Post Views: 16
Одговорните лица за управување со води на Македонија, Грција, Албанија, Косово и Црна Гора, конечно ќе седнат на иста маса.
Тие ќе остварат дијалог, за управување со водите на Дримскиот Басен. Тоа е целта на проектот, за кој се нафатија да работат одговорните тимови за управување со води од земјите вклучени во проектот. Тие во Септември имаат догогворено дијалог, кој ќе се одржи во Подгорица -Црна Гора, каде е предвидено да се прецизираат научно -истражувачките работи поврзани за дримскиот басен на трите езера Преспанско, Охридско, и Скадарско. Дејан Паноски, секретар...
Post Views: 2
Со секое отпочнување на летната туристичка сезона во Охрид, се актуелизира работењето на МЈП „Проаква“, односно неговиот прв човек Бранислав Трпчевски.
Денес, очи во очи претставниците на „Проаква“ и еколозите. ТелевизијА ТВМ ги соочи двете инволвирани страни во случајот со еколошката катастрофа кај Грашница. Од средбата задоволни и едните и другите.
На средбата се разговараше за еколошките проблеми кај Грашница, а посебен акцент се стави на проблемот со фекалиите кои се влаваат во езерото.
„Нашите проблеми започнаа со пуштањето во функција на колекторскиот ситем“,...
Post Views: 1
Ова е второто дело на младиот автор, Мишел Наумоски. Темелната инспирација е љубовта и таа провејува во секој мој стих, додава авторот.
Секое ново дело претставува одредено искажување на авторот, откривање и потврдување на неговата посветеност кон поетската потенција. Исповед на љубовта и болката, љубовта како инспирација за радост во душата. Ова е второ мое дело вели младиот автор Мишел Наумоски, и претставува мое соочување со вратите на времето.
„Темелната инспирација е љубовта и таа провејува во секој мој стих“, додава тој.
„Некој застана до мене и ги помириса моите...
Post Views: 1
Пазарната инспекција констатира низа неправилности во работата на кабелските оператори во Охрид.
Контролата е извшена по барање на советот за радиодифузија. Целта е кабелските оператори да го почитуваат законот за авторски права и да се придржуваат кон него, поточно да не реемитуваат програма без договор за истата.
Пазарната инспекција констатира неправилности во работењето на кабелските оператори во Охрид. Последната контрола резултураше со поднесени барања за прекршок до основниот суд. Началникот на пазарниот инспекторат Ѓорѓи Бошалевски вели дека операторите не...
Post Views: 0
Гости од Словенија, се запрепастија од односот на Охриѓани. Тие од Охрид си заминаа со оштетен автомобил, кој уредно бил паркиран на паркинг. Случајот е регистран и во СВР Охрид.
На туристичката сезона само уште тоа и недостасува. Туристи од Словенија си заминаа од Охрид вознемирени затоа што автомобилот им беше оштетен на паркингот. Жител од овој дел на Охрид си оградил простор на градско земјиште, со надеж дека на овој начин одбраната локација ќе биде само негова. Гостите не сакаа настанот да го коментираат пред нашата камера, само кажаа дека со вакви постапки ...
Post Views: 2
Енио Мориконе, со огромниот интерес што го предизвика кај македонската публика, финансиски го оправда својот настап за отварањето на фестивалот „Охридско лето“. Првиот човек на фестивалот, Тони Симоноски, генерално е задоволен од самиот старт.
И покрај големиот број на гратис влезници за спонзорите и донаторите на фестивалот, со концертот на Енио Мориконе, кој го отвори годинешното 49-то издание, фестивалот „Охридско лето“ оствари значаен профит. Ова за ТВМ го изјави првиот човек на престижната манифестација Тони Симоновски. Тој е задоволен од досегашниот тек на настаните...
Post Views: 35
„Секој си има своја Македонија“ е поентата на Љубиша Георгиевски, авторот на драмата Александар. Македонските драмски уметници утре ќе бидат дел од 49 – тото издание на Охридско лето.
„Александар“ е драма која асоцира на вечноста. Оваа претстава е прва на годинешново Охридско лето во изведба на македонски актери. Директорот на Драмски театар од Скопје, Бранко Ѓорчев рече дека годинава ќе изведат претстава која предизвикува се поголем интерес кај публиката и јавноста воопшто. Тој очекува драмата „Александар“, да доживее посебна кулминација во Охрид заради амбиентот...
Post Views: 1
Чекачите на гости групирани на повеќе локации низ централното градско подрачје, во голема мерка ја нагрдуваат првичната слика на туристите за Охрид. Општинскиот инспекторат, врз кого се префрла сета вина, немоќен да ја реши оваа состојба.
Турканици, кавги и разни недолични дофрлувања е првата слика која ја гледаат туристите кои летово решиле својот одмор да го минат во Охрид. Станува збор за таканаречените чекачи кои во борба за обезбрдување на некаква егзистенција, буквално ги напаѓаат и ги растргнуваат туристите, нудејќи приватно сместување. Гостите остануваат вчудоневидени...
Post Views: 18
Најдобрите снимки од подводниот свет во Охридскотот езеро претопени во ДВД.
Нуркачкиот клуб „Амфора“ на граѓаните ќе им подари 40 минутен документарен филм, кој ќе биде дистрибуиран преку еден дневен весник во тираж од 10.000 примероци. Професионалните нуркачи од Охрид, доживуваат посебни мигови преку својата пасија нуркањето, снимајки неповторливи моменти.
Филмот започнува со снимки кај изворите во Св. Наум. Преку ова ДВД, гледачите ќе имаат можност за прв пат да видат мрест на пастрмка во природен амбиент, да го видат живиот свет во езерото, дел од подводните археолошки...
Post Views: 4
Холандски и Македонски музичари на музички план ќе ги приближуваат културите на двете земји.
Дваесетина млади музичари и композитори од Македонија и Холандија со проектот „Технологијата навлегува во традицијата“, ќе создаваат музика и ќе ги приближуваат двете култури вели организаторот на музичката работилница, Александар Велиновски.
Музичарот Катерина Пејоска од Холандската фондација „Зои“ е воодушевена од локациите каде што музичарите добиваат посебна инспирација за творење. Вели дека изборот да се твори на различни места в долж охридското крајбрежје се...
Post Views: 12
Превоз за само 2 денари од центарот на градот до Градиште со ВИП.
Во екот на туристичката сезона, покрај многуте недостатоци со кои се сретнуваат туристите, еве и една позитивна иницијатива, која заслужува внимание. Имено, мобилниот провајдер ВИП овозможува превоз од центарот на градот до сите плажи на потегот до Градиште за неверојатни 2 денари.
Едноставен и уникатен пример како треба да се работи во екот на туристичката сезона. Иако ваквиот пример требаше да се практикува, досега никој од Локалната самоуправа не се сети да го примени. Мобилниот оператор ВИП, преку...
Post Views: 1
Вработените на МЈП Проаква веќе 4 месеци одат на работа без пари. Првиот човек на ова меѓуопштинско претпријатие Бранислав Трпчевски објаснува зошто дошло до оваа состојба.
Голем број вработени во МЈП Проаква, на нашиот портал се пожалија на заостанати лични доходи. Во ова претпријатие плата имаат замено заклучно со втори месец годинава. Вработени во МЈП Проаква зад камрата на ТВМ велат дека финансиски сосема се исцрпени и додаваат дека неможат да сврзат крај со крај во месецот. Посебно се загрозени семејставта кај кои и двата сопружници работат во ова меѓуопштинско...