Post Views: 1
Сепак граѓаните и понатака се жалат на изгубено време и потрошени нерви во одделенито за катастар.
Директорот на државниот завод за геодетски работи, Љупчо Ѓорѓиески е задоволен од промените во одделението за катастар. Тој признава дека во изминативе две години на средбите со граѓаните имало голем број нерешени работи.
Мислењето на директорот Ѓорѓиески не го делат граѓаните кои имаат несредени работи во одделението за катастар.
Директорот на државниот завод за геодетски работи Љупчо Ѓорѓиески изјави дека во катастарот има поедини случаи кои не се решени, но од катастарот...
Post Views: 61
Со пригодна свеченост на Плаошник се одбележа завршувањето на високото образование на 150 млади луѓе од Охрид и земјава. Дипломите им беа доделени во присуство на нивни роднини и пријатели.
Деканот на Факултетот за туризам и угостителство, Софронија Миладиноски, потенцира дека е задоволен од бројот на дипломирани студенти, кој од година во година бележи пораст. Некогаш тоа беа само 15% од вкупно запишаните студенти, вели Миладиноски, сега годишно дипломираат од 75- 80%.
Согласно тоа, најголем интерес за упис идните студенти покажуваат за насоките: осигурување, гастрономија,...
Post Views: 3
Под мотото „За посреќно детство“ Црвениот крст од Охрид организира хуманитарна спортско-рекреативна акција за децата од социјално загрозените семејства во Охрид и Дебрца.
Само со донација од 30 денари секој граѓанин може да усреќи некое дете.
Во сабота ќе се одржи третата хуманитарна спортско-рекреативна акција во која ќе се прибираат средства од спонзори и донатори. Младите пак можат да земат учество во различни спортско-рекреативни содржини купувајќи учеснички број кој чини 30 ден.
Секој кој ќе купи учеснички број за акцијата ќе може да се натпреварува во повеќе...
Post Views: 5
Турска компанија за производство на леплива амбалажа е заинтересирана да отвори фабрика во Охрид или Битола. По добиено зелено светло од владата, се вршат преговори и со претставници од банките во Македонија. Станува збор за инвестиција вредна 3 до 4 милиони евра, која би броела над 50 вработени.
Ова е само една од стотината турски компании чии претставници учествуваат на Македонско- турскиот бизнис форум кој започна денес во Охрид.
На отворањето, Премиерот Груески потенцира дека соработка помеѓу двете земји години наназад бележи раст и е присутна во различни сегменти...
Post Views: 1
Во Охрид нема ниту еден случај во кој судија и адвокат се во роднински врски, велат од охридското Здружение на адвокати.
Да ја добиеме оваа информација бевме испровоцирани од неодамнешната изјавата на министерот за правда, Михајло Маневски. Имено, тој потенцираше дека не може адвокат да оди на судење кај судија негов брачен другар или близок роднина. „Власта ќе направи обид преку законска регулатива да го намали непотизмот во судството. На одреден начин ќе се спречи да дојде до однесувања кои што се надвор од рамките на законот“, изјави министерот Маневски.
Адвокатите...
Post Views: 6
Охрид домаќин на Втората регионална конференција за катастар и земјишна администрација.
„До крајот на оваа година речиси целата територија на Република Македонија ќе биде катастарски евиндентирана, а веќе активно се работи на процесот на дигитално поврзување на сите катастри така што граѓаните преку Интернет ќе можат да ги видат своите имотни листи“, рече Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, во поздравното обраќање на втората регионална конференција за катастар и земјишна администрација чиј домаќин е Охрид.
„Работата на катастарот е еден од клучните фактори...
Post Views: 2
За нив е неисплатливо да се нудат поевтини услуги и производи иако тоа од нив го побарал првиот човек на Охрид. Иако, градоначалникот Петрески укажал на потребата од намалување на цените за да има поголема посетеност на гостите, за угостителите тоа не е исплатливо.
„Еснафот на угостителите има свои причини зошто во престојната туристичка сезона нема да ги намалат цените на угостителските производи“ вели познатиот охридски угостител Љупчо Патчев од ресторанот „Далга“.
„Сезоната е кратка и ние мора да заработиме, ако идат гости преку целата година ние би ја намалиле...
Post Views: 11
Бројни гости го исполнаа просторот околу реновираниот Центар за култура во селото Велестово. Некои пеш, некои со автомобил, уште рано изутрина, се упатија кон местото од кое се протега најубавиот поглед на охридската ривиера. Сите со единствена цел- да присуствуваат на првата Ѓомлезијада.
Дваесеттина производители на ѓомлезе на лице- место ја покажуваа својата вештина во правењето на овој стар специјалитет. Објаснуваат дека за да се направи ѓомлезе потребни се само: брашно, сол, вода и масло. Слободанка Пешликоска, една од производителите, потенцира дека мајсторијата...
Post Views: 11
Негувањето на влашкиот мелос и формирањето на влашка фолклорна група е голема желба на Дона Лабро, најдобриот познавач и кореограф на влашката музика и игра.
Подршка во остварување на оваа намера имаат од Здружението на Власи „Луњина“. Целта им е заживување на поранешното играорно друштво. По преземените активности се пријавиле 15 – тина деца, кои за жал не продолжиле поактивно да ги изучуваат влашките игри и песни вели Лабро, иако им биле понудени просторни можности.
Инаку кореаграфот Дона Лабро се присетува на ентузијазмот и љубовта со која членовите настапувале...
Post Views: 0
Охриѓани пријавуваат загадувачи на сериозни еколошки нарушувања од несовесни сограѓани, до државниот регионален инспектор вели Игор Трајкоски.
Разни отпадоци се фрлаат во езерските води или на заштитени подрачја кажува Трајкоски. Тој апелира до граѓаните да бидат посовесни каде фрлаат отпадоци. Дарко Блинков, државниот инспектор од министерството за животна средина и просторно планирање, укажува дека се зајакнува еколошката свест кај фирмите и приватните лица од загадување на животната средина. Сепак и понатака остануваат проблеми за решавање како што се загадувачите...
Post Views: 0
Немаат доволно финасиски средства , поголемиот број од државите во регионот за изградба на Коридорот 8, кој е исклучително важен за економски развој. Ова беше потенцирано на Деветтиот конгрес на меѓународни шпедитери и логистички оператори од Југоисточна Европа што се одржува во Охрид, под мотото „Коридор 8 – реалност или утопија“. Стевица Чарапиќ, претседател на групацијата на шпедитери при Стопанската комора на Македонија, истакна дека Македонската влада во буџетот има издвоено многу мал износ средства за изградба на транспортната инфраструктура. Чарапиќ...
Post Views: 1
Директорот на Државниот иснпекторат за градежништво и урбанизам денес оствари средба со охриѓани. Му беа предочени бројни нерешени проблеми од областа на урбанизмот и градежништвото, за кои години наназад не се изнашло соодветно решение.
Целта на ваквата средба е да се увиди кои биле пречките поради кои на граѓаните им било оневозможено да ги остварат своите права.Средбите од овој тип, Државниот инспекторат за урбанизам и градежништво ги одржува еднаш неделно во различни градови низ Македонија. Минатата недела можност отворено да разговараат за своите проблеми од областа...