Post Views: 1
Екологистите од „Грашница“ имаат решение со кое владините акции „Засади ја својата иднина“, би биле многу поуспешни.
Тие контактирале со творецот на акцијата Борис Трајанов, кој е повеќе од расположен за соработка.
Еколошкото друштво Грашница, со полни раце работа. Овој пат нуди решение, со кое зафатеноста на дрвјата кои се садат со владината акција засади ја својата иднина би била многу поголема. Сртамота е на толку многу издвоени пари за нови садници, да отанеме со голи поврини, вели Ѓоко Зороски, од еколошко друштво Грашница.
Во светот многу пред нас ги виделе проблемите...
Post Views: 0
Проблеми од комуналната и урбанистичката свера тајно и јавно денес беа изнесени од страна на граѓаните пред градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.
Следејќи ја досегашната практика во работењето, градоначалникот и во новиот мандат продолжи со непосредните средби со граѓаните. Денес со почеток во 9 часот во големата сала на Општина Охрид, се одржи средба со граѓаните на која беа разгледани проблемите и барањата на охриѓани. На средбата присуствуваа сите раководители на општинската администрација и директорите на Јавните претпријатија. Дел од граѓаните добија одговори,...
Post Views: 1
По трет пат со парада го одбележаа завршувањето на средното образование.
Точно на пладне, 260 охридски матуранти, на градскиот плоштад, играа на музиката од Штраусовиот валцер Лилјакот. Истовремено, на истите звуци, играа и нивните врсници на плоштадите во повеќе од 70 европски градови. По трет пат годинава, охридските средношколци, со парада, го одбележаа завршувањето на средното образование. При тоа, заедно со околу 30. 000 нивни врсници во Европа, се обидоа да постават нов Гинисов рекорд.
„ Во рекордно краток рок, од три недели, матурантите под будното око на професорката...
Post Views: 1
Охриѓани и овојпат во огромен број ја покажаа својата хуманост и желба да се спажи нечиј живот.Свои активности денеска одржа и здружението за борба против хепатит.
„Наш свет, ваш потег“,е мотото на Хепенингот и крводарителска акција која денеска се одржа на платото помеѓу Амамот и спортската обложувалница Премиер. Одзивот на крводарителите уште од раните утрински часови поголем и од очекуваното.
„Со овој настан финишираат активностите на одбележувањето на неделата на црвениот крст“, вели претседателот на ОО на Црвениот крст.
Утре во Струга ќе се одржи донаторска конференција,...
Post Views: 7
Јован Секуловски е најмладиот меѓународен нуркачки инструктор. Тој во конкуренција од 9 кандидати од 5 земји, беше прогласен за најдобар.
Јован Секуловски од неодамна се здоби со сертификат најмладиот меѓународен нуркачки инструктор, по светски стандарди. Тој на меѓународниот курс, во Хрватска, во конкуренција на 9 кандидати од пет земји беше прогласен за најдобар.
„Не беше воопшто тешко, но сепак не очекував дека ќе бидам прогласен за најдобар“, вели Секуловски“.
Јован Секуловски сега завршува четврта година, и најавува дека образованието ќе го продожи на факултетот...
Post Views: 17
Кошаркарите и сопствениците на АМАК СП, денеска се сретнаа со градоначалникот.
Тој им подари 300 000 ден како награда за освојувањето на купот, посакувајки им уште многу награди во иднина. Овие успеси се многу важни не само за клубот , туку и за Охрид и за Македонија, рече Петрески.
„Со овој потег локалната пријатно не изненади. Навистина оваа награда е мотив плус да продолжиме по патот по кој сме тргнале“, рече сопственикот на клубот Венко Шапкар.
На средбата градоначалникот на кошаркарите, но и пред новинарите вети, дека локалната ќе направи се да заживеат сите спортови...
Post Views: 6
Деновиве започна извршувањето на планираните работоти за пробивање на улицата која директно ќе ги поврзува улиците „Партизанска“ и „Туристичка“ почнувајки од кракот кај старата Автобуска станица и ќе минува преку ул.„Даме Груев“.
Оваа улица е предвидена со своевремено донесениот Детален Урбанистички План за оваа урбана заедница два, но досега немаше реализација заради нерешени имотно-правни односи. Со залагање на градоначалникот Петрески, имотно-правните односи се решени за пробивање на проектираната улица во прва фаза. Тоа подразбира пробивање од „Димитар Влахов“ (каде...
Post Views: 1
Од годинава хотелските капацитети наместо по килограм, на ова јавно претпријатие за услугата ќе ми плаќаат по метар квадратен. Со ова нова одлука, ќе се избегне лошата навика на некои несовесни раководители на хотели, кои за да не плаќаат, сметот го палеа.
Се изготвуваат и каматните листи за периодот за кој постои долгот, велат од Комуналец. Од годинава ЈП воведува нов начин на наплата за услугата кревање и депонирање смет. Наместо по килограм, одсега Хотелите се задолжени да плаќаат по метар квадратен.
Од јавното претпријатие и од општинскиот инспекторат се надеваат...
Post Views: 2
Носењето на голем број значајни одлуки за доброто на Охрид ќе причекаат. Кога ќе заседаваат советниците и понатаму останува неизвесно. Актуелниот Претседавач на советот, Драган Пандески, се уште не закажал седница на совет.
За ТВМ Пандески, најави дека седница ќе има, но не откри кога. Ниту ги отфрли, ниту потврди информациите дека основна причина поради која седница се уште не е закажана, се пазарењата околу формирањето на мнозинство во советот. Неофицијално, Пандески чека да завршат преговорите помеѓу советничките групи, за да ја закаже наредната седница.
Имено,...
Post Views: 4
Македонските древни ковани пари- е насловот, а воедно и содржината на новата книга на Ангелина Маркус. Станува збор за уште едно дело на овој автор во кое се потврдува македонскиот идентитет. Тоа се кованите пари, пронајдени низ вековите во регионот на Македонија.
„Чувствувам дека ми е обврска фактот да го земам во раце и да и го покажам во јавноста“ , вели авторот Маркус која потенцира дека во нејзините книги се разоткрива се она што е вистинито за Македонија.
Професорката по филозофија, Ангелина Маркус, со своите книги постојано ја бранува македонската јавност.
Родена...
Post Views: 10
Од денес ова јавно претпријатие започнува проект 48 часа. Со овие активности, сметот ќе се отстранува по пријава на граѓани, во рок од 48 часа. Охридското јавно претријатие е единствено во регионов кое со овој начин на работа ќе работи по Европски стандарди.
Туристичкиот бисер на Македонија сеуште неможе да се пофали со завидно ниво на чистота. Уште многу треба да се работи на јавната хигиена во градов. Охрид е чист но секогаш може да биде и почист и поуреден, велат за ТВ М случајни минувачи.
Се работи за проект кој ќе функционира по пријава на граѓани на бројот 265...
Post Views: 6
Проговорија и за новините во оваа бранша. „Можам со сигурност да кажам, дека со опрема,екипа и со нуркачкиот центар сме подготвени во Охрид да нудиме и нуркачки туризам“, вели меѓународниот нуркачки инструктор Милутин Секуловски.
Нуркачи од цела Македонија викендов беа учесници на 8 миот семинар во организација на Скуба скулл интернешенл. Оваа нуркачка организација до минатата година обуките ги одржуваше во септември, а од годинава се одлучи средбите со нуркачите да ги прави во пролет, со цел нуркачите и нуркачките центри да можат во престојната туристичката сезона,...