Мирна и безбедна сезона во Охрид

Post Views: 2 Законските регулативи за почитување на работното време на локалите, ноќните клубови и барови како и присуството на малолетни лица и нивно алкохолизирање тема на состанокот на кој беа присутни стручни лица од областа на полицијата, инспекциските служби и секторот за екологија. Мирна и безбедна сезона во Охрид. Ова го ветуваат вработените во Свр Охрид, но и сопствениците на ноќни локали, барови, кафулиња и дискотеки. Тони Филипов Виш инспектор при СВР Охрид на денешниот состанок со споменатите субјекти најави организирано започнување на летната сезона.Еден од клучните...

Continue reading

Fuere i Petreski

Отворање на општински центри за услуги

Post Views: 0 Со овие т.н предни канцеларии Охрид и Струга се вброја во редот на ретките градови чии локални власти на современ начин комуницираат во секојдневното решавање на предметите и барањата на граѓаните. Во Охрид и Струга, од денеска официјално започнаа со работа општинските центри за услуги. Почетокот на работата на сервисниот центар го означија градоначалниците на Охрид и Струга, Александар Петрески и Рамиз Мерко и евроамбасадорот Ерван Фуере.„Новиот општински центар за услуги е од големо значење за Охриѓани, а особено за граѓаните од околните населени места, кои ќе можат...

Continue reading

Filip Liore

Премиера на филмот „Добредојде“

Post Views: 1 Фестивалот на Францускиот филм во Охрид ја донесе и првата проекција на годинешниот репертоар. Со симболичниот наслов „Добредојде“,  режисерот Филип Лиоре длабоко ја трогна филмската публика.   „Добредојде“ е прекрасен филм која има пораки за две љубовни приказни, едната  во замирање, а другата во зачеток која за жала нема да се круниса како што се очекува  и  третата која говори за емигрантите во Франција вели филмскиот критичар Ѓоко Симјаноски. „Филмот го опишува животот на емигрантите во Франција и како земјата се справува со овој проблем. Филмот ги отвара прашањата...

Continue reading

filigran

Билјанините извори заживееја

Post Views: 16 Големата прашина што се крена околу спектакуларното отварање на манифестацијата „Лето 2009“, во сенка ја фрли организацијата. Се што беше однапред поставено беше во потполн сјај, но останатото баш кога треба да се покажат на дело, ги збуни организаторите. Билјанините извори место каде се одржа „Лето 2009“. Конечно заживеа овој локалитет  кој сам по себе содржи голем туристички потенцијал.  Во овој амбиент беа претставени Охрид, Струга и Дебрца како и нивните традиционални вредности. Првиот човек на градот, Александар Петрески на отварањето изјави дека сезоната е почната,...

Continue reading

logo

Пожари сеуште нема!

Post Views: 24 „Опасноста од нив во најголема мера зависи од временските прилики, но ние во секој момент сме подготвени“, велат од Против Пожарната Единица на Охрид. Од НП Галичица пак ќе ја применат минатогодишната проектна студија кој се покажала како добра превентива.Таа содржи инструкции и заклучоци на одговорните лица за пожари од паркот кои ќе бидат наменети за председателите на месните заедници. Најсовесни заштитници на паркот се неговите жители, вели директорот на НП Галичица Зоран Ангеловски. Тој додава дека и годинава очекува максимална соработка и подршка од месното население...

Continue reading

znak

Стартува летниот режим на сообраќај

Post Views: 0 Граѓаните признаваат дека летниот режим на сообраќај иако не им е во полза на сите, сепак придонесува за растеретување на сообраќајот во стариот дел на Охрид. Од среда 01 јули стапува на сила Одлуката  за изменување на одлуката за организирање на режимот на сообраќај во општина Охрид, која советниците ја изгласаа на последната седница на совет. Со промената на сообраќајниот режим, на улиците Илинденска, Коста Абраш и Цар Самоил се забранува  секаков моторен сообраќај од 20,00 до 05,00 часот. Сматаме дека со промената на сообраќајниот режим во голема мера ќе се ублажи...

Continue reading

otvoranje

Второ изданиe на фестивалот на францускиот филм во Охрид

Post Views: 0 Започна второто издание на Фестивалот на Францускиот  филм  во Охрид со проекцијата на филмот „Добредојде“ на режисерот Филип Лиоре. Пред голем број почитувачи на филмската уметност и гости од Франција фестивалот за отворен го прогласи министерот за култура Елизабета Канческа Милеска. Таа меѓу другото напомена дека овој фестивал е продлабочување на врската помеѓу македонската и француската филмска кинематографија, размена на идеи и искуства, како и запознавање со културите и разноликостите помеѓу двете земји. Францускиот амбасадор во земјава, Бернар Валеро смета дека...

Continue reading

sat

„Нико Нестор“ и од септември со исти проблеми

Post Views: 2 Средните училишта Нико Нестор и Ибраим Темо, многу веројатно и од септември ќе се соочат со старите проблеми. Министертвото за образование излез гледа во изградбата на новите училишта за кои веќе имаше распишано тендер. Но градежни зафати сеуште нема поради натегањето помеѓу централната и локалната власт. Ќе се решат ли проблемите во средните училишта Нико Нестор и Ибраим Темо?  Многу веројатно дека и покрај желбата и на локаланата и на централата власт, за надминување на проблемите во овие училишта, учениците и годинава ќе ја поминат на стара локлација и со исти проблеми....

Continue reading

kajce

Охриѓани го сакаат албанското море

Post Views: 9 На самиот старт од  сезоната на летните одмори голем број охриѓани, во зависност од стандардот и желбите ќе заминат на летување или пак ќе останат дома. Од туристичките агенции се задоволни од досега продадените летни аранжмани за Грција и Турција. Охриѓани  посебен интерес пројавиле за летување на Јонското море во Валона, соседна Албанија вели Елида Битрак од ТА „Елида Турс“. Додава дека оваа дестинација е барана пред се заради близината, добрите плажи, се подобрата услуга и пристапните цени. Годинава изостана интерсот на Охриѓани за летување во Црна Гора заради високите...

Continue reading

stan

Побарувачка за купување станови има, но нема понуди

Post Views: 3 Во моментов во Охрид најбарани се викенд становите со големина од 30 до 45 метри квадратни и тоа во Централното градско подрачје, Билјанини извори, Расадник и Болничкиот комплекс. Во зависност од местоположбата на становите цените се движат од 600 до 1500 евра по метар квадратен вели Никола Иванчиќ од агенцијата за недвижности „Ваш-Наш Дом“. Побарувачката за купување станови во Охрид има, но нема понуда и цените се на исто ниво како и лани  кажува Иванчиќ.  „Растот или падот на цените е во зависност со понудата и побарувачката, а некој драстичен пад на цените нема,...

Continue reading

znaminja

Конференција за справување со отпад

Post Views: 1 Се отвора процесот за донаторска конференција за помош на спроведување на законот за рециклирање на пластика  во Општина Охрид. Начинот на воспоставување на законот за регулирање на работа ќе оди во две фази и по бугарски терк. „Целта е да го отвориме процесот, да биде транспарентен, да биде јавен и на крај да биде онаков каков најмногу ќе им одговара на граѓаните“, вели Тоска „Големи амбасади во Реп. Македонија располагаат со средства кои можат да се искористат во процесот за заштита на животната средина. Истите се движат од две или три илјади  до десет илјади евра...

Continue reading

tablo

Во средното угостителско училиште има слободни места

Post Views: 2 Во ОУТУ Ванчо Питошески сеуште има места за најатрактивните струки: келнер, готвач и хотелско угостителски техничар. Овие три профили во образованието се мошне важни и очекуваме голем интерес во вториот уписен рок, вели директорот на угостителско. Матурантите на генерација 2008-2009год, велат дека ја постигна целта на својата определба. Повеќето од нив дадоа  добри препораки за ова средно училиште. Професорите велат дека се повеќе средношколците одбираат своето образование да го продолжат во стручните школи. Повеќето од учениците наменски го завршуваат средното образование...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top