Post Views: 7
„Транспарентна и одговорна полиција“, тема на Регионална конференција, организзирана од МВР и Одделот за развој на полицијата при мисијата на ОБСЕ во земјава.
На денешната средба требаше беа поканети градоначалниците на општините што ги покрива секторот за внатрешни работи од охрид, но само мал дел од нив присуствуваа на истата.Присутните на средбата разговараа и за полициското работење и делување, на регионот што го покрива секторот за внатрешни работи од Охрид, како и за Оргнизацијата на полициското делување во остварување на безбедносната функција, суштинската и...
Post Views: 23
Лајонс клубот Десарети Охрид има постојано програма за подршка на Центарот за дијабет и во борбата против шеќерната болест.
Денес членовите на клубот му подарија на центарот телевизор и дивиди плеер за болните од оваа болест да се информираат како да се борат од несаканите последици од ова заболување. Регулираниот дијабет не е проблем туку само нерегулираниот кој доведува до непоправливи проблеми по здравјето на пациентите велат лекарите. Со следење на специјална презентација, пациентите додека чекаат преглед ќе се информираат за правилна примена на инсулинот....
Post Views: 9
Генерален проблем е недостигот на стратегија. Манастирскиот комплекс може да носи пари а тоа да не е на сметка на уништување на светото.
Најсветото место за сите Македонци, манастирскиот комплекс Св Наум оставен на милост и немилост. Гости од Хрватска, Србија, Полска денеска престојуваа во Св Наум. Тие пред нашата камера со нескриени страсти зборуваа за прекрасната местоположба на комплексот. Но, во нивните изјави не изостана и безрезервното чувство, дека преовладува недопрената природна убавина, што го нуди ова монденско место.
Манастирскиот комплекс Св Наум го нема...
Post Views: 1
Екипа од оо на Црвениот крст на 20 овој месец ќе учествува на државен натревар по пружање прва помош.
„Очекуваме добри резултати,но пред се желба ни е натпреварувачите да се стекнат со што повеќе техники и вештини“, вели претседателот на ОО Сашо Точков.
„Многу ме привлекува идејата да им помагам на луѓето. Нашата хуманост мора да ја покажуваме, затоа што никогаш не знаеме во каква ситуација можеме да се најдеме“, вели Кристина Шалковска, активист на црвен крст и претставник на екипата на Гимназија која победе на општинскиот натпревар.
ОО на Црвен крст многу посветува...
Post Views: 6
Оваа оценка е на регионално ниво, што зборува дека Македонските безбедносни сили може да се вклопат во светските рамки.
Охрид е домаќин на петдневниот годишен состанок на меѓународниот симпозиум на претставниците на извршно ниво на полиција. Средбата се одржува со Високи полициски претставници од сите континенти во светот. Учесниците се дел од 16 тата годишна ИПЕС конференција која е посветена на развојот на полициското работење.
Директорот на Бирото за јавната безбедност, Љупчо Тодоровски изјави дека овие состаноци, имаат за цел подобрување на работата и соработката...
Post Views: 8
Македонија преку Охрид добива високи награди. Уште една потврда за тоа е златниот медал на нашиот сограѓанин Никола Наумоски во сверата на гастрономијата.
Прочуената Охридска торта постигна врвен резултат во Сараево. Имено годинава на Балканските гастро натпревари што се одржаа во рамките на Саемот за туризам во БиХ македонските гастро презентери се покажаа на високо ниво. Македонците понесоа повеќе медалји од Сараево за што на пригодна свеченост од страна на угостители од ХОТАМ им беа врачени награди. На свеченоста говореше Председателот на ХОТАМ, Дончо Танески кој...
Post Views: 7
Средствата за изградба на домот се обезбедени преку донација од Швајцарија, вели градоначалникот Александар Петрески.
Оваа категорија на граѓани, задоволни што конечно некој се сети на нивните потреби.Здружението на пензионери на Охрид и Дебарца години наназад покренуваат иницијатива, преку која бараат да се изгради дом за пензионери и стари лица. Бараме изградба на ваков објект, не само за нашите сегашни потреби, туку и за генерациите кои доаѓаат, вели претседателот на извршниот одбор на здружението за пензионери.
„Писма со барање за изградба на дом, сме испратиле и...
Post Views: 2
Локалната тврди дека за оваа намена има обезбедено пари, но само за својот терен.
Над Охрид летаат сини и портокалови комарци. Пролетва и тие се обоија во доминантните партиски бои. Се понеизвесно дали годинава ќе се изврши дезинсекција и дератизација. Додека недлажните се караат ,граѓаните се жалат.
Пари за дезинсекција и дератизација локланата самоуправа има обезбедено. Годинава планираме авионско прскање,но општинскиот завод за здравстевена заштита неможе да го направи тоа, тврди градоначалникот Александар Петрески.
„Преговараме но со голем дел од површината располага...
Post Views: 14
Странските гости ги откажуваат резервациите за сместување во стариот дел од градот. Прегласната музика од околните кафулиња, спиењето во овој дел од градот го прави невозможно, велат тие. Никаде во светот нема толку гласна музика онаму каде престојуваат гостите. За жал, на овој начин се уништува романтиката која некогаш беше белег на Охрид, потенцира брачен пар од Германија, кој години наназад престојува во една од куќите на самиот брег од езерото.
Со ваквите изјави во целост се согласува нивниот домаќин, Павел Филев.
„Никој не е против тивката музика од рестораните,...
Post Views: 1
„Се надевам дека во работата на советот секогаш ќе победува силата на аргументите, а не политичката опција“, рече Јаковчески. Тој во наредните четири години ќе раководи со советот на општина Охрид. Вака одлучија Охридските избраници, на продолжението од втората седница. „Многу сум задоволен, но чувствувам и огромна одговорност, за извршувањето на оваа функција, рече Јаковчески.
Но пред гласањето на советниците, претходеше очекувана расправа помеѓу челновите од ВМРО ДПМНЕ И СДСМ. „Мнозинството е направено од микс на крајно леви и крајно десни партии. Мислам дека ова...
Post Views: 5
Пациентите мора максимално да бидат запознаени со сите права и услуги кои ги нудат здравствените организации како би се одбегнале секојдневните недоразбирања.Граѓаните многу тешко доаѓаат до информации за тоа што се случува во здравството.Болниците се институции кај кои задолжително се налага потреба од јавна комуникација, на одговорно лице за потребите од информативен карактер. Корисниците на здравствените услуги се на став дека треба да има одговорен човек на чија адреса ќе одат сите барања и истите ќе бидат доследно презентирани во јавноста. Повеќето од нив имаат...
Post Views: 19
Охриѓани има каде да се засолнат доколку дојде до тоа. За 60 насто од Охриѓаните има засолништа.
„Од дирекцијата за заштита и спасување побаравме да ни достават број на потребни засолништа, за да ги ставиме во програмата на урбанизација“, велат од секторот за урбанизам.
Граѓаните не ја знаат локацијата на засолништата а не ја знаат ни нивтата намена во мирно време.
Во деведесеттите со закон беше регулирано, секој поголем стамбен објект или колективно становање, да има и скривница, доколку во непосредна близина не постои таков објект.По тој закон, беа изградени доста...