Post Views: 23
Здружението на граѓани „Богојавление“, денес едногласно одлучија кумството да му го предадат на Панделески Цветан и Николоски Тане.
Годинава за фрлањето на крстот на „Водици“ од одборот на здружението најавија многу новини.
Панделески Цветан и Николоски Тане се новите кумови на манифестацијата „Богојавление“ По тој повод денеска традиционално се одржа свечена седница. Претседателот на здружението Љупчо Арнаудов годинава рече дека и годинава нема да се прескокне свечениот чин на предавањето на кумството.
Годинава ќе биде посвечено и помасовно рече Димитар Пендов, кој...
Post Views: 7
Министерството за здравство до 20 ти овој месец овозможи бесплатна акција за сите жени кои немаат здравствено осигурување.
Општата болница од Охрид спремна е за контрола на сите заинтересирани жени.
Министерството за здравство подава рака. Согласно програмата за рано откривање и спречување на болестите на репродуктивните органи кај жената предвивено е вршење на бесплатни гинеколошки прегледи со Пап тест. Општа болница Охрид стои на располагање и ја подржува целосно оваа акција вели портпаролот Сашо Василески, со цел здравјето на жената да биде подобро и навремено да...
Post Views: 2
Се прекинува традицијата која се практикуваше години наназад. Имено, Свечената академија по повод 8-ми декември, денот на Св. Климент Охридски – Патронот на Охрид, годинава нема да се одржи.
Оваа престижна манифестација, со која на едно место се собираа сите позначајни луѓе од градов, Локалната самоуправа од Охрид одлучи да не се одржи. Ова е одлука на Комисијата на Советот на општината за одбележување празници и манифестации, доделување награди и признанија, донесена по доставен предлог од страна на Локалната самоуправа од Охрид. На денот на празникот, 8-ми...
Post Views: 1
Актуелната визна либерализација кај нас и во регионот, свинскиот грип и економската криза сериозно се закануваат охридските хотели за дочекот на Нова година да останат полупразни, па дури и празни.
Во овој период лани биле распродадени 90 насто од капацитетите, а тоа ни од далеку не е случај во моментов. Најави има, но слабо оди продажбата на новогодишните аранжмани објаснуваат хотелиерите. Некои од нив, меѓу кои е Перо Кутаноски менаџерот на хотелот Гранит, се надеваат дека ситуацијата може да се измени за следните 10-тина денови. Кутаноски не е оптимист дека...
Post Views: 1
Културните мостови за соработка помеѓу Охрид и Црна Гора ќе се продлабочуваат со хорски настап пред охридската публика.
Ќе се прошируваат културните мостови за соработка помеѓу Охрид и Црна Гора. Имено, во рамки на програмата за одбележување на патронот на Охрид „Св.Климент Охридски“, на 7ми декември во Центарот за култура „Григор Прличев“ гостува женски камерен хор „Антивари мусика“ од Бар, Црна Гора. Тие ќе се претстават со своја програма насловена „Балкански корени“, во која ќе бидат вметнати и македонски песни, секако песни од нивниот репертоар и неколку песни...
Post Views: 8
Разоткриени последните разбојништва на охридско-струшкиотрегион. Утрово лишен од слобода Жан Маноски, осомничен за разбојништвото на бензиската пумпа „Макпетрол“ и Арген Каба, кој неодамна пукаше со огнено оружје во струшкиот кафе бар „Туламур“.
Разбојници завршија во притвор. Автоматска пушка, 30 куршуми, импровизирана фантомка и други предмети пронајдени се при претрес во домот на Жан Маноски. Тој утрово е приведен од страна на СВР Охрид поради основано сомнение дека е можен сторител на Кривично дело „Разбојништво“. Портпаролот Стефан Димовски изјави дека акцијата...
Post Views: 0
Пронајдено уште едно непознато беживотно тело, на патот за Велестово во близина на бензиската пумпа Биљанини извори. СВР Охрид прави криминално технички увид со заменик Јавен обвинител и истражен судија.
{loadposition content9}
Post Views: 0
Хрватска од ИПА фондовите има добиено 63 милиони евра. Како Македонија да стигне до нив, денес во Охрид претставници од Хрватска, одржаа трибина каде беа презентирани нивните искуства за користење на европските пари.
Европските пари не се подарени средства, напротив тие се крваво заработени, но ако правилно се искористат на крај резултатите се убави, изјави од Охрид Мануела Хрватин од Истарската Жупанија, Хрватска. Хрватин е советник за меѓународна соработка на евроинтеграциите. Таа денес пред претставниците на Локалната самоуправа, невладиниот сектор говореше на тема...
Post Views: 3
Здружението на инвалиди на трудот, со скромна свеченост го одбележи денешниот светски ден на оваа категорија на граѓани.
Тие упатија замерка до надлежните институции околу висината на инвалиднината која ја добиваат, а изнесува скромни 500 денари.
Со законска одредба на Обединетите нации 3 декемви е меѓународен ден на инвалиди на трудот. Ова е ден кога сите граѓани би требало да почувствуваат хуманост кон инвалидизираните лица. Здружанието на инвалиди на трудот од Охрид и Општина Дебарца е единствена независна организација која делува во овој регион, заради остварување...
Post Views: 17
Натегањата за деловните простории на ЈП Охридски Комуналец помеѓу Стефаноски и Алче, продолжуваат. Координаторот на ВМРО ДПМНЕ тврди дека во документацијата која ја добиле советниците стои дека дуќаните се под хипотека, а директорот на ЈП пак со документ од охридска банка се труди да докаже дека тоа не е точно.
Кој кого надмудрува. Координаторот на ВМРО ДПМНЕ Борис Стефаноски одлучи до крај да ја истера постапката и да му докаже на Алче дека несмее да ги продава деловните простории на ЈП. Стефаноски во рака го има документот во кој стои дека спорните простории се...
Post Views: 1
На Скромна прослава во центарот за лица со интелектуална попреченост Порака, на најзаслужните за новите простории на Порака им беа врачени благодарници. Во охридскиот дневен центар згрижение се 15 деца.
3 декември светски ден на лица со интелектуална попреченост. Овој празник одбележан и во Охрид. Дневниот центар Порака скромната прослава годинава ја одржа во своите нови простории. Задоволни што конечно имаат свое катче, на најзаслужните за тоа им врачија благодарници. „Покрај на Локалната самоуправа, огромна благодарнот упатуваме и до МЈП Проаква Работна единица Охрид,...
Post Views: 1
На 1ви декмври во Црна Гора се формира главната група за спроведување на проектот за Дримскиот Басен и неговата прва фаза, „Дримски дијалог“.
Од вчера и званично започна имплементацијата на првата фаза на проектот за управување со басенот на реката Дрим, наречен „Дримски дијалог“. Во Црна Гора се формира главната група за спроведување на проектот за Дримскиот басен. „Ова претставува успешен политички и еколошки момент за заштита на басенот, а воедно и за сите три езера кои потпаѓаат под него Охридското, Преспанското и Скадарското“, вели Паноски. Оваа иницијатива траеше...