pivo

Сакаме пиво!

Post Views: 2 Во овие топли, летни денови граѓаните најдобро се освежуваат со пивото, па реагираат на Законот за трговија кој ги ограничува да го купуваат овој пијалок  по 19 часот навечер. Некои сметаат дека пивото не е тежок алкохолен пијалок и не слушнале дека некаде во светот се ограничува неговата продажба освен на малолетни лица. Бараат  можност  да го купат во продавниците барем до 21 часот. Иако има гласини дека наскоро во собраниска процедура ќе се најдат  предлог измени на овој закон , пазарните инспектори порачуваат почитување на одредбите кои се сега на сила. Ѓорѓи Бошалески, ...

Continue reading

лоби

Охридските хотели со по една галаксија ѕвезди

Post Views: 2 Три охридски хотели добија мандатни казни од по 800 евра. Ова е резултатот од контролата на Пазарниот инспекторат. Началникот ги демантира гласините дека некои хотели си допишуваат ѕвездички за да ја зголемат категоризацијата. „Барем ние не сме затекнале ваков случај“, вели Бошалевски. Со какви хотели располага Македонија? Која е категоризацијата на хотелите во Охрид? Ова се најчесто поставуваните прашања деновиве, откако во јавноста се појавија информации дека дел од хотелите сами си допишуваат ѕвезди на своите категоризации. Туристичките работници за ова се погласно...

Continue reading

Илче Џепар

Не ги даваме плажите

Post Views: 18 Концесионерите на Охридските плажи се здружија. Велат дека барањето на Mинистерството за транспорт и врски за покачување на концесијата, финансиски е неиздржано.Концесионерите на Охридските плажи ни на небо ни на земја. Четворократното зголемување на цената за закуп на плажите, кое што го наметна Министерството за транспорт и врски, остана неприфатено од страна на концесионерите. Тие велат дека не се спремни да ја платат цената од 160 денари по метар квадратен, но нема да дозволат и друг да стопанисува со истите. „Државата од сите страни зема данок. Наместо да се посветиме...

Continue reading

скутер

Скутерите и глисерите страв и трепет

Post Views: 3 Преголемиот број на пловни објекти и нивното неконтроолирано движење, се најголема причина за намалување на безбедноста во Охридското езеро, се сложија Црвениот крст, Полицијата, капетанија и концесионерите од Охрид. Тргнувајќи од необележаните зони за капење, недоволниот број спасители на вода, ниското ниво на безбедносни услови и се разбира најголемиот проблем, скутерите и пловните објекти, посочи Сашо Точко, претседател на Црвениот крст од Охрид. Спортистите рекреативци, кои редовно тренираат во водите на Охридското езеро се крајно зазгрозени од неконтрилираното движење...

Continue reading

фекалии

Градска Плажа се дави во фекалии

Post Views: 3 Граѓаните се жалат на непријатна миризба, но и се плашат за своето здравје од можни кожни заболувања. Мештаните од Грашница години наназад мака мачат со еколошки проблеми. Наместо место за уживање и прошетки покрај езерто, овој дел на Охрид, може да биде потенцијална опасност за вашето здравје. „Неможе Охрид да го гледаме само низ призмата на источната Туристичка ривиера и на центарот. Погледнете го Охрид и од опачината“, велат жителите од овој дел на Охрид.„На ова место порано децата можеа да тренираат фудбал. Сега трчањањето покрај езерото, претставува опасноат за...

Continue reading

logo

Езерото ја зеде првата жртва сезонава

Post Views: 1 Денеска, на плажата во близина на  Извидничкото одморалиште во населбата Далјан почина лицето со иницијали З.М. роден 1961 година. Починатиот бил тренер на карате репрезентација на Србија, која се наоѓа на подготовки во Охрид. На сега починатиот му се слошило при влегување во водите на езерото. Веднаш на помош му пристапил репрезентативниот лекар, по што била повикана Службата за итна медицинска помош која набргу пристигнала на лице место. Лицето било префрлено во Охридската болница каде биле извршени неуспешни обиди за реанимација. Според извештајот на СВР – Охрид,...

Continue reading

Куќата на Уранија

Завршена надворешната реконструкција на „Куќата на Уранија“

Post Views: 2 Надворешната реконструкција на Куќата на Уранија е целосно завршена вели директорот на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска. Со сегашниот идентичен изглед на овој  објект, се побија реакциите на е дел од стручната јавност дека  Охрид со рушењето на „Куќата на Уранија “ ќе го загуби последниот автентичен објект. Паскали Бунташеска објаснува дека неопходно било објектот да се сруши заради нарушената статика, а свое стручно мислење претходно дале од Градежниот факултет во Скопје.  Во тек се внатрешните зафати и уредување на дворното место. Со внимание ќе се изведуваат...

Continue reading

Александар Петрески

Петрески и пештанци ја расипаа калимерата

Post Views: 1 Се нарушија односите помеѓу локалната самоуправа и Жителите на Пештани. Најавената денешна средба не се спроведе во целост.  „Контактирам со месни заедници а не со иницијативни одбори“, вели Петрески. „Маките на Пештанци ги слушнав пред една недела на средба со Месната заедница“, додаде тој. Градоначалникот одбил да разговара со 13 -те Пештанци и претставниците на месната заедница, обвинуваат тие. „Во Пештани е вистински  хаос. Само се ветува а ништо не се исполнува“, вели и Боре Туркалески. Од локаланата самоуправа пак имаат друга приказна. Се оградуваат дека не сакаат...

Continue reading

Климе Попоски

Крв на паричник!

Post Views: 3 „Цените на земјоделските производи на Охридскиот пазар, безобразно високи“, велат граѓаните. Со иста констатација и производителите. Охриѓани туристи во сопствениот град. Иако на градскиот пазар има шаренило од овошје и зеленчук, цените се толку високи што ретко кој може да си го приушти задоволството да си купи она што ќе посака.И земјоделците-производители сметаат дека цените на нивните производи се прилично високи за овој период. „Меѓутоа притиснати од бројните давачки принудени сме истите да ги нудиме по овие цени“, велат тие. Продавачите за да ја формираат својата...

Continue reading

инјектор

Дијабетот во подем

Post Views: 2 Алармантен податок од центарот за дијабет при општа болница Охрид. 4824 пациенти е моменталната бројка на регистрирани дијабетичари во Охридскиот регион меѓу кои 1500 се на инзулино терапија. Бројот од ден на ден се зголемува за по 1 до 2 нови случаи. Оваа загрижувачка состојба произлегува како резултат на повеќе фактори, меѓу кои доминира стресот, велат од Центарот за дијабет при општа болница Охрид. Одговорната на овој оддел Зоре Димоска, кажа дека и старосната граница на пациентите исто така е дискутабилна. Таа е спуштена на 30-50 годишна возраст.Корисниците на дијабет...

Continue reading

слики

Четири децении ликовно творештво

Post Views: 3 Животниот пат од Охрид го одвел на Педагошката школа во Битола, а потоа на факултетот за ликовни уметности во Скопје. Упевче твори во сите ликовни техники и неговите слики се наоѓаат на сите четири страни од светот. Тој е познат по техниката сув пастел ,една од потешките техники која се работи со прсти, но твори и во сите останати техники. Сите слики ми се подеднакво драги вели Упевче. Уметникот постојано се носи со мисла дека следната слика која ќе ја изработи ќе биде поубава и во секоја следна имегинација  на сликарот се вткајува целото негово ликовно искуство. Но...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top