human trafficing

Борба против трговија со луѓе или меѓународен собир на фалбаџии?

Post Views: 5 Не треба да се зборува туку треба да се делува. Трговијата со луѓе тема на уште една конференција. Но за жал и овојпат не беа предложени конкретни мерки за нејзино сузбивање туку само беше констатирано дека таа е во постојан пораст. Проектот против трговија со луѓе кој трае веќе 14 месеци е насочен кон зајакнување на граѓанските организации и нивно учество во спроведување на националниот механизам за упатување на жртви. Целта на проектот е да ги приближи националните законодавства на сите земји учеснички, со законодавството на ЕУ. „Не можеме да кажеме која земја предничи...

Continue reading

firom

Македонија и како домаќин е ФИРОМ

Post Views: 4 Конференцијата против трговија со луѓе-место на уште еден дипломатски скандал. На оваа конференција учествуваа претставници од земјите од регионот меѓу кои се најдоа Србија, Албанија, Грција и Косово. Додека одговараше на прашања кои се однесуваа на трговијата со луѓе, Фериде Рушити, претставничката на Рехабилитациониот центар за траума од Косово набројувајќи ги земјите од регионот со кои соработувале на овој проект, кон нашата земја се обрати со привремената референца ФИРОМ. Ова наиде на реакции кај присутните новинари, но не и кај останатите. Рушити се извини за...

Continue reading

tezgi

Изгор цени, се помалку тезги

Post Views: 4 На охридскиот пазар изгор цени и се помалку продавачи. Економската криза тропна и тука. Од закупот на тезги најчесто се откажуваат  индивидуалните земјоделци кои годишно треба да издвојат сума од 22.400 денари. Не помагаат ни обидите од РЕ „Пазар“ сумата да се плаќа на месечни рати. Околу 20 посто од поранешните закупци ги  откажале услугите за користење на простор за продавање,  вели директорот на пазарот Живка Анѓелоска. „Цените не се променети и оваа состојба се должи на општата состојба со земјоделците во земјата и на финансиката состојба во државата“. Од РЕ „Пазар“...

Continue reading

Kaneo

Презентација на Охрид на туристички саеми во Белград, Софија и Истанбул

Post Views: 0 Туристичката понуда на Охрид ќе биде презентирана на саемите  во Истамбул од 10 до 13 февруари, во Софија од 17 до 19 февруари и во Белград од 24 до 27 февруари оваа година. Презентациите на Охрид ги организираат Секторот за туризам и локален економски развој при локалната самоуправа, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и претставници на хотелско-угостителскиот еснаф. {loadposition content9}

Continue reading

ribi

Низа акции на Езерската полиција против криволов

Post Views: 14 Никако да се стави крај на криволовот. За само еден месец и тоа во период на мрест на пастрмката, езерската полиција запленила околу 300 мрежи, а само овој викенд во акција во Радожда биле одземени 60 мрежи со над 70 тина килограми пастрмка и белвица. „За жал овие девијантни појави ќе ги има се додека државата со закон не им се спротивстави на оние кои се занимаваат со криволов и на тој начин заработуваат“, вели Димче Мајковски од Спортското Риболовно Друштво  Св. Апостол Петар.  Ние уште во месец ноември минатата година, на тркалезна маса за заштита на рибниот фонд,...

Continue reading

zgradi

Цените на недвижностите во Охрид со благ пад

Post Views: 0 Заживува пазарот со недвижности во Охрид. Оптимизам годинава влева посебно интересот на странските инвеститори кои сакаат да вложуваат во изградба на дом за пензионери, приватни болници, но и хотели истакнува Никола Иванчиќ од Агенцијата за недвижности Наш – Ваш дом. На почетокот од годинава има зголемена побарувачка за купување станови, куќи и градежно земјиште недвижности за разлика од лани која глобално беше многу тешка година нагласува Иванчиќ. Цените на становите просечно се движат на периферните делови од градот по 600 евра за метар квадрат, во центарот до...

Continue reading

prikazni na angliski jaz

Во Црвениот крст „Детски час за приказни“ на англиски јазик

Post Views: 2 Четврток и петок денови за детски приказни на англиски јазик. Црвениот крст и мировниот корпус го продолжуваат проектот „Детски час за приказни“. Проектот е наменет за деца од 4 до 10 години, а се изведува преку игра, креативни вежби и на англиски јазик. „ Детскиот час е замислен како креативно катче каде децата не учат како на редовнот воспитен процес во ибразованието, туку преку читање, пеење песни, изработка на креативни вежби. Децата е поделени во две групи од 4 – 5 год. и деца од 6 до 10 години“, вели Мимоза Ставрева – проект координатор – Охрид. Децата се мотивирани...

Continue reading

ujp

Истекува рокот за поднесување на годишната даночна пријава

Post Views: 7 Поднесувањето на годишната даночна пријава и натаму задава главоболки и на вработените во УЈП и на самите граѓани. Најголемиот број на граѓани сеуште се неинформирани за оваа обврска и начинот на нејзино исполнување. За оваа цел, УЈП подготви информативни материјали кои бесплатно можат да се преземат од официјалната страна на Управата, од каде што може да се преземе и образецот за годишната даночна пријава или пак истиот да се побара на шалтерите во Управата. „Секој граѓанин кој што остварил приходи во земјата или во странство за 2010 година, должен е да ги пријави...

Continue reading

slatko

Духот на некогашните охридски визити

Post Views: 0 Во пресрет на Св. Григориј и оние кои го носат ова име потсетуваме како некогаш во Охрид се славеле имендените. Визитите биле можност за дружење и средба меѓу роднините и пријателите.  Домаќинките се натпреварувале која ќе направи поубаво слатко кое неизбежно се послужувало. Визитите како облик на дружење и средба со роднините и пријателите се карактеристични за нашето поднебје. За далеку прочуените визити некогаш биле карактеристични  слаткото од охридски черешни и песните кои се пееле во семејставата кои чекале визита. На духот на некогашното градско  живеење и потсетувањето...

Continue reading

Ohrid

Каква промоција му треба на Охрид?

Post Views: 17 Промоција во право време и место, клуч за успешен туризам. Експертите сметаат дека воопшто не е важно колку пари е се вложат, туку да се одбере целната група и вистинскиот начин понудата да стигне до нив. „Македонската влада наместо да троши големи суми на пари за промоција на вашата држава на CNN и BBC, од што нема никаков ефект, треба финансиски да ги помага хотелиерите и туристичките агенции.Тоа е единствен начин да се спаси туризмот од колапс, но Македонија мора и да ги намали и цените  на сопствените аранжмани“, вели Бранко Кривокапич претседател на хотелската...

Continue reading

Adam Govrlevo

Промовирана наградената поема Адам од Говрлево

Post Views: 33 „Адам од Говрлево“ денес влезе во историјата на лауреатите. Ова дело на Милован Стефановски го доби своето место под поетското небо. Ова е трета награда на авторот за неговото досегашно творештво. Наградената поема „Адам од Говрлево“ денес во Центарот за култура-„Григор Прличев“ во Охрид ја доживеа својата јавна презентација. Авторот на оваа поема, покрај оваа награда, добитник е уште и на признанието, роман на годината и наградата „Браќа Миладиновци“. Ова дело е поетско гледање на авторот врз едно од нашите најголеми археолошки пронајдоци, „Адам од Говрлево“, мала...

Continue reading

Мувла напаѓа во охридската библиотека

Post Views: 4 Книгите за позајмување од националната установа библиотеката Григор Прличев се повеќе заудираат на мувла. Влагата и мувлата сериозно го напаѓаат книжниот фонд, не само на постарите туку и на поновите изданија. Со ваквата сериозна состојба се согласуваат и од библиотеката. „Увидовме дека фондот се оштетува од влагата. На то аукажуваат и вработените и корисниците. Влага попримаат и новите изданија со што стануваат опасни за сите“, нагласува директорот на библиотеката ,Тоде Илиески. Библиотеката веќе 5 години користи привремен простор од 250 метри квадратни без соодвтени...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top