Post Views: 0
Накит, филигран, макраме,дрво, слики во срма и многу други интересни изработки можат да се видат и купат на базарот на ракотворби. Највозрасниот учесник на оваа манифестација, Лаура Џукиќ вели дека посетителите навистина се заинтересирани за она што годинава се нуди на базарот на ракотворби.
На манифестацијата се претставуваат 15 автори,а меѓу нив и шестооделенката Тијана Толеска.Таа иостанатите учесници воодушевени од ваквата иницијатива.
Туристите во градот кои го посетуваат овогодинешниот базар на ракотворби, посветуваат големо внимание на рачните...
Post Views: 1
Најголем дел од остатоците пронајдени во 17 гробови, датираат од македонско-хелинистичкиот период, односно некаде од 5-ти век пред нашата ера, потврдија од упрвата за културно наследство.
Пронајдоците се од непроценлива вредност како за Македонија, така и за археолошката наука воопшто, истакна директорот на Управата за заштита на културното наследство, археологот Паско Кузман.Тој појасни дека на локалитетот помеѓу Горна порта и црквата „Света Богородица Перивлепта“ во кратко време се откриени 17 гробови, од кои најголем дел се од македонско-хелинистичкиот период, односно...
Post Views: 6
Градски форум за излез од очајно лошата состојба на туризмот во Охрид. Ова е предлог на советниците на ВМРО-ДПМНЕ за излез од катастрофалоно лошата состојба на туризмот во градов.
Идејата за отварање на форум од ваков тип е на група советници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тие на ваков чекор биле потикнати од лажните изјави на одговорните луѓе во градот. Објаснуваат дека на полето на туризмот не цветаат рози како што се кажува, и суштинската слика е сосема нешто друго. Советникот Дејан Паноски вели дека негативности има насекаде но најизразени се во полето на туризмот.
Зошто...
Post Views: 8
Вредно археолошко откритие откопано кај локалитетот Горна Порта. Од управата за културно наследство го потврдија случајот, но не откриваат детали. Големо археолошко откритие пронајдено е денеска на локaлитет кај Горна порта.
На местото каде што се смета дека е пронајден значаен артефакт присутна е бројна археолошка екипа која ја предводи директорот на управата за заштита на културното наследство и археолог Паско Кузман. Надлежните само потврдуваат дека навистина станува збор за голем пронајдок, но не сакаат да откријат за што станува збор.
Дека кај Горна порта е пронајдено...
Post Views: 3
Од охридската капетанија изјавија дека причина за затворање на плажите е тоа што не ги исполнувале безбедносните услови, односно капалиштата не биле соодветно обележани, како и тоа што на плажите немало ангажирани ниту спасители на вода на што претстаувува нивна законска обврска. Времена мерка, забрана за вршење дејност им е изречена на плажите „Извиднички центар„ , „Младост„, „Евронационал“, „Пајнчар“, „Бовел“, „Бетон“, „Силекс“ и „Корали“.
На прес конференција капетанот Љупчо Настоски информира дека на сите затворени плажи поставен е знак “Забрането капење“. Капетанот...
Post Views: 3
Екологистите и жителите од овој реон, денес јавно го искажаа својот револт против загадувањето и оградувањето на дел од езерото. Тие го кренаа својот глас против еколошките проблеми со кои секојдневно се соочуваат. На собирот се приклучија и гости кои години летуваат на овој дел од крајбрежјето.
„Голем вљубеник сум во Охрид, често летувам тука, но многу ми е жал што езерото се загадува“, вели гостинка од Скопје.
„Уште како дете ми раскажуваа дека на овој реон била првата Градска плажа, но и покрај тоа што живеам овде, такво нешто не паметам“, вели жител од овој реон....
Post Views: 0
Едукацијата е главната цел на овој камп, за кој организаторот Лајoнс Клуб „Вардар“ ги има обезбедено сите услови меѓу кои и најважниот, 24 часовната грижа од страна на компетентен медицински персонал.
Лајонс Клубот „Вардар“ со подршка на Охридските лајонси, по втор пат организираат камп наменет за лица заболени со дијабет. Деца на возраст од 14-18 години од Република Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија и Косово, наредниве 10 дена ќе бидат едуцирани во правилното справување со дијабетот, болест која годиниве бележи енормен пораст.
Организаторите на кампот велат...
Post Views: 1
Секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против Албански државјанин, поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материјали.
Пронајденото оружје и муниција се одземени и предадени на вештачење во МВР-РМ додека албанскиот државјанин е лишен од слобода и ќе биде предаден во Основниот суд во Охрид, а изречена му е мерка притвор од 30 дена.
{loadposition content9}
Post Views: 3
Голем број шпекулации деновиве во јавноста по несреќниот случај во кој пред една недела во водите на езерото се удавија две деца.
Специјална комисија од охридската капетанија го разгледуваше случајот и изготви извештај кој е испратен до Министерството за транспорт и врски
Тричлена комисија од охридската капетанија три дена го разгледуваше несреќниот случај во кој пред една недела во водите на езерото се удавија две деца скокајќи од педалинка. Капетан љупчо настоски вели дека нема никакво сомнение дека станува збор за несреќен случај и објаснува дека педалинката е...
Post Views: 9
Валериј Ојстрах на виолина и Франческо Де Ѕан на пијано, ќе се претстават вечерва на програмата на Охридско лето.
На програмата на фестивалот „ Охридско лето“ вечерва ќе се претстсви светски познатиот виолинист Валериј Ојстрах во придружба на Франческо Де Ѕан на пијано. Ојстрах,кој потекнува од семејство со музичка традиција, вели дека вечерашниот настап воедно претставува своевиден за него јубилеј, бидејки прославува стогодишнина од претставувањето на неговиот дедо Дејвид Ојстрах.
Покрај...
Post Views: 1
Од друга страна гласините за нов претседател на општинската ВМРО-ДПМНЕ во септември, за централата во Скопје се чиста шпекулација.
Експресно избран новиот претседател на СДСМ од Охрид. Конвенцијата за избор на претседател на охридските социјал-демократски траеше дваесетина минути и помина во фер атмосфера. На новоизбраниот претседател Науме Јовановски, екс претседателот Томе Чингоски му упати кратка порака, во која рече дека, се надева дека новиот претседател ќе смогне сили да ја надмине катастрофално лошата состојба во Охридската СДСМ. Преку оваа порака Чингоски или...
Post Views: 2
Празни хотели и полупразни плажи. Охрид годинава нема сјајана летна сезона, признаваат туристичките работници.
Есенскиот период ќе биде сламка за спас на Охрид како туристички центар. Состојбата во градот и бројот на туристи- воопшто на ја даваат вистинската слика за Охрид, посебно во овој период од годината, кога за разлика од годините наназад било сосема поунаку. Временските услови, астрономските цени за сместување, и лошата гостопримливост, се само дел од причините за потполно промашената сезона, коментираат граѓаните.
Туристичките работници даваат надеж. Гости...