ezero

„Охрид нема да биде поплавен“-смирува Николовски

Post Views: 0 Состојбата се следи и мора да се смири тензијата и паниката која настана кај дел од граѓаните, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски. Тој потенцира дека многумина кои што сакале да го посетат Охрид викендов, се откажале од таа намера стравувајќи од она што го слушаат по медиумите за критичната состојба на езерото. Николовски во име на стручниот тим од експерти кои се задолжени да ја следат кризната состојба гарантира дека состојбата со езерото е стабилна. Тој вели дека градоначалникот Петрески не бира средства и начин за да дојде до политички поени. Николовски...

Continue reading

parkiranje

Паркинзите во Охрид зонирани

Post Views: 0 Зонското паркирање во Охрид функционира. Добар дел од улиците во градот имаат простор за ваков вид паркирање. Она што годинава се работи во Скопје во однос на паркирањето, во Охрид е воведено уште пред четири години, вели Зоран Шикалоски од Одделението за комунален развој и сообраќај. Тој додава дека мора да се земе предвид разликата која е во територијалната поставеност и големината на градовите. Шикалоски веќе го најави вториот дел на зонирањето во Охрид. Како што кажа, извршена е сондажа на паркинг просторите во Охрид и годинава планирано било да се реализира дооформувањето...

Continue reading

pari

Секој си ја тера водата на својата воденица

Post Views: 3 „Одземените пари од сметката на општина Струга се согласно законската регулатива“, велат од Министерството за финансии. Но, од друга страна, не им е познато дека проектот за кој се земени парите, воопшто не бил технички примен.Нови моменти во врска вчерашниот прилог на ТВМ Телевизија за олеснувањето на струшката општинска сметка. Покрај општина Струга, тука се и општините: Куманово, од каде беа подигнати 13.700 000 денари, потоа општина Струмица, од чија сметка беа одземени 12.000 000 денари и општина Штип од каде се подигнати 8.300 000 денари. Во Законот за задолжување...

Continue reading

Biljanini Izvori

Водата од Билјанини извори не е за пиење

Post Views: 0 Водата од Билјанини Извори е повремено неупотреблива, тврдат од Центарот за јавно здравје. Директорот овие свои сознанија ги поткрепи покажувајки ги резултатите од испитувањата. Овој месец од 7 примероци вода од Билјанини извори во 4 е пронајдено присуство на фекалии, вели специјалистот по санитарна хемија, Сашо Точков.   Резултатите од нашите испитувања покажуваат дека водата од Билјанини Извори е повремено неупотреблива, тврди директорот на центарот за јавно здравје, Атанаско Михаилов. „Разочаран сум поради ниското ниво на комуникација со определени луѓе од локалната...

Continue reading

pres

Сметката на општина Струга „полесна“ за 4 милиони денари

Post Views: 1 Министерството за финансии одзело над 4 милиони денари од сметката на општина Струга, по основ долг на меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“ – обвинуваат градоначалниците на Охрид и Струга. Долгот пак, за кој се терети Проаква, е рата од кредит за проект кој никогаш не бил технички примен. Сметката на Општина Струга олеснета од Министерството за финансии за 4 милиони денари. Мерко претпоставува дека парите од сметката на општината се повлечени поради неисполнета обврска  на меѓуопштинското јавно претпријатие Проаква кон  „КF“ банката, а за што државата била гарант. Долгот...

Continue reading

plaketa za najdobar shtand

Туризмот ги спои локалната и Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот

Post Views: 9 Туризмот ги спои општина Охрид и Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот. По серијата обвинувања и од едните и од другите дека никако не можат да најдат заеднички јазик, сепак маката ги соедини. Дали конечно се досетија дека само со заеднички заложби Охрид може  достојно да биде претставен, или пак делењето на трошоците околу штандот, беше пресудно за оваа одлука. Инаку покрај локалната и агенцијата дел од македонскиот штанд беа и Битола и Маврово. Сите заедно имаа свое претставување, на 14-от меѓународен саем за туризам, на кој годинава беа презентирани вкупно...

Continue reading

pi-si

Е-тестирање

Post Views: 0 Образовниот центар „Пи-Си“ го презентираше проектот Е-тестирање. Станува збор за прв ваков наменски проект за образованието во Македонија па и пошироко. Наменет е за учениците, наставниците и родителите кои сакаат интерактивно да учествуваат во образовниот процес. Можност повеќе секој да провери колку знае. Ирена Јакшоска е ученичка во прва година во ОСУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид е една од учениците на образовниот центар „ПИ-СИ“ која го користи овој проект. Задоволна зборува за тоа колку начинот на работа и електорнската проверка на знаења и помагаат во процесот...

Continue reading

Kanevce

Да заживее спортскиот туризам во Охрид

Post Views: 12 Петставници на хотелските капацитети, локалната самоуправа и раковоството на ЈП “Биланини извори” седнаа на заедничка маса. Разговаа за тоа кој колку може да помогне во развивањето на спортскиот туризам во градов. Генерално хотелите се согласија да учествуваат во проектот, но побараа да се формира тело кое би требало да направи анализа од каде треба да се почне. Охрид може да живее и од спортски туризам, посебно вон сезона. Ова е ставот на  претставниците на хотелите, локалната самоуправа и првите луѓе на ЈП “Билјанини извори” по денешната заедничка средба.Целта на...

Continue reading

zeleznicka

„Железничка“, најпосле дојде на ред

Post Views: 4 По околу една година пауза  АД „Илинден“ со својата механизација се стационира на овој потег. Раководниот инжинер на објектот, Горан Домазетоски вели дека добиле нова дозвола за изведба на ул. „Железничка“ потпишана од градоначалникот Александар Петрески. Таа се однесува за целосна градба на улицата за разлика од претходната дозвола каде имале право за изградба само на дел од истата. Домазетоски вели дека со новото одобрение за градба отпочнати се повеќето активности, од кои приоритет се дава на првиот проект кој се однесува на атмосферската канализација. И покрај комплетираната...

Continue reading

ezero

Достигнат максимум на водата во езерото

Post Views: 6 Водостојот на oхридското езеро ја достигна критичната точка. Заклучно со денес, како што не информира Константин Угрински хидролог од Хидрометеоролошка станица во Скопје водостојот е 68 см. Со тоа максимумот е надминат и достигнатата кота од 693,85 се смета за критична, бидејќи за 10 сантиметри е повеќе од договорената кота со Р. Албанија. Угрински предупреди дека под итно потребна е регулација на водостојот што ја врши ХЕЦ „Глабочица“ за да нема несакани прелевања на водата од езерото. Абнормалниот водостој на езерото според Дејан Паноски, од билатералниот секретаријат...

Continue reading

VMRO DPMNE

Нови ветрови во општинската ВМРО-ДПМНЕ

Post Views: 23 Копјата се кршеа помеѓу традицијата и новите партиски сили. Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, конечно доби свој челник. Атанаско Михаилов, актуелниот директор на ЗЗЗ е човекот кој во наредните години ќе се обиде да му донесе победа на ВМРО ДПМНЕ и на локално ниво. Сценариото за избор на претседател на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ  што ТВМ го пласираше пред извесен период, синоќа стана реалност. Прв човек  стана личност со партиско искуство, но сериозен играч беше и личност од новите партиски сили. Атанаско Михаилов е новиот претседател на општинската ВМРО. Вака...

Continue reading

poplava

Даљан нема да се излее

Post Views: 19 Колку и да врне, реката Даљан нема да се излее, рече градоначалникот Александар Петрески. Тој вети дека локалната ќе ги обештети сите кои беа поплавени според записникот кој го направи комисијата, но го повика и Цветко Грозданов да си го исполни своето ветување. Излевање на реката Даљан, нема да има. Со градежните зафати кои ги спроведовме после поплавите го спречивме тоа. Состојбата со водотеците во охридско, будно ја следиме. Сега државата треба да си ја заврши својата работа. Треба да даде дозвола за испуштање на езерото колку што е потребно, истакна градоначалникот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top