која традиционално се одржува во Велес.
На манифестацијата беа изложени традиционални јадења и се преставиле со 6 експонати карактеристични за охридксто поднебје ккао што се петулици и бакардан. Покрај 50 –тина активистки од Охрид и Дебрца учествуваа и 400 жени од републикава, вели претседателката на активот на жени, пензионерки Ружа Балеска.
Манифестацијата имаше продажен карактер , а собраните средства од хуманитарната акција...
Post Views: 1
Преку протест ќе ги бараат своите права. Ова е одлучено на состанокот одржан пред шест дена во Скопје.
„Унијата на Здруженија“ на граѓани со нерешен работен статус ги задолжува сите претседатели на градските ограноци, да го организиираат своето членство за протести пред собранието и пред владта на Р.М.
Според Иван Николоски, долгогодишниот транзиционен период и приватизацијата на државните предпријатија, доведуваат голем дел од работниците да останат на улица. Тој додава дека сега за сега се планирани мирни протести, но доколку Владата остане глува на нивните барања,...
Post Views: 11
Горно Лакочереј подолг период нема вода. „Вака не се живее“, се жалат жителите. Претседателот на Месната Заедница вели се работи за дефект на кој ќе се работи утре.
Жителите на селото Горно лакочереј намаат вода ни за лек. Веќе неколку дена мака мачат во извршувањето на секојдневните обврски. Приморани се дури и за миење садови да црпат вода од бунарите.
Граѓаните овие неколку дена очекувале дека некој од надлежните ќе го санира овој проблем и дека вода ќе добијат за скоро време. За овој проблем спас побарале од Проаква, но од таму им било кажано дека за решавање на...
Post Views: 3
Македонија и Албанија ја спасија кандидатурата на охридското езеро за ново светско чудо на природата.
Кандидатурата официјално е прифатена и нема пречки за негов пласман во следниот круг од светскиот избор.
По одбивањето на албанските државни институции да ја подржат кандидатурата за езерото, чиј еден дел се наоѓа на албанска територија, Македонската општина Пустец формираше комитет за подршка на Охридското езеро.
„Лично мислам, дека Охридското езеро не треба да го третираме како чудо. Треба да му дадеме сосема нови елементи. Оваа апликација е добра за економскиот...
Post Views: 10
Од неодамна тие го реновираа свјот клуб со помош на холандската фондација „Владобро“. Проектот вреден околу 2000 евра беше подржан од Владо и Катерина Велјаноски кои живеат и работат во оваа европска земја. Со помош на проектот, здружението на глуви и наглуви лица набави 4 комјутери, телевизор и двд плеер , поставија ламинат, ги претапацираа столиците, ги варосаа просториите и го поправија парното греење. Во уредување на просториите, доброволно беа работно ангажирани повеќе глуви лица меѓу кои работите ги надгледувал Илија Илиески. Осмислениот и убаво среден...
Post Views: 2
Изминатиов викенд, охриѓани беа зачудени од белината на водата за пиење од градската водоводна мрежа.
Граѓаните беа во недоумица дали водата е исправна за пиење и дали станува збор за присутност на голема количина на хлор. Директорот на МЈП Проаква, Бранко Трпчески смирува дека водата е исправна за пиење и дека не станува збор за прехлорираност. Белината на водата се должи на зголемениот проток на воздух што е резултат на надојдените извори со вода по обилните дождови и снегот кој се топи појаснува Трпчески.
Одговор за квалитот на водата побаравме и од подрачната...
Post Views: 2
Во продолжение го пренесуваме писмото доставено до редакцијата на ТелевизијА ТВМ од нашата сограѓанка Катерина Белеска, со наслов „Охрид град на старци или луѓе без иницијатива“
„Почитуван Градоначалник, Ве молам излезете на миг од своите“одаи” и прошетајте по општинската зграда, конкретно Ве молам присуствувајте без најава на едно стапување во граѓански брак.Што ке видите?Ќе видите една точно десетминутна монотона ,летаргична сесија,која модерно се нарекува “регистрација” без капка свечаност,оптимизам и емпатија од страна на матичарот и советникот,нажалост како да...
Post Views: 6
Во специјалната едиција на весникот ДНЕВНИК од Љубљана, неколку страници се посветени на нашиот град. „Сметаме дека ваквото претставување ќе приднесе за популаризација на Охрид како туристичка дестинација“, -велат од Локалната самоуправа.
Со овој артикал и земјите членки на Европската унија ќе читаат за убавините на Охрид. Во последното издание на весникот, на неколку страници има статија за Охрид и Македонија. Едицијата е посветена на земјите од Југоисточна Европа, а е испечатена во тираж од 105.000 примероци, од кои 75.000 на словенечки јазик, а 30.000 на германски...
Post Views: 0
Пред венчавка, во брачно советувалиште. Покрај државата, и црквата почувствува дека младите, пред да ги круниса пред Бога, треба да ги запознае со она што го носи брачниот живот. Во склоп на црквата, отворена канцеларија брачно советувалиште.
Оваа канцеларија – брачно советувалиште, од неодамна започна со работа во црквата Св. Ѓоргија. Идејата на црквата е социјалните работници да ги советуваат и подготват идните брачни парови за она што ги очекува во новонастанатата животна средина.Свештените лица почувствувале потреба од ваква канцеларија, вели Лазареска. Младите...
Post Views: 2
Стручните лица го потенцираат фактот дека, во спречување на заразните болести многу важна компонента има навиката за одржување хигиена на рацете.
Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска вели дека рацете, а особено прстите, се најчесто изложени на загадување. Во нечистотијата на рацете се наоѓаат и причините на многу заразни болести. Епидемиолозите укажуваат дека редовното миење на рацете со течен сапун и доволно количество на вода е првата и основна превенција од заразните болести.
Во моментов, Македонија ја тресе епидемија на заушки, а на удар се тинејџерите. Загрижува...
Post Views: 5
Производителите на пластични кеси се незадоволни од тоа како помина средбата со претставниците на министерството за животна средина. На вчера одржаната средба, освен производителите учествувале и претставници од надлежниот инспекторат, трговците и организацијата на потрошувачи. Владата повторно останала глува на нивното барање- да не се укинува употребата на пластични кеси. Ги теши тоа што сепак нема да дојде до најавената целосна забрана за нивна употреба.
„Не сме задоволни. Има согласност од министерството да не се оди на поригорозни мерки, туку да се остане на сегашните....