JZU Zavod za kardiovaskularni zaboluvanja

Дали има лек за охридското здравство

Post Views: 2 На крајот на  2008год. Фондот за здравство, со Владина одлука, на сите Јавни здравствени установи во РМ им ги отпиша долговите, така што 2009 ја започнаа со салдо нула. Јавната здравствена установа „Медицински центар“ од Охрид не ја искористи оваа поволност и минатата година повторно ја заврши со долг, овојпат во висина од 57 и пол милиони денари. Директорот на оваа установа, Д-р Љубен Арнаудов, вели дека овој долг е наследен по основ задоцнети фактури и судски пресуди доспеани во овој период, а не е новонастанат. Портпаролот на центарот, Д-р Сашо Василевски тврди дека...

Continue reading

Damjan Pejcinoski

Дамјан Пејчиноски, прв на on-line гитаријада

Post Views: 0 На “Shred this too” гитарски натпревар генијалниот, охридски гитарист, Дамјан Пејчиноски  го освои првото место во конкуренција од 318 гитаристи од целиот свет. Ова беше одлука на жирито во состав: специјален гости-судија беше Марко Сфогли од Италија,гитарист во бендот на Џејмс Лабрие(пејачот на Дрим театер)Рик Греам и Том Квејл од Англија, Магнус Олсон од Шведкса и Крис Брукс од Австралија. После Дамјан Пејчиноски, второ пласиран беше Тум Симарат од Тајланд, на трето место се најде Брајан Еспи од САД. Интернационалниот успех на генијалниот гитарист Дамјан...

Continue reading

Plaoshnik

Патот кој води кон комплексот – Плаошник, опасност за минувачите

Post Views: 2 Обилните врнежи и археолошките зафати кои се одвиваат на локалитетот причина за паѓање на дел од потпорниот ѕид. Од Национална установа – Завод за заштита на културните споменици и националниот Mузеј, смируваат. Со санација ќе започнат веднаш штом ќе дозволат временските услови. Единствениот приод кон комплексот „Плаошник“  видно оштетен. Граѓаните од стариот дел реагираат дека ситуацијата е алармантна. Речиси половина од ѕидот е срушен во локалитетот. Но, од Национална установа – Завод за заштита на културните споменици и националниот Mузеј велат дека место...

Continue reading

VMRO-DPMNE

Се крои општинската листа на ВМРО ДПМНЕ

Post Views: 0 ТВМ дознава некои од имињата кои ќе бидат на високи позиции во Општинскиот комитет.Д-р Хари Шокаровски, Проф. Д-р Цветан Андрееска, М-р Јованка Дамовска и Марјан Ристевски се само дел од дваесеттината членови на новиот состав на  Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Шокаревски кој беше еден од сериозните кандидати за претседател на комитетот и сега е во игра за висока позиција. Од партиски извори дознаваме дека во новиот состав ќе има претежно млади и амбициозни луѓе, кои имаат јасна визија за просперитет на Општинскиот комитет и на партијата воопшто. {loadposition...

Continue reading

turisticka agencija

Ставени во „ѓонија“ дивите туристички агенции

Post Views: 9 Пазарните инспектори во акција за откривање на диви туристички агенции. При контролата, инспекторите, утврдиле дека две агенции не работат според Законот за туризам. Незаконските агенции заработиле глоба во висина од 4100 евра. Во контролата биле прочешлани и училиштата кои организарале училишни екскурзии. Во три од нив било откриено дека патувањата ги организирале токму дивите агенции, вели Ѓорѓи Бошалески, раководителот  на подрачната единица на Државниот пазарен инспекторат. Тој објаснува  „станува збор за физички лица кои посредуваат при сместување не само во своите...

Continue reading

odron

ЦУК со конкретни активности, одрон на карпа на патот Охрид –Св. Наум

Post Views: 3 Превентивни насипи со вреќи со песок, беа поставени денеска на пониските делови на патот Струга-Охрид. Од Центарот за управување со Кризи соопштуваат дека состојбата будно се следи на територијата на целата земја и дека веднаш ќе се интервенира онаму каде што има потреба. Временските неприлики причина денека да се одрони и голема карпа на патот Охрид – Св. Наум. Центарот за управување со кризи започна со конкретни активности. Денеска на пониските делови на крајбрежјето на Охридско-струшкиот регион , беа поставени 7000 вреќи со песок за изградба на превентивни насипи...

Continue reading

Skrebatska reka

Кај Лакочереј ставена под контрола Скребатска река

Post Views: 1 Делови од Лакочереј  за време на викендот беа поплавени.   25 хектари обработлива површина и насади од јаболка и цреши се најдоа под вода, кажува  советникот Климе Тренески, жител на ова село. „Сега засега, состојбата е мирна, за време на критичните денови водата е вратена во речното корито и само мал дел се излива во нивите“-изјави Тренески. Топењето на снегот и обилните дождови го наполнија коритото на Скребатска река. Делови од селото беа  поплавени од прелеаната  вода, па предизвика штети на земјодлеските површини, кажува Тренески. Само со навремена реакција на...

Continue reading

Sovet

Седницата на советот, жртва на меѓупартиската „комуникација“

Post Views: 2 Денешната петнаесетта седница на Советот на општина Охрид, бојкотирана од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Паноски, изјави дека причина за бојкотот е тоа што официјалната веб страна на општината е злоупотребена во политички цели, како и за изнесување на најниски навреди против личности, се со цел, нивна деградација. Тој додаде дека овој вид на комуникација претставува срам за Охрид, а советничката група на ВМРО ДПНЕ мора да реагира соодветно. Советниците на ВМРО бараат извинување за последните два текстови и нивно повлекување од општинската...

Continue reading

torta

Традицијата на „Опел Старт“ продолжува

Post Views: 7 Со традиција од 20 години успешно работење и само неколку вработени на почетокот,  денес „Опел Старт“ е  реномиран продажен авто-салон, кој брои околу 20-тина вработени кои се вклучени во  активноста на фирмата. Во текот на двете децении од постоењето  на авто салонот, љубовта кон автомобилите му дала поттик на соптвеникот Глигор Пљакоски, својот животен век да го посвети на продажба и сервисирање возила. Управителот на авто-салонот Горан Чалоски пред бројните гости истакна дека успехот на „Опел Старт“ се должи на довербата која купувачите ја имаат кон нив. Не беа заборавени...

Continue reading

Peshtani poplava

Пештанци под вода

Post Views: 8 Подрумските простории им се поплавени веќе еден месец. Загрижува фактот што од ден на ден нивото на водата се повеќе расте. Иако во повеќе наврати било пријавувано во кризниот штаб, оттаму до ден денес не превзеле ништо. Жителите се жалат дека никој од надлежните не дошол ниту да ги види, а камоли да им помогне. Тие стравуваат дека водата секојневно им уништува се што печалеле со години. „Не спиеме по цели ноќи. Водата ни направи огромна матријална штата“ велат пештанци. Поплавените куќи во пештани денеска ги посети градоначалникот Александар Петрески. Тој рече дека...

Continue reading

Turisticko-ugostitelska komora

Угостителите бараат европска терапија

Post Views: 1 Македонското угостителство веќе е на колена, велат од Туристичко-угостителската комора. Од надлежните бараат под итно да направат измени во Законот за заштита од пушење. Туристичко-угостителската комора на Македонија на едно место, во срцето на македонскиот угостителски туризам. Од Охрид тргна караванот под името „Забраната е  штетна за демократијата – дискриминацијата убива, бараме европска терапија„. Oд надлежните бараме да учествуваме во измените на членот 2 и 3 од законот, со што на пушачите, ќе им дадеме права како и на непушачите. Да имаат избор, додаде Бербери,...

Continue reading

most na zelbite

Желбите паднаа во вода

Post Views: 8 Се урна мостот на желбите. Временските услови кои го зафатија деновиве Охрид, пред се силниот ветар од југозападен правец и големите бранови, урнаа дел од пешачкиот мост наречен „Мостот на желбите“. Мостот беше направен за 17 дена. А иницијаторот за неговата изградба Митко Пендов при пуштањето во употреба изјави: „Мислам дека со векови ќе биде од корист на сите.“ Инвестицијата за мостот чинеше околу 2 милиони денари или околу 30 илјади евра.  Овие средства беа дар за охриѓани од фондациајата Рамковски. Сега  е време за нова желба: „да се поправи мостот,и да се направи...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top