Post Views: 0
„Допрва не очекуваат проблеми поради високиот водостој на езерото“ истакна архитектот Димитар Зарчев. Штетите ќе бидат повеќекратни и долгорочни, а опасност му се заканува и на колекторскиот систем, тврди некогашниот раководител со фирмата која го градеше. На оваа тема Зарчев ќе дискутира и на стручната трибина во организација на општина Охрид на која покрај него ќе земат учество експерти од хидробиолигијата, екологијата, ЕКО-Здруженијата и НВО. Трибината е свикана со цел отстранување на опасностите во иднина од слични појави. Во контекст на ситуацијата со обилните врнежи...
Post Views: 1
Тим од државни просветни инспектори трет ден ја скенираат работата на основното училиште „Св.Климент Охридски“. Под лупа се ставени планирањето и подготвувањето на наставата, следење на наставните часови, постигнувањата на учениците, работата на наставниците, раководењето со институцијата како и целокупната инфраструктура.
Претседателот на инспекцискиот тим, Митре Шуминоски, нагласува дека работата на ова училиште е случаен избор за нивниот увид. Контролата има за цел учениците да добијат подобар наставен и образовен процес во училиштата, вели Шуминоски.Забелешките,...
Post Views: 0
Тешка е борбата со природата. „Актуелната состојба со водостојот на Охридското езеро е сериозен проблем. Кој ќе биде конечниот епилог никој не може да предвиди“. Ова синоќа го изјави Премиерот Никола Груевски и рече дека се прават максимални напори за да се надмине состојбата. Тој потенцира дека државните институции максимално биле ангажирани во насока на спречување на поплавите. Груевски додаде дека во оваа состојба се наметнуваат две прашања, дали се дава потребниот максимум од страна на Владата и второ дали Владата ќе успее да ја победи водената стихија.Министерот...
Post Views: 0
Гласините кои деновиве проструија низ охридската јавност дека се подготвува смена на првиот човек на Националната Установа Фестивалот „Охридско лето“, се чиста шпекулација, вели директорот Тони Симоноски. Напротив, додава дека привршуваат подготовките за уште едно успешно издание.
Споменуваната алтернатива за директорското место, Зоран Велјаноски – Летра, е чиста невистина, дознава ТВМ од високи партиски функционери.
Но, истите потврдуваат дека Министерството ја анализира досегашната работа на Симоноски и неизвесно е дали ќе следува негова смена.
{loadposition...
Post Views: 3
Доколку не постапеше по наредбата на Министерството за образование, ќе беше законски санкциониран од истото. Со тоа што ја испочитува наредбата пак, само го навлече гневот на Локалната врз себе. Деновиве, како што веќе информиравме, тој беше разрешен од страна на училишниот одбор. Се чека верификација на одлуката од градоначалникот. Министерот за образование Никола Тодоров не чувствува морална одговорност за смената на Машановиќ, со образложение дека секој мора да се раководи согласно законот за задолжително образование.
{loadposition content}
Post Views: 8
Утрово, Градоначалникот на Охрид, свика прес конференција, која доаѓа како резултат на синоќешните напади во електорнските медиуми упатени од страна на Премиерот Груевски. „Не ја користам елементарната непогода да собирам ситни политички поени, мене поени не ми се потребни“, изјави Александар Петрески.„Воопшто не бараме помош, бараме само да не остават да си ја вршиме нашата работа“, со овие зборови охридскиот градоначалник, Александар Петрески одоговри на синоќешните напади упатени од страна на премиерот. Премиерот Груевски на синоќешната трибина рече дека охридскиот...
Post Views: 11
Над 30 хектари обработлива земјоделска површина и голем број домови се поплавени од надојдената Коселска река. На протест, поплавените жители на Орман го искажаа револтот против централната и локалната власт за сегашната ситуација. Револтирани, тие кажуваа дека по 27 декември мината година, синоќа повторно се бореле со надојдената речна вода. Спасот од поплавите го гледаат во чистењето на речното корито и околните канали.Пред три години имало чистење на речното корито но тоа не било добро изведено, потенцираат од месната заедница. Апелираат до централната власт, ...
Post Views: 2
„Градот и езерото, не им припаѓаат само на Охриѓани и на Македонија, туку тие се светско културно наследство, за кое треба да се грижи целиот свет. Кога оценав дека Владата не се грижи доволно за нас, побарав помош од соседите“, вели градоначалникот Александар Петрески, посочувајќи ја незавидната економска состојаба на балканскиот бисер.
„Не ми е важно од каде ќе дојде помошта, важно е да дојде до инвестиции во Охрид, а со тоа и до решение на нашите проблеми“, додава Петрески.
Градоначалникот уште еднаш укажа на фактот дека со премиерот и владата разговараат исклучиво...
Post Views: 2
Дебелината, неправилната исхрана, пушењето и физичката неактивност се водечки причини за болестите на срцето и мозочните удари кои можат да се забележат во се помлада возраст.
Општинскиот црвен крст се вклучува со низа активности за едукација на млaдите како да го зачуваат здравјето од овие заболувања. Посебен акцент во активностите на Црвениот крст ќе биде ставен на вештината на укажување прва помош како безбедносна мерка при срцев напад и мозочен удар.
Во соработка на општинскиот Црвен крст и Центарот за јавно здравје од Охрид, во текот на утрешниот ден на градскиот...
Post Views: 11
Последните препукувања помеѓу централната и локалната власт околу комплексот Летница, мотив нашата ТВ куќа да испита што се случува со оваа атрактивна охридска локација.
„Летница е сопственот на Охрид турист. Проектот за реконструкција го работат Софија Мизова и нејзината сестра Маргарита Трендафилова. Тие се проектанти по барање на сопственикот на објектот“, вели раководителот на секторот за урбанизам, заштита на животната средина и комунален развој,Бранко Арнаудов. Тој додава дека сопствениците на локацијата и објектот побарале во месец март 2009 год да се изработи...
Post Views: 3
Уште една непроспиена ноќ е зад жителите од улицата Железничка, кои се наоѓаат наспроти некогашната Винарска Визба. Нивните дворови пливаат во вода. Убедени се дека ова е резултат на работите кои се изведуваат на улицата. Тие велат дека откако започнало проширувањето на истата, се јавиле и проблемите. Спасе Андоноски, се сеќава на најголемите поплави од ’63, година, но дури ни тогаш ваков проблем немале.
Спасе додава дека одливот на атмосферската вода порано бил добро решен со стариот систем на одводни канали кои атмосферските води ги спроведувале во реката Сушица. Но...
Post Views: 10
Започнува спроведувањето на Проектот за професионално насочување на матурантите, М.О.К.У.
Одлучи сам? Што ќе бидеш? Каде сега? Ова е слоганот на проектот за професионално насочување на матурантите, М.О.К.У – Матрица на очекувана кариерна успешност. Проектот, за прв пат годинава се спроведува во организација на Министерството за образование и наука на РМ и Центарот за образование на возрасните, заедно со Високата школа за новинарство и односи со јавноста како и Бизнис академијата Смилевски. Во рамките на проектот матурантите ќе се тестираат за тоа која професија најмногу...