Post Views: 0
Без огрев, без доволно храна, се снаоѓаат како знаат и умеат. Сета нивна надеж е во социјалната помош која никогаш не ја добиле.Семејството Бежоски од Охрид живее од милоста на пријателите и роднините. 13 години под кирија, со 5 деца од кои едно има едвај два месеци, се борат да го преживеат денот кој е пред нив. Милена која има 11 години, Станка 9 и Илија 6, се ученици.
„Станка сеуште не добила учебници, па се снаоѓаме и за тоа“, -се жали нивниот татко.
Миле Бежоски работи како бурекџија, но поради безработицата, само неколку дена во месецот. Со сопствени здравствени...
Post Views: 2
Директорот на охридската гимназија Љубиша Машановиќ до крај ќе ја тера постапката за задоволување на правдата. Дали со тоа само го пролонгира крајот на своето директорување или сака од оваа ситуација да излезе со чист образ набргу ќе се знае.Како што, ТВМ во вчерашниот дневник информираше, Училишниот одбор при СОУ “Св. Климент Охридски” во петокот на актуелниот директор Машановиќ му изгласа недоверба поради веќе познатата причина. Поточно заради прекршување на интерен акт на училиштето, според кој, во гимназијата „Св Климент Охридски“ можат да се запишат ученици со...
Post Views: 0
Инспекторите од дирекцијата за храна во Охрид и Струга, при контрола констатирале дека со Хассп се покриени сите производствени капацитети. Од угостителските објекти 70 проценти поседуваат документи, но само 30 проценти од нив се со валидна документација.Поголемите трговски објекти вовеле добра хигиенска пракса, а помалите дуќани засега не се исконтролирани. Инспекторите при контролите откриле низа злоупотреби направени од страна на некои имплементатори на Хассп стандардите.На инспекторите им се врзани рацете. При контролата на објектите има сопственици кои поседуваат...
Post Views: 11
Законот за заштита од пушењето е причината поради која министерот за економија Фатмир Бесими го посети Охрид. Тој имаше средба со претставници на угостителите и хотелиерите кои му се пожалија дека применaта на законот ги избрка гостите од нивните локали.
Законот за заштита од пушењето и покрај негодувањето на угостителите, се почитува и доследно се спроведува, што е добар сигнал за Македонија и напредок во функционирањето на пазарната економија , изјави министерот за економија, Фатмир Бесими по средбата во Охрид со претставници на угостителите и хотелиерите. Тој, пред...
Post Views: 0
Каневче од Ј.П “Билјанини извори” го бара она што градоначалникот писмено му го ветил уште во месец ноември мината година, а Алчев во име на Ј.П.“Охридски комуналец” се спротиставува дека паркингот не е јавен туку на Ј.П. “Комуналец” . Тој уште додава дека доколку “Билјанини извори” го сакаат паркингот треба да плаќаат месечен надомест од 90 илјади денари.
ЈП за стопанисување со спортски објекти и јавен паркинг простор си го бара ветеното. Иако одамна градоначалникот им врачил решение за стопанисување на Паркингот кај градскиот пазар, сеуште владение за него немаат....
Post Views: 2
Не се реализира даденото ветување на градоначалникот Александар Петрески дека Пештани ќе се приклучи на колекторскиот систем до годинешното прославување на Водици. Според изјавата на портпаролот Никола Манески, причината на неуспехот лежи во пукањето на цевките од колекторскиот цевковод. Иако, градоначалникот Петрески и актуелното раководство на Проаква, укажувале на криминалните дејствија на тогашните раководни луѓе на Проаква, дека поставиле несоодветни цевки. Поради таквата состојба стравувале од можна непредвидена хаварија или одложување на роковите кои ги поставиле...
Post Views: 5
Владата на Р. Македонија за прв пат годинава ќе ги субвенцинира туроператорите кои носат странски туристи, истакна министерот за економија Фатмир Бесими. Хотелиерите бараат од министерот да бидат вклучени во изготвувањето на елаборат за признавање на туризмот како извозна гранка.
Хотелската асоцијација на Македонија бара од Министерството за економија заеднички да изготват Елаборат за признавање на туризмот за извозна гранка. На оваа тема разговараа претставници на хотелиерите и министерот за економија, Фатмир Бесими. Доколку се изготви таков елаборат тоа ќе значи огромно...
Post Views: 1
За прв пат се издвоени средства од буџетот на општината. Ова е само зародиш на идејата, за чија целосна реализација ќе биде потребна помош и од државата.
„На Охрид му е потребен, различен, проевропски театар, театар како институција, јавен сервис кој ќе биде во функција на граѓаните“, изјави Горан Стојаноски подржувач на идејата за формирање професионален театар во Охрид.
Овој театар треба да има сопствен буџет и да функционира како институција во која ќе работат луѓе кои ќе прават театарски претстави. Советот на општината донесе одлука за финансирање професионален...
Post Views: 3
Советниците од ВМРО ДПМНЕ велат дека поради спецификата и увидот на истите не е можно да се разгледаат и да поминат толку точки на дневен ред за една седница.
Се јавија првите проблеми околу увидот на точките за локална планска докумнтација.Совентниците на ВМРО ДПМНЕ велат дека овие точки поминуваат експресно на седниците на советот но без доволна концентрација на советниците за што го даваат својт глас.Посебно кога се работи за централното градско подрачје поминуваат без дискусија. Тоа е апсурд и затоа барае селекција и разретчување на тие точки.
„ Не е можно по 19...
Post Views: 2
Загадувачите досега не превзеле никави активности за решавање на проблемот. Локалната самоуправа најавува акција за нивно затворања.
Сопствениеците на угостителски објекти во Св Наум, незаинтересирани за изнаоѓање решение со кое ќе се стави крај на загадувањето на изворската вода. Очигледно седумте месеци кои локалната самоуправа им ги додели почнувајки од месец ноември мината година за да го решат проблемот со пречистување на отпадните и фекалните води кои се создаваат во текот на нивното работење,не им беа доволни. Началникот на комуналниот инспекторат, Танас Танаскоски...
Post Views: 7
Од второто полугодие во нижите одделенија од општинските основни училишта ќе стартува воведување часови по физичка култура.
Проектот е наменет за учениците од 1 до 4 одделение, за подобар психо-физички развој, а ќе биде подржан од локалната самоуправа. Од таму информираат дека за таа намена ќе бидат ангажирани професори по физичка култура во осумте општински училишта.
До секторот за јавни дејности, професорите треба да понудат програми, а во нив потребно е да го прецизираат изведувањето на часовите. Станува збор за одржување часови по физичка активност кај специфична...
Post Views: 1
Охридскиот планинар Мишко Танески утре заминува за Мендоза, Аргентина од каде ќе го освојува врвот Аконкагва на истоимената планина, висок 6962 метри. Танески за само 18 месеци има искачено 8 врвови во Европа, Африка и Азија, сите со височина од над 4000 м. Со патувањето на Јужноамериканскиот континент, Мишко ја продолжува зацртаната стратегија – на секој континент по еден врв. Во планинарските кругови Аконкагва важи за еден од потешките врвови за освојување, нагласува Танески. Планината е мошне ладна, температурата достигнува и до -30 степени целзиусови, а тoj...