Post Views: 0
Тлото на поствулканскиот дел во Косел наликува на тлото на планетата Марс. Но за жал, научно истражувачките мисии на Марс се многубројни и доста чести, а за сулфатарот „Дувало“ во Косел, многу малку се знае.
Сулфатарот „Дувало“, поствулканската појава која се наоѓа во непосредна близина на Косел, треба да влезе во мапата на алтернативната понуда за туризмот во Охрид. Окната што се надзираат на местото кое е своевидно сведоштво на големо тектонско поместување пред многу стотици илјади години се скоро затрупани, велат Коселчани. Тие додаваат, дека според кажувањата на...
Post Views: 8
Мега проектот „Водовод и канализација на општините“, се покажа како неефикасен.
Станува збор за задолжувањто на Р. Македонија со кредит во износ од 20.800.000 Евра кај ЕБОР, согласно Договорот за Проектот Акциона програма за унапредување на 6 општини, во кои беше вклучена и нашата оштина.
Проектот имаше за цел да го реши проблемот со третманот на отпадните води и да го намали загадувањето на животната средина.
„Кредитот како кредит е многу добар посебно имајќи го во предвид фактот дека се работи за инфраструктурното подобрување на водоводот и канализацијата, но изведувачите...
Post Views: 1
По прилогот кој ТВМ го објави вчера, а се однесуваше на депониите по крајбрежието на Охридското езеро, денеска јавно се огласи дир. на ЈП „Комуналец“, Сашо Алчев.
„Не сме задолжени за одржување на хигиената на површините околу плажите и хотелите, кои се во приватна сопственост. Тоа оди на товар на сопствениците“, посочуваат од ЈП Комуналец.
„Не е во ред вината за ваквата состојба да ни се префрла нам“, вели Сашо Алчев, директорот на ова јавно претпријатие.
„Комуналец“ работи според план за јавна чистота кој е донесен од страна на советот на Општина Охрид. Во него се...
Post Views: 1
Охридски Комуналец нема да го подига овој отпад. Болниците затечени и збунети од ваквата одлука.
Сепак товарот за да го решат овој проблем целосно паѓа врз нив. Мора да најдат нов партнер со кој ќе склучат договор за третирање на медицинскиот отпад.
Охридски Комуналец деновиве стопира дел од своите редовни активности. Нема да го подига медицинскиот отпад од Јавните здравствени установи. Комуналец досега го подигал отпадот по добиено задолжение од страна на Државниот инспекторат за животна средина. После најновите случувања и затегнатите односи помеѓу Државниот инспекторат...
Post Views: 1
Охридското езеро одзеде уште еден живот Вчера во во близина на мостот се удави Бошко С, кој привремено престојувал во Охрид. Од СВР информираат дека на телото на починатиот не биле констаирани траги на насилство.
Охриѓани потресени од уште еден немил настан. Самоубиство со давење е најновиот случај кој ги вознемири граѓаните. Вчера, во 16 часот и 30 минити во водите на Охридското езеро, наспроти хотелската зона, кај “Милениум Палас” и хотелот Гарден, пронајдено е мртвото тело на Бошко С. од Скопје.Увид на лице мeсто извршиле екипа на СВР, јавен обвинител...
Post Views: 6
Платен налог од 2000 евра за ЈП Охридски Комуналец и 400 евра за управителот на ова претпријатие е казната изречена од државниот инспектор за животна средина Игор Трајкоски.
„Ова е тенденциозна постапка на државниот инспектор“, вели Алчев зготвена во партиските кујни.
ЈП „Охридски Комуналец“ санкционирано од страна на државниот инспектор за животна средина, Игор Трајкоски за неправилно постапување со депонијата Буково. Ова јавно претпријатие доби платен налог од 2000 евра.
„Ова е очигледен пример дека партиските кујни почнаа да делуваат со цел рушење углед на Охридски...
Post Views: 0
Ширум целото крајбрежје на охридското езеро може да се види расфрлан смет, обвинуваат граѓаните. Екипата на ТВМ денеска посети едно од тие места и се увери во обвиненијата.
По иницијатива на еколошки освестени граѓани, екипата на ТВМ телевизија го посети делот од шеталиштето на потегот од пумпната станица кај Хотелот Инекс Горица, до паркингот на хотел Славија.
„Ова е најфрекфентниот дел за љубителите на природата, и никогаш досега истиот не бил во ваква лоша состојба“, велат тие.
„ До лани овде поминуваше трактор и го собираше сиот смет, меѓутоа оваа година состојбата...
Post Views: 6
Од локалната самоуправа најавуваат враќање на стариот камен на делот кај споменикот на Св Климент. „Овие трошоци во моментов не се потребни, зошто да се плаќа по втор пат кога еднаш веќе се платило“, реагираат граѓаните.
Ќе се видоизменува плоштадот кај споменикот на Св. Климент. Градоначалникот Александар Петрески најавува дека на овој дел ќе се врати стариот камен, автентичен за охридската чаршија, но и ќе се направат влезови кон плоштадот од повеќе страни.
„Промената на каменот во чаршијата е сериозна инвестиција која локaлната самоуправа многу ја чинеше. Ова што...
Post Views: 53
Во охридските училишта околу 500 првачиња и 800 средношколци во прва година денеска, заедно со другите ученици, ја почнаа новата учебна година.
Најмалите основци се радуваа на првиот училишен ден и повторната средба со своите другарчиња. Во основното училиште „Григор Прличев“ за 112 –те првачиња беше подготвена и свечена програма со која се одбележа првиот училишен ден.
На првачињата им се обрати и градоначалникот Александар Петрески. Таткото на градот Петрески им порача на првачињата да бидат добри ученици и да се борат за подобро учење и совладување на училишниот...
Post Views: 1
Со почетокот на учебната година, СЗО стравува од епидемија на новиот грип А-Х1Н1. Од охридскиот ЗЗЗ повеќе се плашат од комбинација на овој вирус и регуларниот тип на грип.
Епидемијата од новиот грип А-Х1Н1, која се очекува да добие поголем интензитет со почетокот на учебната година, нема да стави клуч на училиштата и факултетите. СЗО не препорачува заворање на образовните установи како што не дозволи и затворање на границите, велат здравствените работници.Граѓаните пак во недоумуца, стравуваат од непознатото, но се надеваат дека надлежните институции ќе превземат се,...
Post Views: 3
На стартот на учебната година, не се комплетирани бесплатните учебници.
„Овие проблеми настанаа поради не координираноста помеѓу Министерството издавачките куќи и Локалната самоуправа“, вели советникот за образование при Локаланата самоуправа, Митре Вељановски,
Ден пред почнувањето на учебната година, учебниците за учениците не се комплетирани. Дел од бесплатните комплети за учениците од прво одделение до четврта година, се дистрибуирани до училиштата а останатиот не се ни пристигнати во Охрид.
„За жал морам да кажам дека работите околу учебниците не се завршени....
Post Views: 0
Реосветена и промовирана монографија за црквата Св.Богородица Пречиста Ќелија во Велмеј.
Реосветувањето на еднокорабната црква посветена на мајката божја Св.Богородица Пречиста Ќелија, која датира од крајот на 16 век, во селото Велмеј во Дебрца собра голем број верници и гости.
Митре Велјаноски автор на текстовите за бројните археолошки локалитети во атарот на ова село истакна: „ -По 100-тици години, неговото Високо Преосвештенство Владиката Тимотеј ја освети оваа црква и во неа се врати Божјата светост и духот во оваа стара градба“.
Покрај осветувањето на сакралниот...