Jovanovski

Робинзонскиот живот на глувонемиот Ристе Јованоски

Post Views: 7 Високо во планината Галичица, во селото Шипокно  на седум километри од Охрид во трошна, скромна  куќичка живее глувонемиот Ристе Јованоски. Животната судбина си поиграла со овој четириесетгодишен  маж, кој  живее сам во тешки животни услови. Во селото нема вода, па Јованоски минува и по два километри да наполни вода до најблискиот извор. По планинскиот, неасфалтиран пат што води до Шипокно нема автобуски или такси превоз, па Јованоски  секојдневно  и по сонце и по снег доаѓа пеш до своето работно место во Охрид. Покрај хендикепот со говорот и слухот има проблеми и со...

Continue reading

Grashnica

Стопирани активностите околу изградбата на пешечка петека од Грашница до Канео

Post Views: 4 Од Завод и музеј не се сложуваат со плановите на локалната самоуправа, за изградба на пешачка патека од Грашница до Канео. Тие деновиве ги стопираа градежните активности, со обарзложение дека се нарушува автентичноста на просторот. Градоначалникот Александар Петрески оваа одлука на одговорните ја толкува како политичка. „ Не држи мислењето на Завод и музеј дека поради патека која се гради од песок и камен ќе има забелешки Унеско. Унеско може да има забелешки за преку 300 – 400 дрва исечени на Плаошник и за тоа што се правеше во Градиште на неколку метри од езеро“, истакна...

Continue reading

EVN

ЕВН поефективно да делува

Post Views: 24 За време на продолжените викенди вообичаено, Охрид го посетуваат т.н. викендаши кои имаат свои станови. Голем дел од нив не сe  жители на нашата земја туку се од надвор, како што е тоа Р.Србија. Годинава дел од нив по се изгледа малку ги збуни тоа што за прв пат се соочуваат со проблемот на исклучена електрична енергија. Не сакаа да коментираат пред нашата камера и се пожалаа дека иако уредно ги платиле сметките по се изгледа затајуваат дежурните служби на ЕВН кои од вчера па се до овој момент сеуште не се појавиле да ја извршат својата законска обврска и да ја приклучат...

Continue reading

parking

Oграничено влегување, паркирање и запирање на возила во стариот дел на градот

Post Views: 2 Охридските советници наскоро ќе одлучуваат по најновата предлог одлука за организирање на градскиот сообраќаен режим. Стручните служби од локалната самоуправа со измените предвиделе низа новини за одвивање на сообраќајот за поголема безбедноста на пешаците. На градските улици ќе се става ред да нема сообраќаен хаос. Така, на повидок е ограничено влегување, паркирање и запирање на возила во стариот дел на градот.Жителите ќе влегуваат до 20 часот со пропусници, а по 20 часот ќе има забрана за запирање и паркирање на возилата. Кај кружниот тек планирано е да има само движење...

Continue reading

sostanok sindikati

Синдикатите бараат излез од економската криза

Post Views: 1 Највисоките претставници на Синдикатите од градежништвото, индустријата на градежни матријали, шумарство и преработка на дрво, на состанок во Охрид. Претставниците од Србија, Хрватска, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, членки на меѓународната федерација за градежништво, дрвна индустрија и шумарство, како и координаторот за Југоисточна Европа, на едно место ги собра претседателот на Група 9, Живко Митревски, со цел  заедно да утврдат соодветна стратегија за делување, поради економската криза. „На состанокот се разовараше и за колективното договарање...

Continue reading

hotel Park

(видео) Парк не падна од прва

Post Views: 23 Специјален тим за минирање од вчера на пладне беше на терен. Најпрво го обезбедија теренот, а потоа го поставија експлозивот за безбедно рушење на хотелот Парк. Добрите познавачи на градежништвото велат дека во периодот од 40 години од кога првично е изграден овој хотел не била забележана ниту влага ниту мувла што зборува дека се работи за многу цврста градба. Точно заради тоа, како што ТВМ неодамна објави бил отежнат целиот процес околу рушењето на хотелот.Уривањето започна со минирање на главната зграда за што специјализирана компанија употребила 108 кг. експлозив....

Continue reading

kvadril

Охридските матуранти од хотел на плоштад

Post Views: 2 Околу 300 охридски матуранти од општинското средно Училиште „Св. Климент Охридски“, точно напладне беа дел од матурската парада која се одржа во 70-тина градови во Европа. Тие по четврти пат го танцуваа квадрилот од Штраусовата опера  „Лилјакот”. Матурантите ја прославија својата зрелост на охридскиот плоштад под водство на професорката по физичко воспитување Соња Думбалова Делова.               „Интензивно работевме три недели и горда сум што денес учениците успешно го изведоа танцот,  ја покажаа својата зрелост и достојно го презентираа својот град и земја“, истакна...

Continue reading

PP vozilo

Пожарникарите прославуваа

Post Views: 16 Пожарникарите го прославија својот празник, 20-ти мај –  Денот на пожарникарите во Р Македонија. По повод овој празник денеска во ПП станица се одржа скромна свеченост на која присуствуваше и градоначалникот Александар Петрески. „ Секаде каде што општините добија ингеренции над противпожарните единици, тие покажаа подобри резултати отколку претходно кога беа на централно ниво. Иако делумно ја имаме превземено противпожарната заштита, имаме голем напредок, досега направивме три пати повеќе, отколку во изминативе триесет години. Набавивме нови основни средства и...

Continue reading

Atletski miting

Лошо време, одлична организација

Post Views: 2 И покрај лошите временски услови, на СРЦ „Билјанини извори“ околу осумдесет атлетичари од неколку балкански земји ги одмерија силите во 13 атлетски дисциплини. Главните актери на митингот, атлетичарите, задоволни од условите и организацијата.Лоши временски услови, но одлична организација. Успешна премиера на првиот меѓународен атлетски митинг, „Охрид 2010“. Лошите временски услови беа причина поради која митингот го проследија само неколку стотици гледачи. На митингот учествуваа осумдесетина атлетичари кои се натпреваруваа во повеќе дисциплини. Своите техники ги демонстрираа...

Continue reading

pres sdsm

Зошто туризмот трпи-одговорија од СДСМ – Охрид

Post Views: 0 На секој сегмент на туризмот охридските социјалдемократи најдоа дамка. Без перде и без влакна на јазикот тие на денешната прес конференција го пренесоа својот партиски став за моменталната состојба на туризмот кај нас. Сите критики беа упатени на адреса на Агенцијата за поддршка и развој на туризмот и актуелната Влада на ВМРО – ДПМНЕ. Портпаролот на СДСМ, Ана Николовска, рече дека „развојот на туризмот со ваква сообраќајна инфраструктура е само огледало за неспособноста на Агенцијата за промоција и подршка на развој на туризмот да се справи со еден од многуте реални...

Continue reading

Marjan Oprea

Романската атлетска ѕвезда во Охрид

Post Views: 0 Тој ќе биде еден од учесниците на првиот меѓународен атлетски митинг „Охрид 2010“.Опреа е носител на сребрен медел од Олимписките Игри во Атина во дисциплината три скок со прескокнати 17.81м. Освојувачот на среброто од Олимпијадата во Атина, романскиот шампион во три скок, Марјан Опреа во Охрид. После пауза од една и пол година поради повреда, овој атлетичар од светска класа ќе ја рестартира својата кариера токму на првиот меѓународен атлетски митинг во Охрид. Олимпискиот вицешампион и освојувачот на бронзата од Светското првенство во атлетика во Хелсинки, вели дека...

Continue reading

spomenik

Петметарски споменик на Св. Наум лиен во бронза ќе гледа кон манастирот

Post Views: 0 Започнаа активностите околу реализацијата на проектот за поставување на спомен обележје за Св. Наум Охридски – Чудотворец. Одборот за подигање на споменикот на последната седница донел повеќе одлуки. Имено, изработена е проектната програма со која е одредено значењето за изградба на еден ваков споменик со чија подигнување на достоен начин ќе се реализира ликот на Св. Наум кој има исклучително важно место во нашата историја.Во проектната програма опфатени  се сите параметри потребни за изработка на спомен обележјето, вели претседателот на комисијата за поставување на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top