Post Views: 1
Државниот Грб на Република Македонија кој датира од 1946 година ќе се менува.
Се предлага петокраката да се отстрани од националниот симбол, на која покрај неа се прикажани пејсажните карактеристики, венецот со култури кои се одгледуваат во Македонија и традиционалниот вез. Ова е најнов владин предлог со цел да се исфрли петокраката од досегашниот грб како сибмбол на социјалистичкото време. Ваквата иницијатива наиде на различни рамислувања кај охриѓани. За некои новиот систем не може да се поистовети со старите симболи, а некои пак сметаат дека грбот не треба да...
Post Views: 5
Министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи ги утеши претставниците на Невладиниот сектор. Годинава буџетските средства за подршка на невладините организации се многу пониски.
Охридското езеро ќе се заштитува преку меѓудржавна соработка. После подолго време Министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи седна на иста маса со претставниците на еколошките друштва од Охридскиот регион. Целта на средбата беше запознавање на министерот со можностите, идеите и проблемите, со кои што се соочуваат Невладините организации во рамките на...
Post Views: 4
ТВМ дознава дека деновиве до регионалниот центар за заштита на културното наследство во Венеција, била доставена иницијатива за отворање на Локална канцеларија на УНЕСКО.
„ Постапката е во тек и очекуваме позитивни сигнали“, вели Антонио Балев, член на Македонската делегација во УНЕСКО:
Во тек е иницијатива во Охрид, да се формира локална канцеларија на УНЕСКО. На последната работилница на оваа организација на Обединетите неции, од Југоисточна Европа, која се одржа во Црна Гора, била покрената иницијатива за отворање на Локална канцеларија на Унеско и евентуално УНЕСКО...
Post Views: 1
Со симболичен „Марш на мирот“, „Сојузот на борците“ од Охрид ќе го одбележи 21ви септември, меѓународниот ден на мирот во светот.
Сојузот на борците од Охрид, со симболичен „Марш на мирот“ ќе го одбележи 21ви септември, меѓународниот ден на мирот во светот. Како постојани членови на „Светската федерација на ветераните“, борците од Охрид овој ден го одбележуваат секоја година. Патеката по која ќе се одвива маршот ќе започне од просторот пред „Медицинскиот центар“, ќе продолжи по улицата „Јане Сандански“, преку Кејот и крајната дестинација е „Градскиот плоштад“. Таму,...
Post Views: 0
Извршена дезинфекција, како мерка за заштита од новиот грип, во основните училишта „Григор Прличев“, „Методиј Патчев“ и „Ванчо Николески“, делумно во „Св. Климент Охридски“, „Христо Узунов“ и во трите средношколски центри, а додека во „Братство Единство“, „Кочо Рацин“ и „Наум Охридски“ засега нема ни трага од дезинфекција.
Станува збор за потребна мерка, но како се поставени работите во моментов не се знае кој ќе ја прави постапката и кој ќе ја плати вели советникот за образование Митре Велјаноски. Локалната самоуправа е сеуште во прва фаза на децентрализација и...
Post Views: 2
„За сите дивоградби имаме поднесени пријави до градежната инспекција“, вели директорот на завод и музеј Тања Паскали.
„Сите доградби, поткровја за кои се нема соодветна документација, ќе бидат срушени“, вели Петрески. Тој истакна дека комуналниот инспекторат подготвува список на објекти кои не поседуваат соодветни дозволи и кои есенва треба да бидат срушени.
Оваа акција која се кува во локалната ја потврдија и од комунлниот инспекторат. Раководителот Танас Танскоски вели дека истата која е најавена за овој месец, ќе се спроведе со сигурност, но може само да се пролонгира...
Post Views: 3
Наместо една отсега две сметки од ЈП Охридски комуналец. Граѓаните покрај редовната за подигање на смет, отсега ќе добиваат уште една, за јавна чистота.
Висината на истата ќе се движи од 40 до 70 денари во зависност од реонот на живеење.Граѓаните за овој допонителен трошок, нема да добијат никава дополнителна услуга. Улиците и понатаму, ќе бидат кави што беа.
Охриѓани отсега ќе добиваат по две сметки од ЈП Охридски комуналец. Оваа новина беше изгласана од страна на коалицијата на советот на последната седница на 14 септември, во чиј што процес на гласање не присуствуваа...
Post Views: 3
За овој зафат владата издвои 1 милион и 400 илјади денари.
„Овој зафат беше неопходен, за да се заштити фрескоживописот кој е од непроценлива вредност“, вели директорот на завод и музеј, Тања Паскали.
„Ние баравме интервентни средства. Затоа што ваков зафат немавме предвидено со годишниот план за работа 2009 год., а мораше да го спроведеме. За среќа министервото за култура излезе во престерет на нашите барања и издвои дополнителни милион и 400 илјади денари средства за санирање на кровот на катедралната црква, вели директорот на завод и музеј.“ додава таа.
Од завод...
Post Views: 2
Настапува бран големи промени во ВМРО-НП, како на локално така и на централно ниво. Третата по ред политичка опција ја докажува веќе стекнатата доверба кај меѓународните организации.
Полека ама сигурно кон зацртаните цели. ВМРО-НП од Охрид во рамките на своето конституирање секојдневно е се побројна. Тоа беше очекувано и најавено од страна на локалното членство на ВМРО-НП, вели претседателот на партијата Ванчо Костовски. Според најновата реконструкција охридскиот огранок има два потпредседатели Јоне Станкоски и Венко Калачоски, лица кои имаат потполна подршка на патот...
Post Views: 0
Децата од населбата „Гоце Делчев“ ќе добијат детско игралиште. Во низата изградени терени за игра и забава на децата, по 30 години, дојде на ред тоа да се направи и таму, најавува Градоначалникот Петрески.
Населбата „Гоце Делчев“, помеѓу граѓаните попозната какао „Бараки“, по 30 години, конечно ќе добие детско игралиште. „Неколку генерации пораснаа овде, по овие стрмни улички, каде нема ниту едно метро рамна површина и досега никој не се сети на нив“, велат граѓаните од оваа населба. „Постојано детските игри овде завршуваат со повреди, токму поради неможноста тие да...
Post Views: 2
Алармантната состојба со медицинскиот отпад ги отрезни сите структури. Тој во моментов е на сигурно, но специјалниот простор за негово одлагање е се потесен.
Се кубури со простор за негово одлагање во Јавните здравствени организации во градов. Како што деновиве ТВМ информираше голема прашина се крена околу проблемот со подигнувањето и депонирањето на медицинскиот отпад. Портпаролот на ЈЗУ општа болница Охрид Сашо Василески, вели дека сериозно се пристапи кон решавање на овој проблем. Тој додава дека проблемот е присутен не само кај нас туку воопшто во целата земја со...
Post Views: 0
Масовен одзив на Охриѓани за иницијативата на здружението на граѓани „Охрид 5 ти Септември“.
Денеска на двата пункта се потпишуваа граѓани од сите воздрасти.
„Со Македонската православна црква договоривме датум за помен на трагично загинатите туристи“, вели претседателот за здруженито.
Од денеска на градскиот плоштад и кај чинарот поставени два пунката каде граѓаните се потпишуваат и бараат коректна истрага за бродската несреќа. Охриѓани масовно излегоа да го дадат свој потпис, со што потврдуваат дека ја подржуваат иницијативата на здружението на граѓани “Охрид 5...