pres

Уште една прес конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ

Post Views: 5 „Очигледно преплашени од глетката пред ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид во која ја видоа масовноста и подготвеноста на членството на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид за парламентарни избори, ОО на СДСМ брзо брзо свика прес на кој, преплашена, до јавноста се обиде да протне дезинформација дека некој на некого му се заканувал. Почитувани, ВМРО-ДПМНЕ е организирана партија со огромно членство кое доаѓа на консултации пред секој поголем политички настан“, истакна на денешната пресс конференција портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Илија Мојсовски. „ВМРО-ДПМНЕ не спаѓа во рецидивите на старата комунистичка...

Continue reading

CJZ

Може да здивнеме, мали сипаници во Охрид нема!

Post Views: 5 Иако неколку градови низ земјава од кои најзагрозен е Скопје, се соочуваат со епидемија од мали сипаници,  во нашиот град нема простор за паника. Можноста за појавување е најголема во средините со побројно население и места каде што има мал број на вакцинирани. Во последниве неколку месеци во главниот град заедно со Куманово и Струмица биле регистрирани околу 522 случаи на морбили „Во Охрид досега нема ниту еден пријавен случај на ситните сипаници или морбили, што за среќа претставува еден факт за задоволство затоа што Охрид и делот кој што го покрива Центарот за јавно...

Continue reading

pedofilija

Казна затвор за охриѓанецот во случајот „Педофилија“

Post Views: 9 Основниот суд во Штип им одреди казна од вкупно четиринаесет и пол години затвор на тројцата обвинети во аферата со малолетничка проституција од Куманово, Штип и Охрид.  На обвинетиот Д. Ѓ. од Куманово за две кривични дела му изрекува казна затвор од 5 години, обвинетиот Е. Т. од Штип за едно кривично и едно продолжено дело го осудува на единствена казна затвор од 5 години и шест месеци, а обвинетиот А. М. од Охрид за едно кривично дело полов напад врз малолетник, кој не наполнил 14 години го осудува на казна затвор во траење од 4 години. Штипскиот основен суд во изминатите...

Continue reading

risto cado

Ако сакаат пат нека дадат и од своите дворови

Post Views: 10 До редакцијата на ТВМ пристигна демант  од Серафилоски Илчо за прилогот објавен на 25 март, кој се однесуваше на пристапниот пат за жителите од крак на улицата Ристо Чадо. Илчо Серафилоски кој живее и работи во Берлин е сопственик на спорната парцела на која незаконски е направен асфалтиран пат. Тој во демантот кој го испрати до ТВМ потенцира дека тврдењата на соседот Стефаноски и преставникот на Локалната самоуправа Зоран Шикалоски се неточни. Тој вели дека и самиот е жесток противник на алчноста, но се чуди како некои луѓе се толку дрски и со лага ја злоупотребуваат...

Continue reading

web sajt

Стоп на прикривањето туристичка такса

Post Views: 2 Локалната самоуправа прави напори преку современ софтвер навреме да добива информации за бројот на остварени ноќевања на странски и домашни туристи на Охридската ривиера. Со овој систем ќе се знае и колкава туристичка такса треба да се прибере. Туристичките субјекти  имаат потреба од ваква информација затоа што до точна бројка за посетеноста на гостите во екот на туристичката сезона тешко се доаѓа, а иако се добијат некакви бројки тие се најчесто од рака. За надминување на оваа состојба секторот за  туристички локален економски развој веќе изработи софтвер за он-лине...

Continue reading

tanas Tanasoski

За некои казна за други опомена

Post Views: 8 Праксата на дело. Урбаната опрема ќе се подига без пардон. Нема веќе прогледување низ прсти за неплаќачите на обврските кон локалната. Градежниот инспекторат отпочна со реализација на програмата за поставување на урбана опрема. Радикалните мерки на овој инспекторат вчера ги почуствуваа неколку сопственици на кафулиња лоцирани на градскиот плоштад и на потегот помеѓу обложувалницата „Премиер“ и Амамот. Објаснувањето на првиот човек на општинскиот инспекторат Танас Танасоски е дека мора од некаде да се почне за да се стави крај на проблемите од овој аспект.  Оваа опомена...

Continue reading

ekskurzii

Нов правилник, стари проблеми

Post Views: 23 Административно обременет, новиот Правилник за начинот на изведување на ученичките екскурзии, дополнително го усложни процесот на спреоведување на овие воннаставни активности. Кога во ноември месец минатата година, истиот беше донесен од страна на Министерството за образование, идејата и самата негова цел беше, да придонесе за подобрување на квалитетот на изведувањето на училишните екскурзии и да ја зголеми безбедноста на учениците. Но директорите на основните училишта со малку поинакво мислење. Директорката на најголемото охридско основно училиште, „Христо Узунов“,...

Continue reading

gradinka

Кој ќе биде директор на градинката „Јасна Ристеска“

Post Views: 4 Како што ТВМ во неколку наврати информираше, пред половина година Управниот одбор на оваа јавна установа ја предложи Марина Петроска Тодороска, за оваа фукнција, а предлогот беше прифатен од градоначалникот Петрески. Тодороска беше именувана за вршител на должноста директор. Како што е познато тогаш, дел од членовите на Управниот одбор, го кренаа гласот против оваа одлука на градоначалникот, поради забелешки дека со оваа одлука се прави повреда на статутот на градинката. Нејзиниот противкандидат, Роза Костеска, ја обжали ваквата одлука. Второстепената комисија сеуште...

Continue reading

nastavnicka

Учителите со две години работно искуство до решение за работа?

Post Views: 3 Се наѕираат можни измени во Законот за работни односи. На иницијатива на министерот за образование Тодоров и министерот за социјала Бајрами, можно е просветителите побрзо да си го решат својот работен статус. Законот за работни односи се однесува и на јавниот и на приватниот сектор, но двајцата министри бараат од тоа исклучок да биде образованието. Моментално според овој закон потребни се 5 години работно искуство за да се добие решение на неопределено време. Директорот Рилкоски вели дека во гимназијата со нерегулиран статус има околу 15 до 20 професори. Тој додаде...

Continue reading

opshtina

Демант од Локалната на пресот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ

Post Views: 2 Експресна реакција на Локалната на обвинувањата изнесени на денешниот прес на ОК на ВМРО ДПМНЕ, во која стои: Дури и во најдиктаторските и апсолутистички системи е можно, ако некој те нападне, ако ништо друго, барем да можеш да се одбраниш. ВМРО- ДПМНЕ  преку нивниот Општински комитет постојано со соопштенија полни со неаргументирани напади и закани со кривични пријави, сака да ја замолчи локалната самоуправа. Очигледно  е дека со ваквите постапки од ВМРО- ДПМНЕ сакаат да ни стават до знаење дека кај нив е апсолутната власт и дека никој, не смее да им противречи. Господо...

Continue reading

shankovi

Градежниот инспекторат денес рушеше шанкови

Post Views: 1 Урбаната опрема се отстрануваше од градскиот плоштад и на потегот помеѓу обложувалницата премиер и  Амамот. Неуспешни беа обидите да се стапи во контакт со првиот човек на инспекторатот Танас Танасоски. Ниту ние, ниту портпаролот на локалната самоуправа Симон Илиевски не успеавме да добиеме одговор дали станува збор за отстранување на дивопоставени шанкови, или пак се отстрануваат оние за кои сопствениците не ги подмириле своите обврски кон локалната самоуправа. Останува да видиме дали утре надлежните ќе излезат со објаснување, дали отстранетите шанкови работеле на...

Continue reading

vmro-dpmne

ОК на ВМРО ДПМНЕ со нови обвинувања кон Петрески

Post Views: 1 „Александар Петрески и СДСМ го прокоцкаа Охрид за свои интереси.  Имаа ретка прилика да бидат големи за Охрид, но и како и се досега ја промашија поради лични интереси“ итакна претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Атанаско Михаилов на денешната пресс конференција. Претседателот на Охридската ВМРО ДПМНЕ во продолжение на своето излагање уште додаде дека сега Петрески и неговата матична партија  панично се обидуваат да се извадат за прокоцканата прилика со некакви списоци на дела што наводно ќе ги направеле за Охрид. Михаилов јавно запраша зошто досега со веќе над 50 милиони...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top