muzejski rabotnici

Годишна средба на музејските и туристички работници

Post Views: 8 Испревртувајќи ги фактите за културното богатство со кое располага Охрид, му се предизвикува огромна штета не само на градот туку и на целата земја. „ Често пати туристички водичи, кои се без соодветно знаење, им пренесуваат погрешни информации на гостите“ , тврди Јорданка Матова,Историчар на уметност во охридскиот Завод и музеј- Охрид. Проблемот со туристичките водичи е само еден од низата прашања, за кои разговараа музејските и туристичките работници на традиционалната годишна средба. Темата на која годинава расправаа е: „ Музеите и туризмот“.На денешната, традиционална...

Continue reading

Кој ќе ги добие седумте советници?

Post Views: 1 Охридскиот совет, и по месец и половина од  конституирањето, се уште нема одржано прва седница. Од ВМРО ДПМНЕ најавуваат дека, доколку до крајот на неделата не се свика првата седница, тоа ќе го стори нивната советничка група. За оваа најава, Борче Стефаноски се повикува на законската можност – доколку една третина од советниците побараат седница истата мора да се одржи.  Неговото мислење не го дели новонаименуваниот советник на градоначалникот, задолжен за правни работи, администрација и координација, Владо Чингоски. Тој смета дека ваквата најава на советниците...

Continue reading

riba

„Комбах“ организација за заштита на автохтоните риби

Post Views: 11 Од конференцијата која деновиве се одржува во Охрид ќе произлезе основање на КОМБАХ организација, која во иднина ќе биде промотор за сите истражувања и понатамошна заштита на слатководните риби од овој регион.  Научните работници од Балканот и пошироко се сретнаа во Охрид. Над 70 учесници од 14 земји деновиве учествуваат на конференција за заштита на слатководни риби на Балканот. Замислата на оваа конференција е да се направи меѓународно тело кое понатака ќе се грижи на овие простори како промотор за заштита пред се на рибниот фонд, а понатака и негово истражување...

Continue reading

pozarnikari

Одбележан 20 мај- Денот на пожарникарството

Post Views: 3 Охридските пожарникари го одбележаа 20 мај- Денот на пожарникарството.  Преку вежби ги покажаа своите вештини при гаснење на пожар и спасување на повредени во сообраќајна несреќа. Притоа, беше користено и новото противопожарно возило и опремата- донирани од фондацијата „Флоријан“,  кои официјално денес и беа предадени на општината. Вработените во Противпожарната единица денес ги демонстрираа и вештините стекнати во текот на двонеделната обука спроведена од страна на англиски и француски инструктори- пожарникари. Градоначалникот Петрески, потенцира дека за  непречено...

Continue reading

zafati

Се работи на охридските улици

Post Views: 5 Се привршуваат градежните работи во централното градско подрачје. Се пробиваат, прошируваат и асфалтираат улици. Градежните зафати ќе се одвиваат се додека Советот на град Охрид не донесе одлука за стопирање на градежните работи во централното градско подрачје. Интензивно се работи на источнотранзитната обиколница од насока од Битола кон Св Наум. „Градежните работи на патот кој е долг 1200 метри се при крај“, вели Зоран Шикаловски од фондот за комунален развој. Деновиве започна извршувањето на планираните работи за пробивање на улицата која директно ќе ги поврзува...

Continue reading

logo

Делба на јавните претпријатија

Post Views: 2 „Комуналец“ ќе се дели, и тоа на четири претпријатија. „Тоа е наша законска обврска и ние мораме тоа да го направиме – за доброто на градов и за државава“, вели градоначалникот Петрески. Оваа делба ќе биде согласно делокругот на работењето на досегашните работни единици, и тоа: комунално, гробишта, пазар, како и паркови и зеленило. Овие промени се резултат на законските прописи, кои одамна се применети во Скопје и други градови низ Р.Македонија. „Јавниот сектор не можеме да го приватизираме, но се друго можеме“, вели градоначалникот Александар Петрески. Со оваа...

Continue reading

sirena

Граѓаните и понатаму трпат музички терор од кафулињата

Post Views: 0 Со почетокот на туристичката сезона и зголемувањето на бројот на гостите, се зголемуваат и проблемите на охриѓани. Овој проблем особено е изразен во стариот дел од градот. Голем број од нив со ноќи остануваат ненаспани поради преголемата бучавост од околните кафулиња и ресторани. Проблемот е поизразен во стариот дел од градот каде се сконцентрирани поголемиот број од нив. Граѓаните мака мачат и со силната музика од малите бродчиња. Од општинскиот инспекторат потврдуваат дека поголемиот број кафулиња не го почитуваат максимално дозволеното ниво на бучава. Во само една...

Continue reading

парцели

Проширување на гробиштата

Post Views: 7 Со овој зафат  Охрид ќе нема проблем за гробни парцели во тековнава година. Трајното  решение се очекува по пат на експропријацијата на остатокот од земјиштето. Од Охридски Комуналец велат дека со новиот пристап на работа, повеќе нема да има неуредени гробни парцели, и дека граѓаните повеќе нема да газат во кал. „Најпрво ќе се нивелира овој простор, ќе се израмни, а потоа ќе започнеме со уредување на тој дел.Просторот ќе се поплочи со бекатон плочки и хортикултурно ќе се уреди“, вели в.д. директорот на ЈП. Просторот кој сега се уредува, во прво време имаше друга намена....

Continue reading

Nikola Manevski

Дипломати и туристи ќе гледаат како се приготвува ѓомлезе

Post Views: 2 На странските посетители на Охрид, како нова туристичка содржина ќе им се понуди процесот на подготвка на далеку прочуениот специјалитет ѓомлезе, карактеристичен охридскиот крај. За учество на Манифестацијата „Ѓомлезијада“ и подготовка на овој гастрономски специјалитет досега се пријавени 10 –тина производители. Интерес да го следат подготувањето има од странски дипломати и туристи кои престојуваат во Охрид објаснува Ѓоко Апостолов од одделението на ЛЕР. „Ѓомлезијадата“ се организира од страна на Локалната самоуправа и  одделението за локален економски развој. Неопходните...

Continue reading

logo

Безбедна матура

Post Views: 2 Од таму до матурантите апелираат да ги почитуваат одредбите од законот за патен сообраќај и јавен ред и мир. Родителите се чувствуваат посмирено и задоволни се од акцијата на СВР. Секторот за внатрешни работи, превзема низа активности со кои матурантите безбедно би ја прославиле матурската вечер. Родителите по активностие кои ги спроведува МВР за безбедна матура, многу посигурни за своите деца. СВР во соработка со педагози, психолози, центарот за социјални работи, државниот пазарен инспекторат и советите  на родители од школските центри низ заеднички активности ги дефинираа...

Continue reading

statua

Охридскиот завод и музеј го одбележа Меѓународниот ден на музеите

Post Views: 4 Со низа проекти и реализирани активности Завод и музеј го одбележа меѓународниот ден на Музеите. Во изминатиот период се направени или во тек се конзервации и санации на црквите Св. Никола во Косел и 40-те Маченици, санација на кровот на џамијата Хаџи Хамза, се зајакнува статиката на куќата на Уранија, се препокри кровот на куќата на Робевци, се санира Управната зграда ова се само дел од реализираните проекти  со кои Националната установа Завод и музеј го одбележува Светскиот ден на музеите. „Покрај  овие проекти, Институцијата ги издвојува и активностите околу доизгрдбата...

Continue reading

balerina

Мали балерини- големи надежи за успех

Post Views: 10 Во професионалното балетско студио на професорката Ана савиќ, најмладите охриѓанчиња учат како да станат дел од оваа уметност. Со прекрасните звуци на Лебедовото езеро од Чајковски не пречекаа младите балерини од Професионалното студио на професорката Ана Савиќ. Понесени од љубовта кон оваа уметност тие редовно ги посетуваат часовите по балет и ги следат инструкциите на својата професорка. Ги има на различни возрасти. Најмладите членови имаат три години. Часовите во ова балетско студио, веќе година дена, се одржуваат во просториите на детската градинка Развигорче....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top