Post Views: 1
„Од претприемачко учење до иновации и регионален развој“, тема на 4 тата меѓународна конференција за претприемништво, иновации и регионален развој која од денеска до 7 мај се одржува во Охрид. Конференцијата се одржува под покровителство на претседателот Ѓорге Иванов, Европската академија на науки и уметности, Македонската академија на науки и уметности и Европскиот совет за мал бизнис и претприемништво, а во организација на Националниот центар за иновации и претриемачко учење, учествуваат над 300 експерти од Европска комисија, Светска банка, академици, регионални агенции,...
Post Views: 12
Општина Охрид пред извесно време објави јавен оглас за издавање на микролокации за истакнување реклами. Станува збор за вкупно 104 микролокации од кои 75 (седумдесет и пет) се рекламни панели, додека 29 (дваесет и девет) се светлечки рекламни паноа. Критериум за избор на најповолна понуда била највисоката понудена цена за закуп по микролокација. Изготвен беше и графичкиот приказ на микролокациите кои што беа предмет на јавниот оглас. Понудите што пристигнале во Општината биле јавно отворени на 25 Март, по што биле избрани најповолните закупувачи. Тие ќе располагаат...
Post Views: 31
Министерот за одбрана Зоран Коњановски во посета на автокампот „Свети Наум“, со цел лично да се увери за текот на активностите за целосната реконструкција на комплексот. Во првата фаза од проектот е предвидена изградба на 15 бунгалови, која се очекува да биде завршена до крајот на август годинава, кога во новоизградените бунгалови според плановите треба да бидат сместени првите гости. Комплексот по завршувањето на првата фаза ќе има вкупно 34 бунгалови и ќе биде од полуотоворен тип, така што покрај припадниците на АРМ, ќе може да летуваат и останатите граѓани на Република...
Post Views: 1
На Интернационалниот натпревар „Акордеон Арт“ што се одржа во Источно Сараево во Босна и Херцеговина, првата награда ја освои младиот хармоникаш, охриѓанецот Филип Гаврилоски, ученик на ОМУ „Методи Патче“.
Натпреварот се одржа од 27 до 30 април, во девет категории во една дисциплина и тоа солисти на хармоника – академска изведба.
Надежниот Гаврилоски, инаку ученик на професорот Наумче Џуклески, беше најдобар во својата категорија на натпреварот што важи за еден од најдобрите во светот, и според квалитетот и според бројот на учесници.
Потврда за високото реноме на натпреварувањето...
Post Views: 5
Фестивалот Охридско лето има високото реноме меѓу фестивалите во Европа, а Охрид сеуште нема концертна сала. Недостасуваат и културни институции како што се куклен театар, филхармонија, опера и балет. Преставниците од Фестивалот Охридско лето, Зоран Велјаноски Летра и Гордана Јосифоска Неделкоска се вратија задоволни од Варна каде што учестуваа на генералното собрание на европската фестивалска асоцијација, но сепак со една доза на огорченост. Додека помалите европски градови ги имаат овие културни институции и објекти ние сме многу назад. Насекаде во светот Локалната...
Post Views: 47
Од Варош па се до селото Љубаништа, речиси триесет проценти од Охридските домаќинства, проблемот со фекалната канализација го решиле со изградбата на овој вид постројки. Најголема причина за ваквата состојба е неможноста некои од домаќинствата да се приклучат на фекалната канализација.
Посебно симптоматична е ситуацијата во стариот дел на градот, каде некои од домаќинствата сакаат да се приклучат на канализационата мрежа, но поради конфигурацијата на просторот во комбинација со нерешените имотно-правни односи, тоа е тешко изводливо. Од ЈП, „Нискоградба“ велат дека...
Post Views: 7
Дали во земјава воопшто може да се говори за слобода на медиумите или оваа реченица ќе остане само идеал кој е тешко достижен? 95 нации се наоѓаат пред нашата според слободата во известувањето. Како да се подобри ваквата ситуација? Како да се стигне барем блиску до Норвешка, Финска и Шведска каде медиумите најслободно известуваат? Одговор на овие прашања можеби никогаш нема да добиеме. Состојбата во која го дочекавме Светскиот ден на слободата на медиумите е далеку од посакуваната. Генерално гледано, земјава се соочува со сериозни пречки во објективното и слободно известување,...
Post Views: 1
Социјалдемократите од Охрид добија само едно кандидатско пратеничко место. Од четирите предлози на кандидати од општинската органзиација на СДСМ меѓу кои се споменуваа имињата на Науме Јованоски, Бранко Трпчески и Тони Чингоски, избран е Митре Вељаноски.
Вељаноски е актуелен раководител на секторот за образование и култура при општина Охрид и член на извршниот одбор на СДСМ, и се најде на 4 –тата позиција на кандидатската листа за пратеници од изборната единица 5. Претседателот на општинската организација на СДСМ, Науме Јованоски за ТВМ даде краток коментар дека ја...
Post Views: 2
На денешниот конгрес на СДСМ во Скопје, утврдени се носителите на листи и кандидатите за пратеници од редовите на оваа партија. Во нашата изборна единица бр.5, носител е Јани Макрадули, а Митре Велјановски, членот на Извршниот одбор на партијата од Охрид, е на високот 4. место. Стружани ќе ги претставува Александра Несторовска, на која и е доделено 9. место на листата.Пред Велјановски се најдоја претседателот на ПЕИ Фијат Цановски, кој е позициониран на местото бр.2, додека на третото место е досегашната пратеничка од Битола Весна Бендевска.
Post Views: 72
Се нижат успесите на најмладиот оперски талент во Македонија – Миланка Новеска од Охрид. За само неколку месеци се закити со три први меѓународни награди. Во моментов е прва година во средното музичко училиште Илија Николовски Луј во Скопје и со сигурност вели дека нејзината идна професија ќе биде оперски пејач.
Нови успеси за Миланка Новеска. Охриѓанаката која сосема лесно, без напрегнување, со чист и отворен глас на грлото уште од девет години пееше арии, сега нижи меѓународни успеси. За само неколку месеци освои три први места на меѓународни натпревари. Најпрво...
Post Views: 1
Од Кабинетот на градоначалникот Александар Петрески, веднаш со реакција.
Оттаму велат дека „Не се работи за неосновано критикување на централната власт на ВМРО- ДПМНЕ, ниту малодушно кукање пред амбасадорите. Се работи за вистината“.
„Презентирањето на реалните состојби во односите меѓу Локалната самоуправа и централната власт на чело со ВМРО- ДПМНЕ ,не е кукање туку кажување на вистината“, велат од кабинетот на Охридскиот Градоначалник. Потенцираат дека Градоначалникот Александар Петрески го информирал евроамбасадорот Соренсен, за сериозниот и постојан притисок...
Post Views: 3
Лиење крокодилски солзи и поставување во позиција на жртва во односите со државните институции, пред Евроамбасадорот Петер Соренсен.
„Изјави кои се во целост недипломатски, а кои во никој случај не одат во корист на Охрид“, обвинува координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Паноски. Тој вели дека при неодамнешната посета на евроамбасадорот Соренсен на Охрид, охридскиот градоначалник Александар Петрески, тенденциозно се претставил како жртва во односите со државните институции.
„Проблемите излегоа со изјавите кои ги дадоа градоначалниците на Охрид и Струга,...