Post Views: 0
Комесарот за проширување на Европската Унија Оли Рен на денешната прес конференција во Брисел, соопшти дека Европската комисија ќе препорача почеток на претпристапните преговори за полноправно членство во Унијата.Општинскиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид го одбележа овој момент.Македонија доби препорака за отпочнување на преговори со ЕУ. Македонија се оправда пред Европа преку исполнување на критериумите кои и беа поставени како услов да зачекори кон нејзиниот праг.
„Би сакал да подвлечам дека препорачавме отварање на преговорите за пристап во членството на ЕУ за Р...
Post Views: 0
Советниците љубопитни, кога ќе завршат градежните активности на „Железничка“.
Градоначалникот појасни дека постојат објективни причини поради кои не е завршен овој проект. Петрески се надева дека до почетокот на следната туристичка сезона Булеварот ќе биде готов.
Советниците покажаа интерес за интензинтетот на градежните работи на Железничка. На осмата седница на чиј дневен ред имаше советнички прашања, интерес за интензитот околу градежните работи на булеварот, покажа советникот Владо Цветкоски.
Булеварот „Железничка“ ќе биде завршен следната година најави, градоначалникот...
Post Views: 0
Тој смета дека општината не е должна да помага во оваа акција, бидејки приоритет треба да им даде на верските објекти во регионов, кои се доста запуштени.
„На секоја црква пишува, направи добро и не кажувај никому. Јас тоа го направив, дадов пари но не ме прашувајте колку“, рече градоначалникот Александар Петерски кој одлучил лично да се вклучил во акцијата за санирање на штетите од пожарот што неодамна го зафати ова големо духовно светилиште. Тој смета дека е доволно што државата се вклучила во обновата на Бигорскиот манастир,потенцирајки дека општината треба да...
Post Views: 1
Македонија е петта земја во Европа која воведува задолжителна ХПВ вакцина, најавува министерот за здравство, Бујар Османи.
ХПВ вакцинацијата за прв пат задолжителна. Дилемата која постоеше во минатиот период разрешена. Македонија станува петта земја во Европа каде оваа вакцина ќе се прима без исклучок.
Министерот за здравство Бујар Османи, задоволен од работата на министерството. Тој вели дека и покрај рецесијата која ги зафати Европа и светот овој ресор има најмногу инвестиции а е и најактивен во реформите. Османи потенцира здравството да биде поштедено од какви било...
Post Views: 4
Националната агенција за европски образовни програми, за прв пат во Охрид, организира семинар за вмрежување.
Се одржа првиот контакт мејкинг семинар, односно семинар за вмрежување кој е поддржан од страна на националната агенција за европски образовни програми и мобилност од Република Македонија. Националната агенција е самостојна јавна институција која што има основна задача децентрализирано да ги управува европските фондови од областа на образованието, т.е. програмите Доживотно учење и Млади во акција. Денеска се промовира втората, со која ќе се поддржат голем број...
Post Views: 1
Во општинската каса за трите квартала се инкасирани околу 266 милиони денари, што од планираните 465 милиони изнесува 57,42 проценти.
Ваквата состојба покажува дека наскоро на некоја од седниците ќе следува ребаланс на буџетот. Раководителот на одделението за финасии и буџет, Ацо Китрозоски и квартално ги споредува состојбите од оваа и минатата година. Тој истакнува:
„Показателите споредени со 2008 и 2009 покажуваат дека има зголемување во приходот за 1 квартал од 16 проценти, и 4 проценти во 3 квартал, додека во 2 квартал има намалување во остварувањето на приходот...
Post Views: 3
Првиот човек на паркот најавува дека Министерството за животна средина издало налог до владата, корисничкото право имотот во Св Наум да му се врати на паркот.
Според најавите на првиот човек на НП Галичица Зоран Ангелоски, долгите судски натегања, позитивно ќе резултираат. Она што им беше одземено плажата, паркингот и ресторанскиот комплекс ќе оди во сигурни раце кај првобитниот сопственик.„Тоа земјиште ни беше одземено под непознати околности“ вели директорот на НП, Зоран Ангеловски.
„Земјиштето беше одземено без никаква најава. Во моментов како Јавна Установа имаме...
Post Views: 6
Силниот ветер кој што од синоќа го зафати нашиот регион нанесе големи материјални штети. За последиците од ваквата елементарна непогода надлежните не сакаат да коментираат.
Мост од топола на каналот „Студенчишта“. Од силниот ветер што синоќа го зафати нашиот регион падна старо дрво од страната на воениот центар за обука на вода. Тоа се урна врз три пловни објекти нанесувајќи им голема материјална штета. Ветерот како елементарна непогода по старото добро правило знае да ги изненади надлежните. Направена е само материјална штета. Каналот не е единственото место што претрпе...
Post Views: 1
Благодарници и златен привезок на лицата кои несебично помогнаа во спасувањето на жртвите од бродската несреќа која се случи на 5 ти септември.
На свеченоста по повод празникот 11 ти Октомври, доделени благодарници, на поединци, клубови и здруженија, кои несебично дадоа придонес во спасувањето на жртвите од бродската несреќа која се случи на 5 ти септември. Во име на Општината и граѓаните, градоначалникот Петрески, јавно им се заблагодари на: Петар василев, Зоран Гилевски, Васко Јанески, Димитар Пероски, Душко Рувчески, Марика Гаврилоска, Слободан Гаврилоски, Мартин...
Post Views: 7
Со пригодна свеченост, означен почетокот на регулацијата и уредувањето на реката Грашница.
Долгогодишниот проблем на граѓаните од населбата Грашница, конечно ќе добие среќна разрешница. Во низата свечености кои локлната ги организираше по повод празникот 11ти Октомври, се постави и камен темелник за регулација и уредување на реката „Грашница“ од ммостот на улицата „Гоце Делчев“ во должина од околу 150 метри.
„Денешниот почеток на работите во овој дел на градот , претставува само еден дел од процесот на поставување на цевководи, проширување на улиците и воопшто отстранување...
Post Views: 2
Туристичката такса, од која 20 посто завршуваат во Министерството за економија, се наплаќа само во Охрид вели раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски.
Додава дека охридските хотели и приватни станоиздаватели подлежат на наплата на туристичка такса, a тоа не e случај со останатите туристички центри во земјава. Инаку, податоците покажуваат дека за 8 месеци годинава во Охрид се остварени 446.194 ноќевања од кои 358.037 ноќевања во хотелите, а 88.157 во приватните сместувачки капацитети од помал обем. Од хотелите и останатите сместувачки капацитети...
Post Views: 3
Актуелниот вршител на должност директор на Ј.П. „Охридски Комуналец“, Сашо Алче ќе остане на оваа функција најмалку до завршување на трансформацијата на јавното претпријатие.Ова го најави градоначалникот Александар Петрески коментирајќи ги бројните шпекулации што деновиве проструија во јавноста.
„ Јас сум задоволен од работата на директорот , а верувам и вработените, затоа што за само три месеци задоа неколку заостанати плати“, вели градоначалникот Александар Петерски.
Инаку, до неодамна првиот човек на ЈП Комуналец го избираше советот, но поради можноста ова тело политички...