Post Views: 2
„Место каде холандските туристи ќе се чувствуваат како дома“.
Вака го нарече Холандскиот парк во Охрид, Холандската амбасадорка во Македонија Симеоне Филипини. Станува збор за потврда на повеќедецениската врска на Охрид со холандските гости.
Со низа свечености денес заврши првата фаза од реализацијата на проектот, Холандскиот парк во Охрид. Симеоне Филипини, холандската амбасадорка во Македонија потенцира дека ова не е нов почеток на пријателските односи меѓу овие две земји, бидејќи односите се на завидно ниво. Ова е обид за промоција на Охрид и Македонија во Холандија,...
Post Views: 1
Уништување на езерската трска која е природно мрестилиште на Охридскиот крап.Стебла стари неколку децении сосечени до земја.
Се тоа во интерес на урбанизацијата на просторот.Што следно ќе биде жртва на урбанизацијата? Продолжува систематското уништување на флората и фауната од Охридското крајбрежје. Комуналната инвазија која прети да уништи се она што некогаш беше заштитен знак на градов, сега е насочена кон делот од крајбрежјето до хотелот Парк. На овој потег, исечени се до земја неколку повеќегодишни стебла. Станува збор за стебла стари и по неколку децении. Неколку...
Post Views: 0
Колку потрошувачите ги знаат своите права загарантирани со закон? Колку се информирани за нив? Знаат ли каде да се обратат доколку нивните потрошувачки права се загрозени?
Од Организацијата на потрошувачи на Македонија интензивно работат на поширока измена на законот, додека од Државниот пазарен инспекторат, се трудат тој да биде подобро имплементиран.Македонските граѓани многу малку се запознаени со своите права како потрошувачи. Најголемиот дел од нив знаат дека може да се обратат само до оние од кои ја купуле робата. Малкумина од нив знаат и дека воопшто постои...
Post Views: 2
Локалната администрација покрена иницијатива домот за средношколци „Ванчо Питошески“ да се издвои од угостителското училиште, во чиј склоп работи веќе 47 години. Од локалната причините за оваа постапка ги лоцираат во зајакнување на воспитната улога и стручната работа на домот. Меѓу причините се вбројува и можноста за менаџирање со домот во туристичката сезона и остварување на дополнителни приходи. Објаснуваат дека 14–те професори не може да ги остварат овие цели. Угостителското училиште „Ванчо Питошески“ и досега во туристичката сезона го користеше овој дом за остварување ...
Post Views: 26
Охридската касарна ќе прерасне во образовен центар. Дознаваме дека за еден месец, таму треба да се дислоцираат универзитетите, но и да се изгради кампус за студенти. Градоначалникот Петрески вели дека покрај студентите, на овој простор ќе бидат сместени и Секторот за Внатрешни Работи и Противпожарната станица.
По одлуката на владата касарните во градовите да преминат во сопственост на општините, ќе се трансформира и Охридската касарна. Градоначалникот Александар Петрески вели дека планот на локалната самоуправа е таа да прерасне во образовен центар, каде ќе бидат сместени...
Post Views: 0
Уништена црквата Св. Архангел Михаил во Долна Белица. Злонамерниците со тврд предмет целосно го демолирале дрвениот иконостас, а со тврд предмет ги оштететиле и сите ѕидови на црквата. Дивеењето отишло дотаму што биле извадени и лимовите од кровот, а металниот крст бил изваден и фрлен на земја.
Уништена црквата св. Архангел Михаил која се наоѓа на тромежјето помеѓу Долна Белица, Враништа и Заграчани.Од СВР Охрид информираат дека непознат сторител со тврд предмет насилно рушил мал дел од бетонскиот ѕид на црквата, по што влегле во помошната просторија на црквата каде...
Post Views: 8
Ракот на дебело црево се почесто ги напаѓа младите лица. Статистичките показатели во општина Охрид покажуваат дека помладите лица во 2009 година биле на удар од ова заболување. Д-р Слободнака Коцевска, специјалист по социјална медицина укажува дека има поместување на возрасната граница со споредените податоци од 2005 и 2009 година. Пред 4 години од ова заболување на удар биле жените над 65 години, а лани има загрижувачко поместување на старосната граница. 17,1 посто од канцерогените заболувања отпаѓаат на колоректален карцином кај лицата на возрат од 35 до 44 години...
Post Views: 1
Од кога единствената велосипедска патека во Охрид од мостот кај Билјанини извори до Горица е забранета за велосипедисти? Денеска бев сведок како сообраќаен полицаец ги отстранува велосипдистите кои возеа по таа патека, стои во дел од дописот кој наш сограѓанин го испрати во редакцијата на ТВМ. Во продолжение на е-маилот нашиот гледач бара да откриеме зошто соопраќајната полиција изминатиов викенд вршела вакви контроли на овој потег.Во интерес на вистината, се обративме во СВР Охрид. Портпаролот Стефан Димовски вели дека изминатиов викенд на целото подрачје на Општина...
Post Views: 0
Со свечена приредба основното училиште „Христо Узунов“ го прослави по 33 –ти пат патрониот празник. Пред присутните гости од Словенија и Србија, родители, вработени и ученици обраќање имаше директорката на училиштето Оливија Пирузева Јанева. Таа се осврна на развојот, успехот и проектите кои ги реализира училиштето во изминатата година. Поминаа многу генерации ученици и професори кои оставија свој белег во неговата историја. Приоритет на училиштето е да се понуди што поквалитетно образование како сервис на учениците и партнер на родителите истакнаа Јанева, а при тоа...
Post Views: 1
Бунт на станарите од централното градско подрачје. Имено, тие се револтирани поради новиот објект кој деновиве интензивно се гради помеѓу трите кули наспроти старата автобуска станица. Оваа градба била оспорувана со анкетни листови уште во 1998 година, велат станарите кои тогаш успеале да го спречат издигнувањето на зградата. Но, проблемот и понатаму останал. Инвеститорот Славе Келешоски кој од неодамна добил решение за градба од пред еден месец започнал со градба на новиот објект кој според станарите го нагрдува просторот. Тие повторно покренале постапка за стопирање...
Post Views: 1
Надежта последна умира. Туристичките работници од градов, а и пошироко сметаат дека и покрај големиот број песимистички најави ќе имаме успешна туристичка сезона. Тие сериозно се зафатија за работа сакајќи во Охрид повторно да ги вратат гостите од соседна Србија. За таа цел во нашиов град пристигнаа српски туроператори и еминентни новинарски куќи за да им се покаже дека Охрид е подготвен за туристичката сезона. Перо Јакимовски, сопственик на туристичка агенција, вели дека преку годината се прават сериозни напори што поголем број туристи да дојдат и да го посетат градов....
Post Views: 8
Се очекува успешно да завршат преговорите помеѓу локалната самоуправа и Министерството за транспорт и врски за отстапување на државно земјиште кое ќе биде наменето за изградба на Дом за стари лица најавува Бранко Арнаудов, началник на секторот за урбанизам и просторно планирање. Тој ги појаснува деталите околу подготовката на документацијата за градба. „Завршени се измените на Законот за просторно и урбанистичко планирање, а со изработка на локалната планска документација сме при крај“, истакна Арнаудов. „Извршена е ревизија и до крајот на април ќе се најде за усвојување...