Post Views: 7
ЈП „Охридски Комуналец“ управува на диво со гробиштата. Вака денес обвини Денис Шибаковски, операторот на погребални услуги „Мирен Сон“. Шибаковски потенцира дека согласно Законот за гробишта и погребални услуги кој на сила стапи 2008 година, неговото претпријатие е единствено во Охрид и околината кое е лиценцирано да врши опремување со погребална опрема, превоз на починато лице, право на чување во ладилник и капела и погреб на починато лице. Даниела Кузмановска, задолжена за односи со јавност на ова претпријатие, рече дека еднаш засекогаш мора да се воведе ред во оваа...
Post Views: 0
Секоја година за отвoрање на Фестивалот „Охридско лето“ аплицираат врвни светски уметнички имиња. Оваа година, за јубилејното 50-то издание во потесниот круг влегоа 5 проекти, од кои 3 влегоа во потесниот круг. Како што ТВМ дознава, двајца врвни уметници ја водат завршната битка. Дали на 12-ти јули ќе го гледаме нашиот светски познат и признат Симон Трпчески во придружба на филхармонија од светска класа или Роландо Вилазон, еден од водечките тенори на светската музичка сцена, придружуван од домашен оркестар. Иако во јавноста проструи дека Трпчески ќе ја има честа...
Post Views: 0
Предлог одлука за измени и дополнувања на одлуката за организирање на режимот на сообраќај во општина Охрид, помина кај советниците. „Ова решение е составено од сите позитивни досегашни искуства“, истакна градоначалникот Александар Петрески.
„Убеден сум дека одлуката за нов режим на сообраќај, претставува голем чекор напред во однос на безбедно одвивање на сообраќајот за сите учесници“, истакна советникот и експерт од областа на сообраќајот и транспортот, Томислав Тунтев. Тој додава дека оваа одлука беше неопходна, се додека не се изработи сообраќајната студија за...
Post Views: 9
Во Куќата на Робевци, синоќа се отворија две привремени изложби на ќилими и делови од народни носии од Брсјачкиот крај. На изложбата се презентирани најубавите автохтони кошули и покривала за глава од Дебрца, Охридско и Струшко поле, Малесија и Дримкол. Етнолошката поставка на народните носии датира од периодот на 19 и почетокот на 20 век. Везот на кошулите и сокаите, покривала за глава, е колоритен со свилени и волнени конци, со геометриски и орнаментални форми кои наликуваат на крстови, лозички, ветки и ѓулој. Ќилимите, ткаени и везени во периодот од 19 и 20 век,...
Post Views: 2
Советот на град Охрид ја одржа 18 седница. По усвојувањето на записникот од претходната седница на иницијатива на градоначалникот беа повлечени сите точки од дневниот ред кои се однесуваа на урбанистичките планови, поради тоа што истите и покрај тоа што биле изработени во сите фази, сеуште не го добиле потребниот потпис од министерството за транспорт и врски. Советниците посебно внимание посветија на предлог одлуката за надополнување и разрешување на членови од управниот одбор на ЈП Охридски Комуналец, како и Предлог одлука за давање согласност на Ценовникот на услуги ...
Post Views: 7
Се крадат садници од градските паркови во Охрид. Познато е дека пред еден месец ЈП „Охридски Комуналец“ се нафати да ги уреди парковите низ градот. Тоа го направи со сезонско насадување на околу 13 000 атрактивни цветни растенија. „Целта на ваквото уредување е Охрид за престојната сезона да биде разубавен и хортикултурно уреден“, велат од јавното претпријатие. Одговорниот на Градски паркови, Трајан Љаткоски вели не е чесно да се уништи дел од општото добро за градот за сметка на еден или неколку дворови.
Утринските часови се најкритични, потенцира Љаткоски. Тој додаде...
Post Views: 1
Охриѓанец се жали дека ќе остане без последните 50 метри квадратни од своето дворно место.
Неговиот двор ќе биде искористен како пешачка патека и пристап до соседната зграда, кажува Ристо Наумоски. Од Секоторот за урбанизам информираат дека тие не ги изработуваат плановите туку само ја водат постапката.
„Мојот двор сакаат да го искористат како пасаж“, се жали Ристо Наумоски. Тој вели дека поголемиот дел од неговото дворно место со големина од 50/м 2 ќе биде искористен како пристапна патека за потребите на соседната зграда. Наумовски додава дека за оваа постапка не...
Post Views: 4
Охридските дуќанџии имаат бројни проблеми. Многумина од нив не сакаа да коментираат пред нашата камера за лошата состојба со која се соочува овој еснаф. Неколку од нив се затворени и се издаваат под кирија. Дали економската криза веќе го зема данокот или постојат други околности со точност не може да се каже, бидејќи во Охрид нема еснаф на дуќанџии. И охриѓани се повеќе свесни за ваквата состојба. Велат дека одамна не се сеќаваат на ваква криза во трговскиот еснаф, бидејќи според нив трговијата е гранка која тешко умира.Охридските дуќанџии секојдневно гледаат како соседите...
Post Views: 6
Ќе бидат ли дрворедите по кои се познати неколку улици во центарот на Охрид, жртва на растечките сообраќајни потреби? Од Локалната уверуваат дека со овој зафат, воопшто нема да се намали зеленилото во централното градско јадро.Дрва стари повеќе од 40 години ќе ги снема.
Ракводителот на Одделението за комунален развој, Зоран Шикалески вели дека покрај се поголемата потреба од паркинг простор во центарот на Охрид, причина за замената на дрвјата на улиците „Димитар Влахов“, „Партизанска“ и Бул. „Македонски просветители“ е и оштетувањето кое тие го предизвикуваат на патната...
Post Views: 2
Експерти од целиот свет за хидрологија и клима на Меѓународната конференција во Охрид ќе се обидат да ги направат логични, нелогичностите кои последниве неколку години се јавија во хидрологијата.
Прашањето за водата, во годините кои доаѓаат станува филозофско прашање, велат експертите кои работат на проблематиката со мониторингот и експлоатацијата на водите. Над 400 еминентни научници кои се занимаваат со изучувањето на хидрологијата, метеорологијата и влијанието на климата врз различните сектори на водите, ќе се обидат да дадат одговор на прашања со кои се среќаваат...
Post Views: 1
Во Охрид скромно одбележана 118 годишнината од раѓањето на Јосип Броз Тито. Триесетина членови од здружението на граѓани почитувачи на ликот и делото на Јосип Броз Тито со марш до Горица го одбележаа некогашниот „Ден на младоста“. Јонче Петрески, претседател на ова здружение ја истакнаа нивната заложба да не се заборави значењето на Тито во создавањето на македонската држава.Претседателот на Здружението,Јонче Петрески со жалење нагласува дека во моментов одредени личности имаат негаторски однос кон овој период од нашата историја и Тито. Покрај негаторскиот однос има...
Post Views: 7
Поклонение пред бистата на браќата Кирил и Методиj. Во чест на празникот Св.Кирил и Методиј, локалната самоуправа продолжувајќи ја традицијата и годинава организраше пригодна свеченост пред спомен одбележјето на Кирил и Методиј, но и на градскиот плоштад. Утрово покрај делегацијата на локалната самоуправа, предводена од градоначалникот Александар Петрески, букети цвеќе положија и советниците, претставници од ОО на СДСМ, ОК на ВМРО ДПМНЕ, делегации од основните и средните училишта, како и делегации од други институции. На свеченоста присуствуваше и бугарскиот конзул...