Post Views: 3
„Концесинерите не се придржуваат на законот за јавна хигиена и комунален отпад“, обвинува директорот на ЈП охридски комуналец.
Тој додава дека ова претпријатие ќе го подигнува сметот, само доколку концесионрите склучат договори со нив, за подигнување, транспорт и депонирање на комуналниот отпад.
Влезовите од Охридските плажи, кои што се дадени под концесија затупани со смет. На оваа непријатна глетка реагираат сите, но на погрешно место.
„Годинава никој од концесионерите на плажите иако се почнати со работа немаат побарано услуга подигнување, транспорт и депонирање...
Post Views: 9
Летната шема започна. Кубанците воодушевени од Охрид, синоќа заедно играа со охриѓани во ритамот на латино американскиот танц.
Ноќниот живот е составен дел на менито забава, за време на одмор. Летната шема во Охрид веќе настапи, а убавите моменти се паметат. Синоќа иако неделен ден, на атрактивната плажа Куба Либре, се собраа на едно место повеќе генерации да уживаат во инструментите од традиционалната кубанска музика. Еден од менаџерите на плажата Куба Либре Никола Дуданов, рече дека синоќешната забава, е репер кој ветува добра сезона.
Причина што групата Кубалканика...
Post Views: 0
Охрид домаќин на Регионалната конференција на Транспаренси интернешнал за Европа и Југоисточна Европа.
До крајот на 2008 година, беа донесени 27 судски пресуди за случаи на корупција на високо ниво, рече премиерот Груевски, на отворањето на конференцијата.
„Со ова беа санкционирани повеќе од 100 лица, за злоупотреба на службената положба и овластување“, додаде премиерот.
Владата на Македонија има донесено стратешки план за борба против корупцијата за периодот од 2007 до 2011 година.Тоа е стратешки документ во кој се опфатени конкретни мерки и активности на надлежните...
Post Views: 1
Здружението на пензионери и локалните самоуправи од Охрид и Дебарца, потпишаа спогодба за соработка.
Градоначалниците на Охрид и Дебарца,Александар Петрески и Љупчо Кујчиноски и претседателот на здружението на пензионери,Ѓорѓи Трпчески, потпишаа спогодба за соработка. Во неа општините се обврзаа на постарата категорија да им ги подобат севкупните услови за живеење, а тие пак, на подмладокот треба да му ги пренесат своите позитивни искуства од животот.
„Еден од најзначајните проекти кој е зацртан во програмата на градоначалникот на Охрид е изградба на дом за стари лица“,...
Post Views: 2
Во нов амбиент и на невообичан начин во Билјанини Извори, утре децата од школата за фолклор и првиот состав на КУД Отекс, ќе покажат дел од своите знаења. Хепенингот е продолжување на активностите по повод 25 годишнината од ова Културно уметничко друштво.
Утревечер на билјанините извори, во потполно нов амбиент ќе се одржи фолклорен хепенинг. Ќе Учествуваат децата од шлолата за фолклор, првиот соств на КУД Отекс, но и неколку домшни пејачи.
„Утрешниот настан нама да биде класичен концерт, туку едно дружење“, вели раководителот на КУД Отекс.
Сега, засега, сеуште има...
Post Views: 2
130 пензинери од југозападниот регион на Македонија денска учествуваат на 14 регионални спортски натпревари.
Пензионерите од Охрид, Струга, Кичево,Македонски брод и Лабуншта се натпреваруваа во 11 дисциплини. Со задоволство ги очекуваме овие игри, поради дружењето со наши врсници, од овој регион, велат учесниците на средбата.
130 пензинери како спортисти и над 200 гости, денеска во Охрид се дел од 14 тите регинални спортски пензионерски игри.Целта на средбата на прв поглед се покажување добри резултати по екипи, но суштината на игрите е средба и дружење на врсниците...
Post Views: 12
Туристите ги разликуваат автентичните производи и сувенири со македонски мотив изработени во Кина.
Странските туристи при посетата на Охрид бараат дома да понесат автентичен, македонски производ велат продавачите на сувенири. Во последните години недостигот од сувенири е надминат и може да се купат најразлични производи, а туристите во зависност од длабочината на џебот можат да купат од ефтини до скапи сувенири.
Иако Охрид ги има филигранот и бисерот како автентични и препознатливи производи за ова поднебје, сепак се чини дека тоа не е доволно вели продавачот на сувенири...
Post Views: 18
Станарите од зградата на улица Мирче Ацев број 33, влез 2 се едни од ретките кои се грижат за одржување на влезот и дворната површина.
Од 20 станари ,16 редовно ги подмируваат 150-те денари кои се собираат месечно за одржување на влезот. Жителите од овој влез се и ретките каде што функционира куќниот совет и каде што се почитува постојниот Закон за домување вели благајникот Миле Цветкоски. Според Законот за домување, секоја станбена зграда во која има повеќе од двајца станари мора да формира Куќен совет. Многу од станарите во зградите не го почитуваат законот иако...
Post Views: 1
Председателот Ѓорѓе Иванов во Охрид. По шести пат пред Светиклиментовиот храм на Плаошник, најдобрите дипломци од државава добија инженерски прстен, како заслуга за највисоко постигнат успех во високото образование.
Денеска во Охрид традиционално Председателот на Р Македонија Ѓорѓе Иванов, на 10 те најдобри дипломци на високите образовни институции, им ја врачи наградата. Председателот Иванов ја нагласи големата улога на високото образование. Тој рече дека сака да предводи земја во која ќе има успешни луѓе, земја која се соочува со сите предизвици, а идните инженери...
Post Views: 1
Ана Корженска, ученичка во 2 година во СОУ „Св Климент Охридски“, е една од 54-те наградени ученици за освоени места на републички и меѓународни натпревари.
Таа е меѓу прваците од различни области, и ја освои 1-та награда на репуличкиот натпревар по Македонски јазик. Корженска вели многу се подготвувавме со професорката Марија Мујоска, наградата ја очекувавме и горди сме што во најубаво светло го претставивме градот и нашата гимназија.
Професорите и раководниот кадар се горди на успехот што го постигнаа нивните ученици под нивно менторство. Меѓу основните, средни...
Post Views: 4
Владата бара да е во Чекоштина. Локалната самоуправа пак- во просториите на некогашната касарна. Домот на АРМ ќе служи како привремено решение.
Централната и локалната власт и во овој случај не можат да се спогодат. Според Владата, идеално место за оваа цел е месноста Чекоштина. Локалната самоуправа пак, ги предлага зградите на некогашната касарна од која војската во 2006 беше иселена.
Како што во неколку наврати до сега потенцира Министерот за информатичко општество, Иво Ивановски, Универитетот за информатички технологии, ќе значи многу за младите генерации од регионот,...
Post Views: 13
Од нарушување на тироидната функција страдаат голем број охриѓани. Испитувањето на оваа мала, но доста важна ендокрина жлезда по здравјето на луѓето засега не се прави во Охридската Јавна здравствена установа „Општа болница“.
Околу 6000 пациенти од Охрид имаат проблем со оваа штитната жлезда, а мора да се лекуваат во Клиничките центри надвор од Охрид. Сега Охриѓани кои имаат проблем со работата на оваа жлезда ќе може да здивнат. Ќе се реши проблемот со чекање и патување во клиничките центри во Скопје или Битола најавуваат од Охридската Јавна здравствена установа...