Post Views: 8
„Јас мислам дека ќе има трет изборен круг“, -рече кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Кирил Трендафилов Нанче.
Тој, на денешната прес-конференција, рече декa општинскиот комитет има сознанија за низа непревилности во изборниот процес во вториот изборен круг во Охрид. Од партијата уште напоменаа дека за сите забелешки ќе бидат поднесени приговори до Државната изборна комисија.
{loadposition content9}
Post Views: 6
Стручните лица се повеќе алармираат за голем број заболувања предизвикани од стресни ситуации. Специјалистот по социјална медицина, д-р Слободанка Коцевска состојбата со заболувањата во оптина Охрид и Дебрца ја следи повеќе од 20 години. Истакнува дека последните 10 години се посебно стресни за сите нас. Минатата година најмногу лекарска помош побарале лицата на возраст од 64 до 75 години , а веднаш зад нив се лицата на возраст од 45 до 54 години.
Почести посетители во медицинските установи била женската популација. Најчесто граѓаните страдаат од срцево –...
Post Views: 0
Охриѓани ги избраа, неофицијално старо-новиот градоначалник Александар Петрески, кој втор пат ја добива довербата на граѓаните и Ѓорге Иванов, новиот шеф на државата. Граѓаните со позитивен став за тоа како помина изборниот процес на петтите локални и четвртите претседателски избори.
Во анкетата што ја направи ТелевизијА ТВМ, поголемиот дел од граѓаните се изјаснија дека изборите поминале во фер и демократска атмосфера.
Од градоначалникот и претседателот на државата пак, граѓаните очекуваат Охрид и Македонија да ги направат подобро место за живеење.
На локалните и...
Post Views: 1
Според првичните неофицијлни резултати, градоначалникот Александар Петрески доби уште еден мандат.
„Им благодарам на сите што гласа за мене. Среќен сум што вчерашното гласање во Охрид помина европски“, рече на денешната прес конференција кандидатот од редовите на СДСМ и додаде „Ви ветив дека по изборите првото утринско кафе ќе го пијам со новинарите. Моето прво ветувањето си го исполнувам“.
Петрески изрази надеж дека и неговите политички противници ќе соберат храброст и ќе ги одржат нивните ветувања. Додаде дека синоќа од ВМРО ДПМНЕ потврдиле дека изборите биле фер...
Post Views: 2
Поголемиот дел охриѓани ретко се одлучуваат за семеен ручек во ресторант. Мислењата за таквата причина се поделени.
За едни тоа е плиткиот џеб, а за други менталитетот на луѓето.
Најчесто, граѓаните ручаат со своето семејство во угостителските објекти најчесто со повод и причина.
Мислењата за таквата причина се поделени. Додека за граѓаните причина е тенкиот семеен буџетза угостителите причината е во навиките. Познатиот охридски угостител, Љупчо Патчев од ресторантот Далга вели дека сепак причина за слабата посетеност на ресторантите е во менталитетот на охриѓани.
Патчев...
Post Views: 1
Дополнителното вакцинирање против Мали сипаници, заушки и рубеола, сеуште е во тек.
Заводот за здравстевена заштита располага со 1600 дози вакцини за Охрид, Струга и Дебар. Досега во општина Охрид регистрирани се 24 случаи на заболени од заушки.
Во заводот за здравствена заштита и денес се вршеше вакцинирање против МОРБИЛИ, ЗАУШКИ и РУБЕОЛА. Од заводот велат дека денешниот ден им е работен, за на студентите , кои за викенд си доаѓаат дома, да им се овозможи, да се вакцинираат.
Од 19 март од кога започна дополнителното вакцинирање во заводот за здравствена заштита вкупно...
Post Views: 1
За неважечки ливчиња ќе бидат прогласени заокружените со фломастер и хемиско пенкало во боја. Повеќе од двојно пријавени болни лица за гласање во вториот круг.
Во Охрид, за избор на градоначалник и претседател на државата гласаа затворениците и болните лица. Својот глас денес го дадоа 9- мина затвореници и 323 болни, информира претседателката на Општинската изборна комисија, Марика Анѓелеска.
На утрешното гласање ќе се применуваат и нови правила кои ги утврди Државната изборна комисија вели Анѓелеска. Покрај забраната да се снима гласачкиот процес со мобилен телефон,...
Post Views: 9
Овој пат таа ќе биде дополнета со уште два члена. Се очекува да започне со работа по завршувањето на локалните избори.
Во тек е комплетирањето на комисија која ќе ги разгледува поднесените предлози, забелешки и сугестии од граѓаните за нацрт Деталниот урбанистички план за 1 урбана заедница. Согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, досега во оваа комисија членуваа- по еден претставник од Секторот за урбанизам, од кај изработувачот на урбанистичкиот план и еден надворешен член.
Поради специфичноста на нацрт Деталниот урбанистички план за 1 урбана заедница,...
Post Views: 2
Тоа е човекот кој ветува економски просперитет, универзитетски центар и просперитет за младите охриѓани, потенцираа од СПМ.
Охрид е општина со која треба сите граѓани на оваа држава да се гордеат, а посебно ние охриѓани со нашето културно и историско богатство, но и нови потенцијални економски можности, потенцираа од општинската организација на СПМ.
За сето тоа да се случи мораме да избереме градоначалник кој знае како тоа да го направи, кој знае како да ги искористи сите постојни ресурси, кој знае како да направи место со кој сите ќе се гордееме.
„ Затоа сите да гласаме...
Post Views: 8
Најзначајната карактеристика во изборниот штаб на ДПМНЕ беше беше покажувањето на сила, рече Петрески.
Оваа изборна кампања се разликуваше од било која досега. За нашиот изборен штаб најкарактеристична беше посветеноста на јавноста да и се претстави во целост мојата изборна кампања, рече кандидатот за градоначалник, Александар Петрески. Колку и да бевме провоцирани и навредувани од ДПМНЕ со крајни напори се трудевме да се одржи едно нормално ниво на комуникација.Од друга страна, најзначајно за изборниот штаб на ДПМНЕ беше покажувањето на сила.
ДПМНЕ со сила се обиде...
Post Views: 6
Кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ, Кирил Трендафилов – Нанче денеска имаше завршно обраќање пред медиумите .
При тоа рече дека имал чесен пристап во кампањата и дека сега изборот е на граѓаните. „Зад мене застана интелектуалната сила на Охрид, младите во градот и затоа јас сум убеден дека со мојот избор за градоначалник, иднината на Охрид е чиста и светла“рече Нанче.
Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Јованчо Секулоски уште еднаш потсети на работата на Петрески и неговиот тим во текот на 4 годишниот манадат.
„Охрид не смее да си дозволи грдаоначалник...
Post Views: 3
Ерван Фуере на средбата со градоначалничките ривали Кирил Тренадафилов и Александар Петрески, покажа загриженост од извештајот на Одихр.
Специјалниот преставник на ЕУ истакна дека во него се наведени притисоците и заканите што се вршат врз граѓаните и уште еднаш потенцира дека гласањето е тајно. Фуере кажа дека ќе ја повика Владата да ги санкционира ваквите форми, несвојствени за демократските општества.
По завршувањето на средбата, и двајцата против кандидати за атрактивната градоначалничка функција, упатија благодарност до Фуере и дадоа кус осврт на средбата....