dup

„Табана“ и „Кеј“ сеуште не се О.К.

Post Views: 3 Предлог одлуките за утврдување на нацрт дуповите кои се однесуваат за опфатите „Табана“ и „Кеј“ познат како Ривиера, не стигнаа пред советниците. Иако, спред зборовите на началникот на Секторот за урбанизам и просторно планирање, Бранко Арнаудов, предложените Нацрт ДУП-ови се со помал процент на изграденост во споредба со веќе постоечките ДУП-ови за овие опфати, и дека се добри за урбаниот имиџ на градот, градоначалникот Петрески пред усвојување на дневниот ред истите ги повлече. Наследниците на ова земјиште одлуката на градоначалникот ја проследија со разочарување....

Continue reading

sednica

Турбулентна седница на Советот на општината

Post Views: 10 Урбанизмот, работата на јавните претпријатија и формирање на нови како и потребата од кредитното задолжување на општината, беа точките околу кои на големо дискутираа советниците на ова 27-мо издание на седницата на советот. Ги усвоија предлог одлуките за основање на три нови јавни претпријатиа,  следбеници на ЈП „Охридски Комуналец“. Станува збор за основање на ЈП за управување со градски гробишта, ЈП, за управување на пазари на гоелмо и мало и ЈП за вршење на погребни услуги.Охридските советници најмногу се исторошија околу извештаите за работењето на јавните претпријатија...

Continue reading

niskogradba

„Нискоградба“ добра – за кого како….

Post Views: 8 Предлог одлуката за усвојување на првиот извештај за работа од формирањето на ЈП „Нискоградба Охрид“, на дваесет и седмата седница помина со повеќе забелешки. Советничката од ВМРО – ДПМНЕ, Јованка Дамоска рече дека се потврдиле нивните укажувања дека новото ЈП е уште една црна точка, исто како Јавните претпријатија кои веќе дејствуваат на подрачјето на општина Охрид. Таа нагласи дека извештајот, каде 90% за првото тромесечје отпаѓа на трошоци за вработени, е само уште еден доказ зошто е отворено ова претпријатие – за партиски вработувања. Ахмет Патељ, рече дека...

Continue reading

uniforma

„Кецељите“ во ОУ Христо Узунов легално набавени

Post Views: 9 Училишните униформи повторно актуелни. До нашата редакција стигна поплака од родители во врска со  набавката на училишните униформи во  ОУ „Христо Узунов“. Во реакцијата стои дека униформите се набавени без тендер по цена од 900 денари, а се плаќаат во готово, на рака на професорите. Се упатува обвинение дека од оваа набавка некој длабоко профитира. Ваквите обвинувања ги побива директорот на училиштето „Христо Узунов“, Оливија  Пирузева Јанева. Директорката категорично тврди дека одлуката за набавка на школските униформи е легално донесена од страна на Училишниот одбор...

Continue reading

univerzitet za informatika

Прв македонски суперкомпјутер дизајниран во Охрид

Post Views: 6 Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ во Охрид најави презентација на првиот македонски суперкомпјутер. Дизајнот на компјутерот е дело на докторантите на Универзитетот во Охрид, а дизајниран и осмислен со помош и поддршка од студентите по информатичка технологија. По тој повод утре со почеток од 10 часот ќе се одржи прес-конференција во амфитеатарот во новиот објект на Универзитетот. {loadposition content9}

Continue reading

sednica

Утре пред советниците жешки планови

Post Views: 3 Нацрт-деталните урбанистички планови за дел од строгиот центар на Охрид ќе се најдат пред советниците на утрешната седница. Локалната ќе се обиде да протурка  5 точки за нацрт-детални урбанистички планови, кои веќе на хартија се дел од Дневниот ред за утрешната седница. Ова за ТВМ го најави претседателот на Советот Јаковчевски, а го потврди градоначалникот Петрески Посебно внимание од овие нацрт детални урбанистички планови привлекуваат два, посветени  на атрактивни локации во централното градско подрачје. Првиот предлог план се однесува на комплексите Табана и Летница,...

Continue reading

Tocko

Апел до охридските политичари да ја покажат својата хуманост

Post Views: 1 Општинската Организација на црвениот крст од Охрид, во предвечерието на празникот Св.Климент Охридски, ќе организира крводарителска акција, со која ќе се обиде да ја анимира политичката елита од градов, да престане со говорот на омраза и својата хуманост да ја покаже на дело. Претседателот на Црвениот крст од Охрид, Сашо Точко објасни дека младите и влијанието кое врз нив го има говорот на омраза, се причината поради која ја организираат оваа акција. Точко додава дека крајно време е политичарите во нашата држава, вклучително и политичарите од нашиов град, да престанат...

Continue reading

Biblioteka

Литературата за деца непрофитабилна за авторите

Post Views: 0 Во земјава скоро и да нема автори кои творат литература за деца и млади. Оваа литература е непрофитабилна за авторите. Засега на ова поле остана осамен единствено писателот за деца Горјан Петрески. Овој сериозен проблем се провлекува со години наназад, од осамостојувањето на земјава, велат писателите. Станува збор за негрижа на општествениот систем кон најмладите, а  недозволиво е тие да бидат препуштени сами на себе потенцира директорот на НУ Библиотеката „Григор Прличев“, Тоде Илиески. „Авторите не се мотивирани да творат за деца затоа што оваа литература од школскиот...

Continue reading

ulica vo kal

Во центарот на Охрид, но сеуште во кал и прашина

Post Views: 3 Во 21-от век, а секојдневно кал или прашина пред нашите домови. Со овие зборови жителите кои живеат на улицата „Анастасија Узунова“ лоцирана во централното градско јадро, се обратија за помош до нашата телевизија. Тие велат дека веќе неколку пати се обратиле и до Локалната за помош, но оттаму само со ветувања за скоро решение на проблемот. Инаку, пред извесен период на оваа улица беа изврешени зафати на канализационата мрежа, па сега состојбата е во целост неподнослива, додаваат жителите. Се обративме до Одделението за комунален развој и сообраќај, од каде не информираа...

Continue reading

Spomenik Dolard

Просторот Мазија остана без Холандскиот парк

Post Views: 5 Засега нема трага од најавата дека Охрид ќе  добие Холандскиот парк со функционална целина која ќе го симболизира традиционалното македонско –холандско пријателство.  На терен од сработените  градежни зафати  пред 7 месеци е видлива само поплочената патека со црвени бекатон плочки и по некоја светилка. Градоначалникот Петрески признава дека паркот не е целосно завршен. 90 посто од работите за кои била надлежна Локалната самоуправа се завршени, сега се чека на холандската донација. Градоначалникот, сега оптимистички најавува дека со холанандските пријатели  ќе ги продолжат...

Continue reading

Ohridsko leto

Охридско лето премина во Национална установа

Post Views: 3 Фестивалот Охридски лето премина во национална  установа. Со најновите измени на стутот на оваа институција охриѓани, конечно  ќе добијат побогат културен живот. Фестивалските манифестации ќе се одржуваат  во текот на 365, а не  како досега само во 40 дена фестивалско живеење. Се предвидуваат низа можности, покрај организирање на фестивалот, се предвидени копродукции на филмски и театарски престави, печатење и издавање книги и весници, репродукции, угостителси услуги, арт кафе, продажба на сувенири, организирање на меѓународни саеми, конгреси и семинари посебно на фестивалските...

Continue reading

SVR

Самоубиство во село Tребеништа

Post Views: 6 Утринава околу 04.00 часот (18) Н.Д. се самоубил зад семејната куќа со пушката која легално ја поседувал неговиот татко. Предходно несреќното момче имало сообраќајка со своето возило на стариот пат Волино-Мешеишта. Удрило во дрво, по што го оштетило возилото, но некако успеало да дојде до својот дом. Најверојатно, во момент на силен емотивен стрес момчето се одлучило да си го одземе животот. Полицијата, истражен судија и патолог извршиле увид на местото на трагедијата. патологот не констатирал траги на насилство врз телото на починатиот.    {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top