Post Views: 21
Семејното насилство не претставува проблем само на оној другиот. Тоа е се поприсутно во нашето опкружување, само треба да се препознае, евидентира и санкционира.
Семејното насилство се почесто реална состојба во нашето опкружување. Оваа појава по дефиниција претставува: „Збир на однесувања чија цел е контрола врз другите со употрба на сила, застрашување и манипулација“. Насилството врз жртвата може да биде од психолошки аспект, физичко, сексуално и економско. Охрид воопшто не е исклучок по ова прашање, па така во текот на оваа година се пријавени 34 случаи на семејно...
Post Views: 0
Дождот секогаш со себе носи проблеми. Охридските улици доста оштетени. Собирањето вода е хроничен проблем, во кој инволвирани се повеќе причини. За надминување на оваа состојба потребное е решавање на проблемот со атмосферската канализација во градот.
Охридските улици претворени во бари. Непотполно изградената атмосферската канализација во делови на градот во есенскиот период доаѓа до израз. Како одраз на тоа е собирањето на вода на фрекфентните места. Мал процент за ваквата состојба придонесува и градежната експанзија вели првиот човек на „Проаква“ Бранислав Трпчевски....
Post Views: 0
Нема лиценцирана гинеколошка ординација за бесплатно ин витро оплодување во Охрид.
Жените кои се обидуваат да добијат деца, а се осигуренички на Фондот за здравство мора да се лекуваат надвор од градот. Само 5 посто од 20 проценти од брачните парови кои се лекуваат од стерилитет се упатуваат на ин витро третман, информираат матичните гинеколози. Сепак интерес на охриѓанки за вештачко оплодување во 4 –те клиники во земјава има вели Дејан Гацов, портпарол, на Фондот за здравство. Тој додава дека не е завршена тековната годината, па не се знае точната бројка на ин...
Post Views: 1
Оваа обиколница за влакно се спаси од затварање за сообраќај. Имено, таа е од суштествено значење за уредно и безбедно одвивање на сообраќајот, но за жал последниве месеци се покажа обратното.
Како што ТВМ деновиве информираше на оваа обиколница секојдневно се случуваат незгоди од кои најмногу трпат возилата. Епилогот беше оштетени предници, скинати гуми, што дополнително придонесува за небезбедност во сообраќајот. Нашите укажувања по се изгледа освести дел од надлежните структури во градов, кои сериозно ги предупредија главните изведувачи. Овие два дена се работи на...
Post Views: 10
Дивите чекачи најверојатно повеќе нема да претставуваат проблем за туристичкото работење.
Нареднава летна сезона нема да има диви чекачи.„Со намера конечно да се изнајде решение за овој проблем, од Агенцијата за туризам побаравме да дојде до промена на законските прописи. Потребни се подетални измени на законот за престој и паушално плаќање од страна на лицата кои надозволено чекаат туристи. Тој хаос кој што се случуваше во градов, нас ни беше проблем и се надевам дека со ваквиот закон кој бараме да биде донесен до наредната сезона истиот ќе биде решен.“, вели Танас...
Post Views: 0
Сопствениците на дивоградби добија решенија за рушење на бесправно изградените објекти.
Општинскиот инспекторат сеуште не ја знае точната бројка на објекти кои треба де бидат срушени. Списоците постојано се надополнуваат.
Дивоградбите во Охрид, дефинитивно ќе се рушат.По помпезните најави дека во градов ќе се урива се што е диво, деновиве од општинскиот инспекторат почнаа да ги инфирмираат сопствениците на дивите градби за нивната акција. Раководителот на општинскиот инспекторат, Танас Танаскоски, најави дека веќе три недели се изготвуваат списоците за градбите и поткровјата, ...
Post Views: 13
За да се реши проблемот со загадената вода во Св. Наум, ќе се гради прочистителна станица. Овој услов мора да се испочитува до крајот на месец мај, во спротивно против сопствениците на Маркони ќе следат соодветни законски мерки. На повидок решавање на проблемот во СВ Наум, со загадувањето на изворите. Сопстевениците на Маркони добија рок до 30 мај да изградат почистителна станица, со што еднаш засекогаш ќе се реши проблемот кој колмунираше летово, кога многу туристи беа затруени со вода. Доколку од Маркони во дадениот рок не го решат проблемот со пречистување на...
Post Views: 0
Во недостаток на учебници, проблем кој досега мораше да биде надминат, учениците се соочуваат со една сосема нова појава.
Доколку самите не купат книга, се почесто се приморани да го напуштат часот.
„Ова е навистина негативен пример и одговорно тврдам дека во иднина ќе биде надминат“, вели Митре Вељаноски, советник за образование.
Проектот бесплатни учебници продолжува да создава нови проблеми. Иако одминуваат повеќе од два месеци од почетоткот на учебната година, учениците сеуште ги немаат добиено ветените книги. Ова не е проблем само во одредени одделенија, ова...
Post Views: 8
Постојано расте бројот на нови случаи заразени со грипот А Х1Н1 во светот и во регионот.
И во Македонија се потврдени повеќе случаи на овој грип, а во Охрид и Струга досега нема откриени случаи велат од охридскиот Завод Здравствена Заштита од Охрид. Пред нас е период кога може да се очекува поголем број заразени лица. Секако дека училиштата се изложени на најголем ризик од заболување на новиот грип. Учениците велат едуцирани се и знаат како да се заштитат од болеста која го тресе светот. Од Министерството за здравство им најави дека ќе ги затвараат училиштата...
Post Views: 0
460 рибарски мрежи со должина од околу 33 километри денес беа запалени во Езерската полиција во Охрид.
Мрежите биле запленети во изминатите девет месеци во контроли на Охридското Езеро. Министерот за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, присуствуваше на нивното палење и при тоа истакна дека покрај мрежите се уништени и предмети користени во незаконит риболов. Јанкулоска кажа дека при контрола на државната водена граница, Езерската полиција, привела двајца албански државјани кај кои биле запленети 118 парчиња риба со тежина од над 10 килограми. Таа информираше...
Post Views: 0
Министерството за транспорт и врски ќе ја издава под концесија,секоја педа од Охридското крајбрежје. „Наша цел е плажите да се средат, затоа што само така можеме да ги привлечеме туристи“, вели министерот Јанакиевски. Плажи ќе никнат и на Охридскиот кеј, потврди градоначалникот Петрески.
Секоја педа слободна земја на Охридското крајбрежје, владата ќе го издава под концесија. Министерот за транспорт и врски потврди дека постапката за издавање локации за три плажи е во тек, освен просторот кој е предмет на денационализација.„Тенденција на Министерството е да се издаде...
Post Views: 3
Сотир Филевски после месец и половина повторно во својот дом.
Апелациониот суд во Битола донесе одлука да биде пуштен од притвор, ова за Твм го потврди адвокатот на Филевски, Димитрија Цобовски. Тој вели дека советот на Апелациониот суд постапил по однос на поднесената жалба поднесена од негова страна. Филевски сметано од денес во 15 часот па нареднитените 30 дена ќе биде во домашен притвор. Тоа значи дека не смее да излегува и да контактира со надворешни лица без одобрение на судот. Инаку младиот капетан беше притворен на 5-ти септември веднаш по бродоломот на „Илинден“...