Post Views: 43
„Нема поголема радост и доказ за успехот на еден доктор, кога ќе допринесе еден млад живот да се врати во реалноста, вели д-р Горан Балев.
Шест годишно аутистичното дете првпат проговорило по третманите со чист кислород под притисок во Општата болница во Охрид. Покрај детето и родителите, најзаслужни за овој успех се Д-р Горан Балески и д-р Ристо Медароски, кои работат на хипербаричната комора. „Аутизмот е патолошка појава на организмот која се класифицира како психичко растројство кое се манифестира со отсуство на комуникација и присуство на сиромашни...
Post Views: 1
Нов ренген апарат вреден 300 000 евра за општа болница Охрид. Предности на новиот апарат се скратено време на изготвување снимка, како и подобрување на квалитетот на истата.
Општа болница Охрид доби нов софистициран ренген апарат. Модерниот апарат е повеќе од потреба во општина Охрид. Обострано е задоволството на менаџерите и медицинскиот персонал. Со овој потег се намалува обемот на работа, се добива на квалитет и проблемите на пациентите кои се шетаа од болница на болница завршуваат. Денес направени се и првите пробни снимки, од кои медицинскиот персонал посебно е...
Post Views: 0
Германистите од Филолошкиот факултет во Скопје, на конференција посветена на јазикот, литературата и културата.
Трета годишна конференција на здружението на Германисти на Југоисточна Европа. Овој вид на семинар за прв се одржува во Македонија. Претходно истата е одржана во Сараево и Задар. Станува збор за проект кој е финансиран од средствата на пактот за стабилизација и асоцијација заради поддршка на универзитетите во овој регион. Присутни се 60 тина учесници, претставници од 17 универзитети од Југоисточна Европа, вклучително и Австрија и Германија. Темата на конференцијата...
Post Views: 6
Со овој потег се исполни желбата на нашиот сограѓанин достоинствено да ги претстави Охрид и Македонија. Таневски е дел од светската експедиција која на почетокот на октомври тргна во освојување на Хималаите.
Македонското знаме од денеска се вее на Хималаите. Нашиот сограѓанин Мишко Танески го исполна својот сон и се искачи на еден од врвовите на Хималаите ICELANDPEAK висок 6189 метри.Заедно со уште тројца Македонци, Танески е дел од светската експедиција која во Освојување на Хималаите замина на 9 ти октомври „Сонот на секој алпинист е да се искачи на врвот на светот,...
Post Views: 0
Во Охрид, недостасуваат едукативни центри каде што младите би добивале корисни информации за нивното сексуално и репродуктивно здравје. Информациите како да се заштитат од сексуално преносливите болести и инфекции засега тие ги добиваат од едукаторите во Црвениот крст, вели Младен Божиноски, технички едукатор за ХИВ, Сида и преносливи болести. „ Овде младите се доста пристапни и прилично отворени, разменуваме информации преку дискусии, што не е лесно околу сексуалноста и разговорите околу неа“ , објаснува Божиноски.
Статистичките податоци укажуваат дека младите во...
Post Views: 11
Просторот за сместување, во градинката Јасна Ристеска, секојдневно се потесен.
Бројот на деца кои се запишуваат во истата, секоја наредна година се поголем. Од локалната најавуваат дека во најкус можен рок ќе изнајдат решение за овој проблем.
Состојбата со просторот во градинката „Јасна Ристеска“, кој секојдневно станува се потесен, најверојатно ќе добие своја разрашница. Низ годините наназад постојано се жалевме дека наталитетот ни е во опаѓање и дека не сме во состојба да го искористиме големиот простор кој таа ни го нуди. Само за споредба, во некои минати времиња...
Post Views: 0
На деветтата седница на советот на Општина Охрид, наместо предвидените 19 точки од дневниот ред, се сработија само 7.
Денешната деветта седница на совет на Општина Охрид помина речиси експресно. Со мали измени на дневниот ред и неколку предлог одлуки, советниците за речиси неполн час, завршија со работа. Од предвидените 19 точки за днешниот дневен ред, по предлог на претседателот на совет Душко Јаковчевски, кој беше со мнозинство прифатен, поминаа само 7 точки. Дополнително беше поднесено барање од страна на советникот Јоне Станкоски од пратеничката група на ВМРО Народна...
Post Views: 0
Наместо бесплатен базен охриѓани сепак ќе добијат трговски центар со катна гаража, фитнес центар, ресторан и други комерцијални услуги.
И по две недели од одржувањето на јавната анкета за Деталниот урбанистички план кај спортскиот центар Билјанини извори, не стивнуваат реакциите на граѓаните кои дирекно се засегнати со нерешените имотно правно односи во тој дел. Нивните настојувања беа во насока да добијат одговор од надлежните, што е зацртано во навидум празниот Предлог детален урбанистички план за овој дел.
Најсериозен проблем кој се наметна беше изградбата на пливачкиот...
Post Views: 4
„Опсесија“ е најновото поетско дело на Вера Маркулева Поповска.
Опсесија, нов поетски повод, ново дело на Вера Маркулева Поповска. Самиот наслов посочува на обземеност со мисли и идеи, љубов преточена во поетски ѓердан. Авторот сета енергија во своето ново послание ја дели на три љубовни области: љубов кон животниот сопатник, љубов кон Охрид и Македонија и воопшто љубов кон поколението кое сепак ја прави најсреќна. „По пауза од две години по објавувањето на своето последно дело, Маркулева го менува курсот во пишувањето. Во најновиот поетски простор, таа е далеку пстрога...
Post Views: 4
Делот за животна средина многу значаен сегмент за финалната слика која Европската унија ќе ја добие за нашата земја. „Најкомплициран е делот кој се однесува на прекугранично и историско загадување“, вели Дејан Паноски преставник од министертсвото за животна средина.
Македонија треба да го подигне нивото на админитстративни капацитети за управување со животна средина без разлика дали е на национално или локално ниво, стои во извештајот на Европската унија, во делот за животна средина.
„Извештајот е реален и отсликува се што моментално влијае на неа. Во него највпечатливи...
Post Views: 0
Од МПЦ најавуваат поголема контрола над црквите.
„Веќе сме во преговори за поставање на камери и алармни системи“, вели портпаролот на МПЦ, Тимотеј. Нашето непроценливо богатство мораме да го заштитиме, ова што ние се случи е неопростливо, додава владиката.
По серијата кражби на икони од црквите, МПЦ како чувар и имател на големо богатство одлучи да првземе активности за поголема нивна заштита. „Обрзани сме со закон но и морално, да ги заштитиме црквите од кражби. Околу овој проблем се консултиравме со стручни лица за заштита на културното богатство и заклучивме дека...
Post Views: 6
Бројните препукувања околу изградбата на овој потег од магистралниот пат М-5 на релација локална – централна, навидум стивнаа. Но што од тоа?
Скинати гуми, оштетени предници, искривени бандаши и расфрлани раткапни, се дел од последиците што ги трпат возачите заради раскопаната делница и бројните дупки кои месеци наназад никој не ги санира. Засега никој не превзема одговорност за незгодите, кои се позачестени во ноќните часови кога видливоста на патот е намалена.
Жителите од овој дел на градот, и онаа мала надеж дека ќе се санира „Железничка“, ja изгубиja. Тие потсетуваат...