Post Views: 0
Околу 300 стоматолози од Македонија и регионов учествуваат на 5 тиот по ред конгрес кој деновиве се одржува во Охрид. Годинава за прв пат одржувањето на конгресот се совпаѓа со светскиот ден на оралното здравје 12 септември.
За прв пат во Македонија, матични клетки од млечни заби. Македонската стоматолгија според прогресот кој го доживеа, може да се каже дека е модерна медицинска гранка. Тоа е и заклучокот од досегашниот тек на дискусиите, кои се водат во рамките на петтиот по ред конгрес на стоматолозите во Охрид. Пораката на конгресот е, стоматолозите, граѓаните и...
Post Views: 2
Овој пат, разноразни комори и здруженија, ја детектираат клучната причина за трагедијата.
Никако да престанат шпекулациите, лажните обвинувања и ноторните невистини околу трагедијата со потонувањето на бродот „Илинден“. Денес се огласи Стопанската комора за туризам со седиште во Скопје со обвинувања дека клучна причина за трагедијата е тоа што бугарските туристи немале водич. Од Здружението на водичи пак, Бранко Босилков со изјава
„ Ако групата туристи од Бугарија имаше локален водич, случајот ќе изгледаше многу поинаку, зашто тој знае колкав е капацитетот на бродот...
Post Views: 1
Оваа порака денеска од Охрид ја упати бившиот претседател на Сојузна Република Гермaнија Д-р Роман Херцог, во рамките на својата посета на Охрид.
Повод за присуството на германскиот државен претставник е доделување на највисокото одликување на нашата земја, орденот 8ми септември.
Плаошник и останатите културно историски знаменитости, секогаш го оправдуваат Охрид пред светот. Ова денес го потврди и поранешниот германски претседател на СРГ Д-р Роман Херцог во рамките на својата посета на нашиoт град. Херцог изразил посебна желба заедно со нашиот Претседател Ѓорге Иванов,...
Post Views: 6
ТВМ дознава дека бродот „Илинден“ уште најмалку една недела ќе остане во водите на Охридкото езеро.
Оваа информација доаѓа од стручни лица учесници во постапката за расветлувење на случајот кои во интерес на понатамшните истраги инсистираа да останат анонимни. Она што се знае е дека мешовитата комисија составена од експерти од Бугарија, Хрватска и Македонија, ја завршија својата работа. Тимовите од Бугарија и Хрватска веќе ја напуштиле нашата земја.
Неофицијално дознаваме дека во извештајот експертите констатирале дека бродот Илинден бил технички исправен за пловидба....
Post Views: 1
Во врска со вчерашниот прилог во Дневникот на ТВМ, во кој Директорот на ЈП Комуналец, Сашо Алчев, ја кажа причината зошто е прекината соработката со Охридскиот аеродром, денес со демант се јави Директорот на аеродромот Борис Стефановски.
„Станува збор за тотална дезинформација и тотално непознавање на работите од страна ан директорот на ЈП Комуналец. Јас сум директор само на подружница на Аеродроми на Македонија, на ниво на генерална дирекција во Скопје, А.Д има сектор за комерција, финансиски и правен сектор и отаму се одвиваат јавните набавки. Јас немам врска со активности...
Post Views: 3
Македонија неподготвена за годинешната балканска криза за пченица.
„Владата ги превзеде сите неопходни мерки за да го заштити трудот на производителите. Проблеми со леб, нема да имаме“, вели министерот за земјоделство, шуматрство и водостопанство, Љупчо Димовски.
Македонија нема да има проблеми со леб, тврди министерот за земјоделство Димовски. Владата и министерството за земјоделство, шумерство и водостопаство ги превзеде сите неопходни мерки со кои ќе го заштити трудот на производителите на пченица, јачмен и `рж.
„Ја зголемивме субвенцијата по хектар од 6000 на...
Post Views: 0
Станува збор за воведување на медиумската писменост како редовен предмет во основните и средните училишта.
Целта на проектот е идните средношколци и студенти да ги унапредат знаењата за улогата и функцијата на медиумите, да можат критички да пристапат кон медиумите како и да умеат да ги анализираат и проценуваат медиумските содржини, вели Александра Теменугова, рак. на проектот.
„Проектот е поддржан од „Министерството за образование и наука“ отаму се надеваат дека истиот ќе вроди со позитивен резултат“, вели Теменугова.
„Истиот предвидува одржување на 55 обуки на кои...
Post Views: 1
Охридското Езеро порибено со 300 илјади парчиња подмладок на охридска пастрмка. Акцијата се спроведе во присуство на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.
„Според агендата на Министерството и програмата изработена во соработка со Хидробиолошкиот завод од Охрид, порибувањето ќе се одвива согласно предвидената динамика“, истакна министерот.
Обезбедени се два солидни рибочуварски чамци, кои патролираат во езерото. Ваква служба има и во соседна Струга. Со нивна помош запленивме околу 3000 мрежи, вели министерот Димовски.
Во што пократок...
Post Views: 2
Некои медиуми скршнаа од професионалноста, кога информираа за бродската незгода. Непотребни беа лажните информации, вели Др Сашо Василевски.
Катастрофалната бродска незгода што неодамна се случи во Охридското Езеро повлече низа прашања. Медиумите ја превзедоа главната улога во информативното прикажување на целокупната состојба за и после незгодата. Но по се изгледа некои печатени и електронски медиуми заборавија на својата професионалност. Во битката за сензација, се искажаа низа невистини кои претставуваат навреда, посебно за сите кои се впуштија во безрезервната...
Post Views: 7
Меѓународниот нуркачки инструктор Милутин Секуловски, ги раскажува деталите од првичната слика по потонувањето на бродот „Илинден“.
Тој прв го видел потонатиот брод. „Во досегашниото мое искуство немам видено таква слика“, вели Секуловски.
„Кога слушнавме за несреќата, бевме во нашиот нуркачки центар во Градиште. Од моментот на јавување за 20 минути три нуркачи веќа бевме под вода кај потонатиот брод“, се сеќава Милутин Секуловски, на несреќниот 5-ти септември. „Тоа што го видовме беше ужас“, додава тој.
„Се соочивме со голем ризик при вадењето на жртвите. Не знаевме...
Post Views: 2
Од нивна страна склучен е нетранспарентен договор во четири очи со „Комунално“ Струга, вели Сашо Алчев директорот на ЈП „Охридски Комуналец“.
Низа невистини беа кажани од страна на директорот аеродромот во Охрид, изјави директорот на ЈП „Охридски комунлец“ Сашо Алчев. Ваквиот став на Алчев, доаѓа како резултат на неодамнешниот прилог во нашиот дневник, во кој што беше кажано дека од неодамна ЈП „Комунално“ од Струга се грижи за хигиената на охридскиот аеродром. Алчев вели, дека единствена причина заради која дошло до прекин на соработката меѓу охридското јавно претпријатие...
Post Views: 0
Од „ЈЗО Општа болница Охрид“ велат дека не ја санираат состојбата поради тоа што не се сопственици на парцелите.
Група граѓани кај кои е развиена еколошката свест до ТВМ реагираа поради неуреденоста на дворната површина на „Општата болница“ во Охрид. Станува збор за поголем дел од тревникот во кругот на болничкиот комплекс.
„Не е во ред, во центарот на градот, а притоа и во медицински центар, да се сретнуваме со ваква слика“, обвинуваат граѓаните.
Првиот човек на Општата болница, Др. Арнаудов, појаснува дека состојбата со посочените парцели, не е решена со законот...