Vlado Cvetkovski

Владо Цветкоски преминува во ВМРО-НП

Post Views: 0 Цветкоски  гледа можност да ги исполни своите предизборни ветувања дадени на граѓаните во политичката опција на ВМРО-НП.  Ова е уште еден доказ оти луѓето веруваат во она што го нуди оваа партија, вели претседателот на партијата. Политика на долги патеки. Тоа е главната причина заради која независниот советник Владо Цветковски заедно со неговите симпатизери се припојуваат кон ВМРО-НП. Цветкоски изјави, дека неговото преминување во ВМРО-НП ќе придонесе за зацврстување на единството во партијата која работи на принципот на еднаквост и максимално меѓусебно почитување.Инаку,...

Continue reading

garaza

Аквариум и музеј на Охридското езеро

Post Views: 1 Спортските риболовци од Охрид планираат  деградираниот простор на поранешната гаража за чамци во сопственост на Хидробиолошки завод. Спортските риболовци од Охрид планираат  деградираниот простор на поранешната гаража за чамци во сопственост на Хидробиолошки завод, која веќе 10 години е запуштена да го претворат во атрактивна локација.   Флората и фауната на Охридското езеро, во аквариум. Охридските спортски риболовци се обратија до надлежните институции, со цел да им го отстапат стариот руиниран објект, кој веќе цели 10 години е запуштен. Од него риболовците сакаат...

Continue reading

Пеколно социјално и економско лето во Македонија

Post Views: 5 Пеколна социјална и економска есен ги очекува македонските граѓани, изјави претседателот на ВМРО НП, Маријан Додовски. Оваа партија ќе формира фондови за социјална и економска подршка на граѓаните во општините. Фактите зборуваат дека невработеноста е се поголема а со самото тоа расте и бројот на социјално загрозени семејства. Во есенскиот период се очекува уште поголема ескалација од социо-економски аспект изјави претседателот на ВМРО-НП, Маријан Додоски. ВМРО НП започна со активности за есенското функционирање на партијата. Денеска се одржа редовна седница на Извршниот...

Continue reading

merac

Охрид прегласен во ноќните часови

Post Views: 0 Покрај во стариот дел на Охрид, граѓаните не можат да спијат и во останатото централното градско подрачје. На бучава, викотници и гласна музика се жалат и комшиите на ноќниот бар „Наполеон“. Градоначалникот во неможност во момнтов да се справи со самоволието на кафанџиите, размислува да им го скрати продолженото време од еден час,кој им подари на почетокот од сезонава. Почитувана Тв., ние поголема група граѓани кои живееме околу ноќниот бар “Наполеон”,Ви се обраќаме со надеж дека барем Вие ќе го сфатите нашиот проблем.Бучавата,викотниците,гласната музика...

Continue reading

turisti

Дивите станоиздавачи -трн во око

Post Views: 13 Комисијата за туризам и локален економски развој, формира тело кое ќе се справува со аномалиите што особено летово се појавија во оваа економска гранка. Тие од понеделник координирано ќе оперираат низ охридските улици со цел надминување на хаосот што го создаваат дивите станоиздавачи. Досегашните бројни укажувања за низа неправилности во приватното сместување поради кои трпи туризмот, не вродија со плод. Ова е заклучокот на Комисијата за туризам и локален економски развој која на 22 овој месец одржаа состанок на кој се водеше жестока расправа за да се да детектира...

Continue reading

ezero

Езерската водата кај Грашница од трета категорија

Post Views: 19 Ова го потвруваат последните контроли за квалитетот на езерската вода. Предупредувачка табла дека на овој езерски дел, капањето е забрането,нема. Водата во Охридското езерто е со одличен квалитет.Последните контроли на заводот за здравствена заштита за квалитетот на езерскат вода, потврдуваат дека водата во најголем дел е од прва и втора категорија. Што значи дека квалитетот на површинската вода е физичко хемиски и микробиолошки погоден за капење, спорт и рекреација. Проблем има само во Грашница, велат од заводот за здравстевана заштита. Резултатите од заводот за здравстевена...

Continue reading

merac

Агонија која не се мери

Post Views: 6 Агонијата на жителите во стариот дел на Охрид, продолжува. ТВМ синоќа сведок на уште една бесона ноќ. Во контрола извршена  од инспекторите од пазарниот инспекторат и СВР констирани  низа непрваилности во работењето. Ноќните забави и прегласната музика се причини што жителите во стариот дел на Охрид остануваат без сон. Понесени од низа поплаки на граѓани кои секојдневно пристигнуваат во нашата ТВ куќа, а се поврзани со бучавоста во зоната за домување, синоќа отидовме на лице место, со цел да видиме како изгледа Охрид во ноќните часови. Од нашата прошетка по улиците во...

Continue reading

tabla

Демне опасноста од пожари

Post Views: 6 Соопштенија, табли на клучните места и 5000 флаери за предупредување, се дел од превентивните мерки кои ги спроведуваат од Националниот парк „Галичица“,во пресрет на летната жега. „Непријатното сеќавање на изгорените 6500 хектари шума, во 2007год. го крена нивото на одговорност кај нас па внимаваме и на најситните детали“, вели Наум Новески од секторот за заштита при националниот парк „Галичица“. „Јасно е дека доколку превентивата е добро спроведена и штетите ќе бидат минимални. Затоа од денеска,во пресрет на екстремно високите температури кои се најавуваат, воведуваме...

Continue reading

Ohrid

Нова туристичка сезона, стари проблеми

Post Views: 1 Неподносливата бучава од кафулињата и терсите во старот ден на градот и оваа сезона ги остави жителите без сон. Раководителот на општинскиот инспекторат признава дека под притискок ја искинал пријавата за летната тераса „БАС“, лоцирана во строгиот центар на градот, во зона на домување. Група граѓани неможејќи да најдат решение за овој проблем кај надлежните, се обратија со писмо до нашата редакција. „Од најавите дека конечно ќе се стави ред на ноќниот живот во Охрид, нема ништо. Од година во година продолжува нашата агонија, меѓутоа она што се случува во моментов се...

Continue reading

Potpesh

Ќе остане ли плажа во Охрид?

Post Views: 11 Охриѓани реагираат, по Ј’но не смееме да дозволиме да го изгубиме и Сараиште. Ќе направиме се тоа да го спречиме, сложни се граѓаните. Информацијата дека Mинистерството за транспорт и врски го издаде Сараиште под концесија, ги вознемири жителите од стариот дел на Охрид. Жителите од овој дел на градот, деновиве забрзано изнаоѓаат начин, како правно да реагираат и да го спасат последното парче слободно охридско крајбрежје. Во тек е постапка за формиње на здружение за спас на Сараиште. Од таму, со барање до  претседателот на Советот на општина Охрид, на следната...

Continue reading

programa

„Мадам плаза“ на сцената на „Охридско лето“

Post Views: 10 Претставата „ Мадам плаза“ во изведба на група „Ананија“ ќе понуди едно необично доживување за секој посетител, бидејќи жанровски не може да се дефинира, а ги поттикнува сите сетила, вели Ѓорѓи Јолески, драмски селектор на фестивалот и додава: „ Мадам плаза“ претставува изненадување само по себе и ќе биде едно од најнеобичните доживувања кое посетителите ќе имаат можност да го проследат во рамките на програмата на фестивалот „ Охридско лето“. Во претставата станува збор за женственоста на телата, каде тие воздивнуваат за слобода. Четирите жени ја живеат ноќта и ги препуштаат...

Continue reading

rekviziti

Администрацијата од Здравствен дом, втор пат на улица

Post Views: 0 Директорот од здравстевен дом, денес доби налог за иселување од општинските простории. Овој е втор обид на Локланата во неколку години, да си ги добие назад своите простории. Утрово во Здравствен дом добија налог за иселување од општинските простории. „Мене ми е жал што на ваков начин се решава овој проблем, но здравстен дом години е сместен во општински простории, а за тоа не плаќа ништо“, вели градоначалникот Петрески. Од локалната тврдат, дека долго време се труделе на секаков начин да се изнајдат компромисно решение за  просториите, но сите средби поминале без конкретни...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top