Вирозите присутни и летово.

Post Views: 0 Од ургентната медицинска помош велат дека постојано доаѓаат пациенти кои се жалат на познатите симптоми на стомачниот вирус. Од Регионалниот завод за здравствена заштита смируваат, дека ова лето состојбата со вирозите не е сериозна. Гадење, лошење, повраќање, дијареа и висока температура се најчестите симптоми на стомачниот вирус. Од ургентната помош во Охрид велат дека постојано третираат пациенти со препознатлива клиничка слика на стомачен вирус. Тој се пренесува од човек на човек и кај сите различно се манифестира, вели Д-р. Ајсел Зејноска.Ова лето добро испливавме...

Continue reading

Ќе се прави пешачка патека до Потпеш

Post Views: 0 Наскоро ќе има пристап и по копно. Ќе се прави пешачка патека која ќе ги поврзе Грдано и Потпеш. Туристите видно задоволни од иницијативата за поврзување на плажата со брегот кај црквата Св. Софија.До Потпеш ќе се стигнува и од вода и од копно. Мостот кој што ќе се гради помеѓу Грдано и Потпеш е идејно решение на Митко Пандо. Тој вели потребата од ваква пешачка патека е повеќе од неопходна бидејки со тоа ќе се заокрижи пристапот на целиот локалитет.  Подготовките за оваа пешачка патека се при крај, а деновиве треба да се започне и со градежни зафати. Потпеш со Грдано,...

Continue reading

Охрид плански ќе се чисти

Post Views: 1 Нов начин на работа се воведува во ЈП „Охридски Комуналец“. Се очекува, од 1 ви септември да стартува нов систем на категоризација за хигиенски третман на улиците на територија на општина Охрид. Планот е готов и ќе биде презентиран во текот на наредната недела пред управниот и надзорниот одбор, вели првиот човек на „Охридски Комуналец“ Сашо Алчев. Тој додава дека сериозно очекува овој план да успее, како би се подигнала хигиена на повисоко ниво. „Очекуваме околу 60% од улиците во Охрид да бидат категоризирани во прва и втора категорија, што значи дека или секојдневно...

Continue reading

Сараиште го добија охриѓани, но никој не знае до кога

Post Views: 3 Останува отворена дилемата дали решението за поништување на концесијата за плажата, министертвото ја донесе од траен карактер, или времено, додека се смират страстите. Градоначалникот вели „Се би било  полесно, доколку локалната одлучува за концесионирањето на плажите“. Министерството за транспорт и врски ја поништи постапката за давање на плажата кај Сараиште под концесија. Оваа одлука доаѓа по низа реакции упатени до министерот од граѓаните, иницијативниот одбор за спас на Сараиште, градскиот совет  и градоначалникот Александар Петрески, за значењето на ова место...

Continue reading

Продолжува самоволието на Охридските таксисти

Post Views: 4 Мал е бројот на превозници кои се однесуваат коректно. За нив сите патишта како  да водат само кон охридските плажи. Услуга превоз низ градот ќе добиете само ако се спогодите со цената која ви ја диктираат таксистите. Ако не прифатите превоз за 100 денари  ќе мора да пешачите. Туристите пак се жалат дека за превоз од автобуската станица до раскрсницата на Охридска банка, до центарот на градот им се наплаќаат дури и по 200 денари. Одлуката на советот, со која таксистите се обврзуваат да возат по цена од 30 денари за старт и за секој изминат километар по 25 денари, ретко...

Continue reading

Сирење и вино во Охрид

Post Views: 2 Заштитена традицијата на старото добро македонско вино и сирење. За петти пат после една година пауза фестивалот на вино и сирење повторно во Охрид. Дваесеттина македонски производители на вино и сирење утре ќе им ги понудат своите производи на сите гурмани. Градоначалникот на Охрид Александар Петрески, вели дека земјоделството е во подем заради се поголемата блискост на општина Косел, и можноста да се конзумираат производи од еколошки здрава храна. Затоа фестивалот заслужува да му се се даде приоритет.  Очекувањата на организаторите, фестивалот да влезе во програмата...

Continue reading

Завршница на фестивалот „Охридско лето“

Post Views: 1 Мал музички маратон за завршница на годинешното издание на Фестивалот „Охридско лето“.„ Со вчерашните настапи на дуото Суела Мулај од Албанија на виолина, Масимо Палумбо од Италија на пиано, и настапот на светски познатиот пијанист Борис Березовски,  го докажавме високото реноме на фестивалот“, вели Јосифовска. Настапот на Березовски беше закажан за 12ти овој месец, но истиот беше одложен поради здравствени причини на уметникот. Токму поради тоа, тој одлучи, средствата од концертот да ги подари во хуманитарни цели.Еден од најдобрите пијанисти на светот, Борис Березовски...

Continue reading

Поништена постапката за давање под закуп на плажата кај Сараиште

Post Views: 0 Одлуката е донесена откако Министерството за транспорт и врски ги разгледало барањата на жителите од месноста Сараиште. Министерството го повика градоначалникот александар Петрески во склоп на своите надлежности да ги отстрани диво-поставените шанкови на овој дел од крајбрежието. Поопширно од гостувањето на Горан Пржин, член на иницијативниот одбор во Дневникот на ТелевизијА ТВМ. Види го видеото!

Continue reading

Кој е крив

Post Views: 1 И после една година од уривањето на кровот на Охридската болница надлежните молчат. Јавноста сеуште не знае кои беа причините, зошто настанала толку голема штета, која многу лесно можеше да предизвика трегедија. Од болницата во Охрид со велат, дека  досега нема комплетен извештај зошто дошло до овој немил настан во кој можеше да има и жртви. Јавноста сепак заслужува да знае: дали е покрената некаква постапка за причините, зошто настанала штетата и кој ја сноси одговорноста  за немилиот настан. За овој случај утрово контактиравме со Тихомир Дурнев од секторот за урбанизам...

Continue reading

Туристите контра Охриѓани

Post Views: 0 „Охрид, никогаш веќе на одмор, и истото би им го препорачал и на другите туристи. Кога ќе ја научат туристичката лекција на правилно однесување кон г-динот турист, тогаш може би размислувал да идам таму на одмор. Нека одат во другите земји да научат малку љубезност, културно однесување, до тогаш идеме: Турција, Египет, Шпанија и други дестинации кои се многу попривлечни “  или  „Кога не знаат да работаат ќе немаат сезона“. Вака изгледаат дел од негативните коментари кои ги преплавуваат  веб порталите на дневните весници упатени кон Охрид и охриѓани во врска со туристичката...

Continue reading

Охридскиот регион идеален за производство на здравa храна

Post Views: 3 Идeјата на екологистите за производство на здрава храна, ја поткрепија и експертите. Нивниот заеднички труд, резултира со проект за производство на здрава храна без уништување на природата. Охридскиот регион е идеален за производство на градинарски производи, поради исклучително добрата клима која ја има. Денеска тренд во светот е се она што се променало во земјата со користењето на агрохемијата да се поправи. „Ако некој човек има способност да прави добри работи за себе, тоа траба да го направите за сите. Нашиот проект се заснова на вметнување на бактерии во земјата,...

Continue reading

Нов стамбено деловен комплекс во Охрид.

Post Views: 4 Триесеттина згради ќе никнат На просторот кај некогашниот ресторан “Охридија” во близина на Бензинската пумпа. Деталниот урбанистички план за оваа Урбана заедница беше донесен при крајот на минатата година,но градбата беше стопирана од страна на министерставата за локална самоупорава и транспорт и врски.Постапката околу одобрување на градба во Осмата урбана заедница кај некогашна “Охридија” е во тек.Тоа го разгледува второстепена владина комисија,изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски,по средбата што со премиерот Никола Груевски ја имаше...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top