СВР

Погина градежен работник

Post Views: 0 Фадил В. роден 1952 год. почина денеска при изведување на градежни работи на ул.„Кирил и Методиj“ во Охрид. Од СВР велат дека се работи за несреќен случај при изведување на градежни работи. Имено настанот се случил при качување по дрвени скали кога работникот изгубил рамнотежа и паднал од висина од 5 метри. Фадил В. починал на лице место. Увид е направен од полициски службеници и доктор од општата болница. За случајот бил известен и дежурниот судија при основниот суд во Охрид. {loadposition content9}

Continue reading

gradbi

Mенувањето на законските прописи ги спаси дивоградбите

Post Views: 1 Локалната самоуправа сеуште мака мачи со дивогрдбите. Наследените 1200 диви градби од 2005 год. не само што останаа, туку и се намножија. Раководителот на комуналниот инспекторат Танас Танасоски вината за ова ја гледа во законските прописи кои постојано се менуваат.  „Министерството за транспорт и врски уште пред три години објави дека ќе донеси закон за дивоградби и ние го чекаме“, истакнува Танасоски. „ Се донесе закон за градба. Дојде и дотаму на оние кои го имаа прекршено да им се одземи и земјиштето. Потоа се донесе законот за легализација, со кој од прекршок премина...

Continue reading

нosija

Се додека може не им откажува дружба на иглата и конецот

Post Views: 3 Ленче Башоска љубовта кон македонските етно мотиви во себе ја носи од мали нозе. Гледајќи како вредно работат нејзините баба, мајка и тетки, љубовта кон ракотворбите и се вовлекле длабоко под кожата. Таа со внимание следела и впивала од убавините на нашата фолклорна традиција. Од преголема љубов кон македонските носии и желбата нашето етно богатство да се зачува и да остане во Македонија, Ленче  започнала и сама да изработува делови од народните носии. Но, не само носии туку и останати практични предмети за облекување и  украсување на домот. Таа другарува со конецот...

Continue reading

Zoran Angeloski

Предизборна еуфорија

Post Views: 16 Жичарата на „Галичица“, 30 години се споменува во предизборие. Директорот на НП, Зоран Ангелоски смета дека најавите на првиот човек на градот Александар Петрески за изградба на жичара се нереални. Ова го поткрепува со фактот дека градоначалникот мора да погледне во веќе изготвениот план за управување на паркот кој важи за период од 2010 до 2020 година. Ангелоски, категоричен дека досега локалната самоуправа не стапила во контакт со нив и не ги известила за нивните намери. Тој додава дека Националниот парк „Галичица“ е место кое со закон е заштитено и мора да се знае...

Continue reading

decinja

Дечињата и нивните Првоаприлски маски

Post Views: 3 1ви Април, денот на шегата е веројатно денот кој дечињата нетрпеливо го очекуваа. Градинките од Охрид, со заедничка огранизација им овозможија да ја покажат својата креативност. Заедно со своите воспитувачки тие си имаа подготвено музички и танцови изведби, се забавуваа, кажуваа шеговити стихотворби. Но, за нив најважно беше што можеа да се маскираат во своите омилени ликови од цртаните филмови, од приказните… Пеперутки, самовили, принцези, мечиња, пчелички се само дел од креативните маски на дечињата кои беа присутни. За „Априлијадата“ да изгледа и звучи онака...

Continue reading

sorabotka

Поголема соработка, успешен туризам

Post Views: 0 Иако имаме големо работно искуство во туризмот, сепак мора да признаеме дека од нашите соседи и тоа колку можеме да научиме. Со овие зборови, Претседателот на Стопанската комора за туризам на Македонија, Ангел Иванов ја објасни целта за организирањето на оваа неформална средба на трустичките асоцијации, од Хрватска, Србија, Словенија и Македонија. На прашањето за тоа што последнивие години се случува во туризмот кај нас и дали играњето со формите на елитниот или руралниот туризам, како можни решенија за кризата во која се неаоѓа туризмот кај нас, Иванов со одговор дека...

Continue reading

Grigor Prlicev

Причината непозната за тепачка во дворот на ОУ „Григор Прличев“

Post Views: 56 Две групи ученици се степале во кругот на основното училиште Григор Прличев. Во средата во меѓусмена, по завршувањето на наставата за осмоодделенците помеѓу ученици дошло до  физичко  пресметување. Во одбрана на помалиот брат ученик во училиштето  се вклучиле и двајца гимназијалци. Училишниот педагог  Офелија Петреска негира дека станува збор за масовна тепачка, како што некој сака овој инцидент да го престави во јавноста. Станува збор за размена на неколку шлаканици помеѓу учениците кои поминале без сериозни повреди и навреме била  спречена,  изјави за ТВМ Петреска. И...

Continue reading

den na drvoto

Акцијата „Ден на дрвото“ успешно спроведена и Охрид и Струга

Post Views: 3 Прeтеседателот на советот на Општина Охрид, како и претставници на Локалната, засадија садници на клучката пред влезот на Охрид. Пратеничките од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се приклучија кон акцијата, засадувајќи садници во паркот во Струга. „Ајде на садење, батали политика“. Под ова мото, по седми пат во нашата држава се одржа акцијата Ден на дрвото. Покрај учениците од основните и средните училишта од нашиов град, кон истата се приклучија и членовите на Советот на општина Охрид, кои го пошумуваа делот кај клучката на влезот на Охрид, со садници кои ги обезбеди ЈП „Охридски...

Continue reading

carshija

Нов трговски, чиста шпекулација?!

Post Views: 4 Не стивнуваат гласините, кои зборуваат дека во старата чаршија треба да никне нов габаритен трговски објект. Од Секторот за урбанизам, децидни. Ниту еден од објетите зацртани во предлог планот не е поголем од П+2. Нацрт планот пак за овој опфат моментално се наоѓа во Скопје во Министерството за животна средина. Деновиве низ градов се позачестени се гласините дека извесен стопанственик ќе гради голем трговски објект во старата чаршија. Имено станува збор за објект кој наводно треба да никне на дел од просторот на планскиот опфат во Нацрт- ДУП кој пак е во границите...

Continue reading

delegacija

Охридска делегација во посета на саеми во Дубровник и Будва

Post Views: 3 Охридска делегација составена од претставници на стопанската комора на Македонија, ЈП Билјанини извори и агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од 24 до 28 март посети два саеми. Саемот во Дубровник насловен „Саем на маслинки или медитерански саем“ посветен на производството на Здрава храна и во Будва, традиционален саем, на кој свој штанд имаше и Општина Охрид. “Заминавме во Будва на покана на стопанските комори од Дубровник со кои имаме извонредна соработка“, вели Ружди Муфти, член на стопанската комора на Македонија и потпретседател на регионалната стопанска...

Continue reading

kese

Локалната го одврза кесето за туризмот

Post Views: 2 Општината повторно ќе го помага локалниот економски развој и туризмот. Објавен јавен повик за финансирање на проекти од областа на одржливиот локален економски развој и туризмот. За оваа намена од буџетот на оптината се издвоени 2,7 милиони денари. Максималниот износ за подршка на секој проект изнесува 200.000 денари, а за сите проекти задолжително е кофинансирање во износ од најмалку 20% од вкупната вредност на проектот. За тоа дали доделените средства ќе бидат наменски користени ќе проверува стручна комисија од секторот за ТЛЕР.Горан Мицкоски од  Секторот за Тлер,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top