Post Views: 0
Синоќа околу 20 часот се случила тешка соораќајка помеѓу патничко моторно возило „Опел Калибра“, со охридски регистерски таблички управувано од Ф.У (22) и велосипедист Шефќет Б (78) од Охрид. Неприлагодената брзина од страна на патничкото моторно возило „Опел Калибра“ со охридски регистерски таблички засега е една од причините поради која дошло до несреќата.
Роднина на настраданиот, раскажува како се случил овој трагичен настан. За неговото семејство раскрсницата од ул.„Туристичка“ и ул. „Бистрица“ во Охрид е кобна бидејќи за нецели две години им зела три жртви. Тој...
Post Views: 3
Трагедијата што се случи со 15-те бугарски туристи повлече низа прашања за состојбите во туризмот кај нас.
Во мноштвото прашања се наметнува и тоа како престојувала и кој ја организирал бугарската туристичка група, каква е нивната и нашата одговорност при тоа. Владо Суклоски од Агенцијата за подршка на туризмот вели во овој случај се прекршени многу Закони. Суклоски ги потенцира немањето листа на патници при влез на нашата граница, Законот за приватно сместување, Законот за организирање на туристички групи, Законот за туристички водичи. Тука несомнено затаила...
Post Views: 0
Пуштен во употреба „Мостот на желбите“. Од денеска Потпеш и Канео, се подостапни за Охриѓани и туристите. Целата инвестиција чини 2 милиони денари, и е подарок за Охриѓани од фондацијата Рамковски.
Пресечена црвената лента на „Мостот на желбите“. Од денеска Потпеш и Канео, подостапни за Охриѓани и гостите. Посетителите на глас коментираа за значението на овој потег на иницијаторите, велат допрва ќе разбереме колку сме изгубиле заради досегашното непостоење на овој мост.
Инвестицијата околу изградбата на мостот чини околу 2 милиони денари или околу 30 илјади евра. ...
Post Views: 5
Советот на Општина Охрид денеска одржа вонредна седница на која со едноминутно молчење им беше оддадена почит на жртвите во бродската несреќа што во саботата се случи на Охридското Езеро. Во име на советот претседателот Душко Јаковчески изрази длабока жалост за изгубените животи, а свое обраќање имаа и градоначалникот на Охрид Александар Петрески и конзулот на Република Бугарија во Македонија, Наум Кајчев.
Првиот човек на градот истакна дека со ништо не можат да се надоместат загубените животи, но изрази уверување дека несреќата ќе ги зближи граѓаните на Македонија и...
Post Views: 0
ТВМ неофицијално дознава дека ова се првите искази на Филев. Капетанот во моментов издржува мерка притвор во траење од 30 дена.
Во кабината во моментот на несреќата биле неговиот соработник Владо Устијаноски и преведувачката македонски државјанин, кој ја предводела групата. Филев свесен за состојбата во која се наоѓа, во вода започнал да фрла од појасите за спасување, но и да корне од бродот делови кои не тонат и можат да им помогнат на патниците за фатат за исттите и да не тонат во вода.
Неофицијално дознаваме дека капетанот Филев и се обратил на преведувачката да...
Post Views: 2
Капетаните од неколкуте бродови потиштени од несреќата што се случи на бродот „Илинден“, упатуваат искрено сочуство до семејствата на загинатите туристи. Проговорија и за личноста на нивниот колега капетанот на „ Илинден“, Сотир Филевски.
„Сотир е искусен, способен и ги има управувано сите бродови, а не само „Илинден“. Се грижи совесно за бродовите и патниците, и не пие, потресени сме што се случи оваа трагедија “ велат неговите колеги.
Капетаните жалат што оваа туристичка сезона заврши трагично и што овој настан остави дамка на Охрид. Долгогодишниот капетан, сега...
Post Views: 6
Уште една во редот тажни животни стории. Самохраната мајка, Тодорка Илоска својот 10 годишен син го расте со 1700 ден. социјална помош.
Тодорка Илоска, на возраст од 41год. со својата животна сторија, е уште еден пример за суровата страна на живеењето.
„Како дете израснав само со мајка ми, бидејќи моите родители беа разведени, ја започнува таа својата приказна. Изгорена од тоа лошо искуство, најмалку посакував на моето дете да му се повтори истата судбина. Меѓутоа животот и судбината не одат според нашите желби“, вели таа.
Текот на нештата допринесоа, таткото на моето...
Post Views: 32
Потона бродот Илинден.Најмалку петнаесет лица го загубија животот а неколку се водат за исчезнати во трагичната несреќа што денеска околу 10 часот и 35 минути се случи во водите на Охридското Езеро на околу 200 метри од автокампот Елешец ,на длабочина од 6-8 метра. Неофицијално, бродот, балансот го одржувал со помош на метални сајли. Се претпоставува дека едната од саjлите пукнала по што, според изјави на очевидци, бродот се преполовил и потонал за неколку минути. Oчевидци ни изјавија дека несреќата се случила многу брзо и дека бродот потонал за само неколку минути.
Ова...
Post Views: 0
Денешната сединца траеше само 30 минути. Веднаш на почетокот претседателот на Советот Душко Јаковчески помина на главното, и од предвидени 20 точки на дневен ред, седницата се сведе само на пет. Воглавно, советниците го испочитуваа неодамнешниот старт на новата учебна година, и приоритет дадоа на предлог одлуките за формирање на паралелки со помалку од 25 ученици во повеќето охридски средношколски центри.
На денешната седница беше усвоена и одлуката за давање под наем на училишните спортски сали, поточно се утврди начинот на нивното издавање.Наредната седница е закажана...
Post Views: 10
Од 125 –те предвидени слободни места, во двата уписни рока, се примени 80 бруцоши. Гласините кои се шират низ охридската чаршија дека на Универзитеот се примаат студенти, членови на Вмро Дпмне, ректорот Благоја Самакоски ги отфрла како чиста глупост. „Сум слушал многу за интриги во малите места, но ова е врвна глупоста која сум ја слушнал досега.Би било добро охриѓани и Охрид да сфатат каков историски чекор направи Владата што го лоцира Универзитетот во Охрид. Сега во Охрид се враќа центарот на образованието кој бил и центар пред 1000 години. Секој кој го сака Охрид...
Post Views: 1
Градежните зафати на пешачката патека се при крај. Неколку денови пред официјалното отворање Kапетанија со обвинувања, дека за мостот нема одобрение за градба и дека не се гради по сите прописи.
За Мостот кој ќе ги поврзува Г`рдано и Потпеш, нема одобрение за градба, обвинуваат од Охридската капетанија. Капетанот Љупчо Настоски вели дека секојдневно доаѓаат граѓани кои од нив бараат да изнајдат начин со кој ќе ги стопираат градежните зафати.
„Нас како дражавен орган, ни локaлната, ни инвеститорот не не имаат известено за градбата на пешачката патека кај Потпеш“,...
Post Views: 1
Судбината на младите неоженети Балканци кои се во потрага по европски сопруги преставена на филмско платно.
„Плати и жени“ е македонски филм на режисерот Атанас Ѓорѓиев, кој десет години го следел овој социолошки феномен.
Темата е купување сопруги заради добивање на пасош, нешто што многумина Балканци го прават за да се здобијат со европско државјанство. При тоа поминуваат различни голготи и се судираат со бирократски ситуации.
Филмот во македонско-австриска-хрватска-американска копродукација, со бројни меѓународни награди од публиката, ќе се прикажува во Центарот...