karpa

Не им се заканува опасност на куќите над Лапидариумот

Post Views: 0 Опасниот одрон над музејскиот комплекс Робевци што се случи пред 10 –тина дена се расчистува. Досега се исчистени околу 30 м3 од срушениот материјал информира директорката на НУ “Завод и Музеј”, Тања Паскали Бунташеска. Таа  додава дека лошите временски услови ги попречуваат работите и придонесуваат расчистувањето да се одвива со побрз интензитет. Се додека не се исчисти просторот не може да се каже ни првичната проценка колкава е настаната штета нити што ќе се прави понатаму. Мора да се исчисти земјата над карпата и да се согледа компактноста на карпата од која понатака...

Continue reading

Zeleznicka

Жителите од Железничка во социјални станови

Post Views: 0 Општина Охрид ќе обезбеди времено сместување на жителите од “Железничка”, кои изградбата на овoj булевар ќе ги остави без покрив над глава.„Нема да дозволиме нашите сограѓани да останат на улица иако не сме обврзани да превземаме вакви активности“, истакна градоначалникот Александар Петрески. Овој проблем го третираме како проблем од висок ранг. На седница на Совет веќе помина одлуката, жителите на кои ќе им бидат  срушени куќите да не плаќаат за комуналии. Ова не се многу големи пари, но сметам дека колку толку ќе им бидат од помош“, истакна Петрески. Градоначалникот...

Continue reading

gubre

Комуналец работеше и викендов

Post Views: 0 Охридски комуналец со полни раце работа.  ЈП во целост ги спроведува заложбите на локалната самоуправа, подеднакво да се уредени и центарот на Охрид, но и периферијата. Покрај зголеменото ангажирање на комуналците во чистење на кејот поради брановитото eзеро и неповолното време, деновиве вработените во ЈП покрај редовното собирање на сметот, превзедоа и вонредни активности за расчистување на дивите депонии.Минатиов викенд, десеттина работници и механизацијата на „Комуналец“ беа aнгажирани на расчистување на дивите депонии во с. Лескоец. Се чистеше сметот натрупан на...

Continue reading

kuka

Се бара „чаре“ за руинираните куќи

Post Views: 0 На пресекот од улиците Даме Груев и Богомилска, подолго време напуштена, куќа во распаѓање, се заканува по безбедноста на соседите и случајните минувачи.На само еден метар од оваа руинирана куќа се наоѓа домот на Азем Таироски. Тој загрижен  кажува дека пред еден месец се срушил оџакот и дел од покривот кои паднале врз нивната куќа, но за среќа немало штета.Под влијание на обилните дождови и снег куќата се повеќе попушта. Од  руинираната куќа се ронат ќерамидите и паѓаат греди. Таироски сега стравува од пукнатините на целиот објект и од ѕидот кој е одвоен 10 см, и е...

Continue reading

pofalnica

Домне Симончева – најстар активист на “Црвен крст” Охрид

Post Views: 2 Оваа витална 85-годишна сограѓанка, во своето сеќавање се навраќа со видливи симпатии за периодот кога станала дел од оваа хуманитарна организација. Веднаш по завршувањето на 2 -та светска војна, населението осиромашено и истоштено добивало меѓународна помош. Добиените пакети со облека и храна се распоредуваа за граѓаните по месни реони, а постоеше Комисија која строго контролираше што се дели и на кого. Црвениот крст  водеше голема сметка помошта да не се злоупотреби, се сеќава Симончева. Во повоениот период црвениот крст се грижел и за подобрување на здравјето на ...

Continue reading

pari

Ограбена баба во Трпејца

Post Views: 10 Охридските  села цел на криминалци. Напознати лица вчера дошле во домот на Трајанка Тодороска жителка на селото. Во куќата и влегле преставувајки се дека се активисти на црвениот крст и и побарале 5000 денари. Тодороска наседнувајки на приказната прво им дала 4000, а покасно уште 1000 денари. „В кујна ми влезе, можеше и да ме убие. Викаше ајде, ајде, побрзо. Дајми уште 1000 денари и ќе ти донесиме и масло, шеќер и гулаш од големите“, раскажува Трајанка Тодороска – жителка на Трпејца.   Ова не е прв случај како се ограбуваа граѓани позади нашето име, вели Анета Јованоска,...

Continue reading

Simonovski

Програмата за “Охридско лето” чека зелено светло од управниот одбор

Post Views: 13 Спектакуларно отворање на јубилејното “Охридско лето”, најавуваат од дирекцијата на фестивалот. Како гости годинава ќе бидат и дел од пријателите на “Охридско лето” кои учествувале на фестивалот изминативе години.Дефинирана e програмата за престојното љубилејно Охридско лето, но пред да се објави се чека неа да ја одобри даде Управниот одбор на фетивалот. „ Додека управниот одбор не јаодобри и додека не се потпишат договорите, несмааме да објавуваме имиња на учесници“, вели Тони Симоноски,директор Охидско лето. Од дирекцијата на фестивалот “Охридско лето” велат дека...

Continue reading

niva

Наместо нива, провалија

Post Views: 2 Имот оставен од дедо прадедо, заврши во бездна. Половина од нивата на Кире Кочоски сега буквално ја нема.Сите предупредувања дека може да остане без својот имот не вродиле со плод. Од нива со површина од 900 м2 сега едвај да остана половина. Наследството на Кире Кочоски за кое неговиот прадедо во 1920 година платил 30 златници, полека но сигурно ке исчезне во целост. „Во  месец мај минатата година тројца инвеститори извршија незаконско владеење на нашиот имот, имот кој е во наша сопственост од 1920 година“, кажува Кире. Кочоски додава дека истата година два месеци...

Continue reading

Biljanini Izvori

Билјанини извори повторно со бактерии

Post Views: 1 Последните анализи од контролата на водата за пиење од Билјанини извори, во месеците јануари и февруари, покажале повторно загадување. Последните анализи од контролата на водата за пиење од Билјанини извори, во месеците јануари и февруари, покажале повторно загадување информира директорот на Центарот за јавно здравство, д-р Атанско Михаилов. Анализите покажуваат дека водата не е исправна за пиење. Во одредени периоди се појавува загадување со присуство на бактериите ешерихија коли и ентерококи кои се забранети да ги има во водата за пиење. Општината мора да реагира и...

Continue reading

Минофрлачи од прва светска војна

Post Views: 6 2 минофрлачи и едно ѓуле беа извадени од водите на Охридското езеро. Охридските нуркачи се носители на акцијата за отстранување на неексплодирани боеви средства. Акцијата је води дирекцијата за заштита и спасување при завод и музеј од Охрид. Експонатите беа извадени од езерото во непосредна близина на хотел „Палас“ на длабочина од околу 5 метри. Минофрлачите се смета дека потекнуваат од првата светска војна а произведени биле во 1916 година во Нинберг Германија додека пак ѓулето потекнува од 15 век, вели кустосот во музејот, Никола Целакоски. „Првични претпоставки...

Continue reading

sila za mir

Нашите мировници истакнати насекаде

Post Views: 0 Мировниците на АРМ, амбасадори на нашата татковина. Денеска во касарната „Генерал Михајло Апостолски“ во Охрид се одржа свечената церемонија по повод враќањето на последниот контигент на мировната мисија од Авганистан. Началникот на Генерал Штабот на АРМ,Мирослав Стојановски рече дека најголемо е задоволството што сите мировници од мисијата во Аганистан се вратија живи и здрави во Р. Македонија. Тој додаде дека тие се вратиле со  стекнато искуство кое е од непроценливо значење за подготовката на наредните контигенти. Стојановски рече дека овој пат мисијата во Авганистан...

Continue reading

SDSM

СДСМ возвраќа на обвинувањата

Post Views: 5 По обвинувањата упатени од пратеникот Александар Николовски во врска со, како што беше речено уништувањето на градот, денеска се огласи и ОО на СДСМ. „Фактите говорат дека комплексот Летница, од кој Николоски сака да направи ТЕМА, е приватен имот истакна претседателот на ОО на СДСМ, Науме Јованоски. ОО на СДСМ преку прес конференција му одговорија на пратеникот Александар Николоски, во врска со обвинувањата кои тој ги упати кон градоначалникот. „Не знаејки како да ја покријат задужбината на вождот Никола Груески, која осиромашениот македонски народ ќе го чини 200 милиони...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top