opshtina

Свечена седница по повод 65 години слободен Охрид

Post Views: 0 Јубилејните шест и пол децении од ослободувањето на Охрид одбележани, ден пред датумот 7 ми ноември. Свечената седница по тој повод, беше одржана во присуство на бројни гости, граѓани, преживеани учесници на НОВ и антифашистичката револуција. Чествувањето отпочна со химната на Р. Македонија во интерпретација на гимназијалците, членови на Хорот. За значението на денот зборуваше претседателот на Советот на општина Охрид Душко Јаковчески. Тој истакна дека 65 години поминати во слобода се доволен период, за да се разберат целите на сите оние кои твореле за Охрид. Јаковчески...

Continue reading

Grb

Грбот на Република Македонија достојно да замине во историјата

Post Views: 33 Од денеска на 7 пункта отпочнува спроведувањето на иницијативата на ВМРО-НП за собирање потписи за промена на грбот. Претседателот на охридскиот огранок на партијата Ванчо Костоски очекува за три недели да се соберат потребните потписи. Време е државниот грб да замине во историјата на Р Македонија. Од денеска започнува иницијативата на ВМРО-НП за собирање 10 000 потписи за замена на сегашниото модифицирано решение на државниот грб со земскиот лав. Претседателот на охридскиот огранок Ванчо Костоски очекува поддршка на оваа иницијатива од причина што се нуди пример за...

Continue reading

deca

Охрид – регионален центар за потребите на децата со пречки во развојот

Post Views: 14 Охрид со денешната стручна промоција на развојно советувалиште за деца родени со ризик и пречки во развојот, добива можност да прерасне во регионален центар за потребите на оваа популација. Рано откривање, евидентирање и следење на деца родени со ризик и пречки во развојот беше тема на денешната стручна промоција. Заедничката соработка на здравстваниот дом од Охрид и ГТЗ  канцеларијата на германска владина организација, денеска презентира еден дел од линијата на згрижување на ризично родени деца. На семинарот учествуваа преку 70 стручни лица, претставници од 14 градови...

Continue reading

Нема ексклузивност во МЈП „Проаква“

Post Views: 1 Состојбите со претпријатието се речиси непроменети во однос на неисплатените лични придонеси и во врска со долгот што го има Проаква кон ЕВН. Петрески, има доверба во раководниот тим на ова јавно претпријатие, но спас гледа само во поделбата на МЈП „Проаква“. Најновите гласини дека ЕВН го доби спорот со Проаква,  првиот човек на ова претпријатие Бранислав Трпчевски ги отфрла како неточни. Напротив Трпчевски вели дека спорот со ЕВН е секојдневна работа што ја извршуваат службите на МЈП „Проаква“, во координација со локалната самоуправа. Тој додава дека постапката во...

Continue reading

Alesksandar Petreski

По свадба тапани

Post Views: 9 Дијаметрално спротивни иформации за претставувањето на охридската делегација на меѓународниот саем за туризам во Лугано. И немаше да биде ништо чудно доколку двете информации не доаѓаат од еден ист извор – локалната самоуправа од Охрид. Традиционалната посета на делегација на локалната самоуправа на Охрид во Лугано со политички примеси. На меѓународниот саем за туризам, кој е едено од најпрестижните саеми, на кој што биле присутни бројни светски туроператори, градоначалникот на Охрид затечен од присуството на делегациите на Виница, Битола и општина Центар. Петрески...

Continue reading

znak soopbrakaen

Паркинг места со изградба на гаражни куќи

Post Views: 1 За првиот ваков објект планската документација е завршена и доставена до министерството за транспорт и врски. Се чека ресорното министрво да објави тендер за изградба на истата. Охрид ќе добие три гаражни куќи. На овој начин локалната планира да го реши проблемот со недостаток на паркинг места во градов. Првата гаражна куќа спред плановите на општината ќе биде во градскиот пазар, втората пред Горна Порта и третата во спортскиот центар Билјанини извори. „За Гаражната куќа во скоп на  градскиот пазар завршена е планската докуметација и е доставена до министерството за...

Continue reading

potrosuvaci

Да се заштитат интересите на потрошувачите

Post Views: 11 Организацијата на портошувачи на Македонија ќе ги штити граѓаните во доменот од јавен интерес. Со овој проект се очекува зголемување на успешно решени граѓански поплаќи, велат од ОПМ. Претставници на ОПМ денеска во Охрид преставија дел од националната кампања „ Заштита на портошувачите во доменот на услугите од јавен интерес во Република Македонија“ .Оваа кампања се води меѓу шест града во Македонија, меѓу кои и Охрид а е врзана за заштитата на потрошувачи во доменот на потрошувачи од јавен интерес.„Веќе неколку години ние се обидуваме да ја анализираме состојбата...

Continue reading

Saso Vasilevski

Инфарктите напаѓаат и пред 30-та

Post Views: 5 Кардиоваскуларните заболувања земаат епидемиски карактер. Возрасната граница драстично паѓа. СТОП на крвен сад кој го исхранува срцевиот мускул, претставува инфаркт. Ваквата состојба најчесто, иако со исклучоци ја наговестуваат одредени симптоми како што се: непријтно чувство во пределот на градите, срцебиење, аритмија, намалена физичка способност. „Меѓутоа, реалната состојба со која секојдневно се среќаваме, не упатува на сосема друга насока“, вели Д-р Сашо Василевски. „Многу често оваа појава настанува без никаков аларм од страна на организмот. Можам слободно да кажам...

Continue reading

logo

Договор за светски проект

Post Views: 3 Угледен бизнисмен иселеник од Македонија ќе инвестира 33. милиони долари во Охрид. На местото на бараките кај Трудбеник ќе никне хотелски комплекс „Окото на Охрид“. Денеска потпишан и договорот на двајцата приватни партнери за реализација на овој проект. „Око на Охрид“. Потпишан договор за реализација на хотелски комплекс. Директорот на Трудбеник Ацо Спироски и Спиро Трајчевски директор на американска фирма ќе инвестираат во Охрид. Станува збор за 33 милиони долари, со кој пари на местото кај бараките на Трудбеник ќе се изгради елитен хотелски комплекс. Дојде време да...

Continue reading

urbana oprema

Што е тоа закон?

Post Views: 0 Помина рокот за подигање на урбаната опрема од јавните површини. Сопствениците мирни бидејќи инспекциските служби им гледаат низ прсти и после 31. октомври. Казните, кои не се мали, речиси никој не ги плаќа бидејќи прекршочните пријави завршуваат во судските лавиринти . Поставувањето на урбаната опрема на јавните површини е горлив проблем во градов. Од година во година проблемите во оваа сфера се наталожуваат и никако да се решат и надминат. Корисниците на оваа законска одредба години наназад не го почитуваат законскиот рок.Одговорниот на општинскиот инспекторат Танас...

Continue reading

plan

Четири плажи на Охридскиот кеј

Post Views: 10 Ова го предвидува Деталниот урбанистички план на Охрид. Реализацијата на планот зависи од инволвираните институции.       На Охридскиот кеј ќе  никанат плажи. Ова го предвидува ДУП на Охрид, за централното градско подрачје од 2000 год. Првата платформа ќе биде пред хотелот Палас. Втората ќпред старото музичко училиште, третата до поранешниот хотел ПТТ и четвртата е во непосредна близина до хотелот Милениум. Сите четири платформи навлегуваат во езерските води, а ќе бидат долги  од 90 до 160 метра. „ Према овој план , ако се реалирира, ќе се навлезе во езерото, вели...

Continue reading

Saso Alce

Дојдоја првите повисоки сметки од Комуналец

Post Views: 8 На нив има ставка за јавна чистота, а висината на истата зависи од тоа во која категорија е реонот во кој живеат  граѓаните. Комуналец го спроведува законот за јавна чистота. Последните сметки кои во моментов ги дистрибуираа ЈП се повисоки. Висината на истите зависи од категоризацијата на реонот во кој живеат граѓаните.  Охриѓани запознаени од новиот начин на пресметување на сметките од ЈП Охридски комуналец. Тие во главно прифаќаат повисоки сметки, но за сметка на тоа бараат беспрекорна чистота. „Спроведувањето на законот за јавна чистота е наша обврска“, вели дитректорот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top