Post Views: 2
Веќе сме длабоко во овогодишната летна туристичка сезона. Македонските туристички работници, треба да се справат со сезоната, за која експертите кои се занимаваат со туризам, велат дека ќе биде една од најтешките. И додека за македонските туристички потрошувачи и оваа сезона, Грција е дестинацијата од соништата, македонската туристичка понуда повторно останува на маргините од интересот на македонскиот туристички потрошувач. Можеби најголема причина за слабиот интерес кај македонецот, тој да летува во нашите туристички капацитети, претставува високата цена на понудите...
Post Views: 4
Операторот за погребални услуги „Мирен сон“ реагира на утрешната точка на општинскиот Совет која ќе се најде пред охридските советници. Тие треба да се изјаснат по предлог Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „ Градски гробишта“. Со најновата одлука се предвидува да се наметне нова давачка за граѓаните во висина од 1000 денари по погреб, за пристап и користење на комуналната инфраструктура на гробиштата. Во реакцијата на „Мирен сон“ стои дека граѓаните преку операторите за погребални услиги веќе...
Post Views: 4
Наводната дислокалцијата и пренамена на објектот ФТУ од образовен во туристички центар ги размрда политичките партии. На денешната комисија за урбанизам спротиставени ставови на советничките групи. Советниците од ВМРО ДПМНЕ рагираат на деталниот урбанистички план за втора урбана заедница, па поради тоа оваа советничката група за истиот гласаше против.
„Разговаравме сосема отворено и она што е најважно увидовме дека локалната самоуправа треба при донесувањето на макар и вакви урбанизтички планови многу повеќе да се консултура со засегнатите страни многу повеќе да е транспарентна...
Post Views: 0
Десет месеци од започнување на реконструкцијата на дел од болничкиот блок, работите се одвиваат со полна пареа, информира директорот на Општа Болница, д-р Љубен Арнаудов. Тој додава дека градежните зафати се во полн ек.
„Непотребно во чаршијата се создава тензија дека на болницата ништо не се работи. Болницата се работи со планираниот тек кој што го има изготвено проектната единица, истакнува д-р Арнаудов.
Директорот појанува дека станува збор за стар објект кој при сегашната реконструкција покажал низа пропусти во поранешната изградба, а кои сега мора дополнително...
Post Views: 3
Техничката поддршка за граѓанските организации овојпат гради мостови помеѓу граѓанските организации и локалната самоуправа. На дводневната конференција, која започна денес, ќе се дискутираат неколку теми кои се од витално значење за правилно функционирање и на граѓанските организации и на локалните самоуправи. ТАКСО проектот се спроведува веќе 2 години, а со него се опфатени повеќе теми како, односи со јавноста за граѓански организации, како да се аплицира за европските фондови, соработка со владините институции и учество во донесувањето на одлуки. На оваа конференција...
Post Views: 0
Некои сметаат дека нашата реалност е создадена така како што е опишана од нашиот јазик. Нашиот јазик и лингвистика можат да го сменат видувањето за нашата реалност. Министерката за култура Елизабета Канческа Милеска, која го отвори 44-то издание на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура истакна дека „Можеби еден од најзначајните делови на целокупното културно наследство на еден народ, претставува неговиот јазик. Тој е компонента која го детерминира потеклото на народот, неговото минато и неговиот идентитет, без него, идентификацијата во светски...
Post Views: 1
Македонската туристичка понуда стигнува се подалеку. Денес во Охрид пристигна групата Полски туристи кои веќе неколку дена се во државава. Групата која е составена од полски туроператори и новинари не доаѓа само за разгледување туку има и своја мисија, а тоа е претставување пред полскиот народ и промоција на нашата земја. Претставниците од полските туроператори велат дека народот на Полска со сигурност ќе биде воодушевен од благодетите кои може да ги понуди нашата земја на туристичкиот пазар.
„Прво би сакал да ја искажам нашата благодарност за поканата од Македонската...
Post Views: 8
„Раѓање на совршенството“ е првата самостојна изложба на 15 годишната Мила Коцарева. Насловот на изложбата полн со иронија, упатува на неверојатниот сензибилитет на младата уметничка која за своите години успеала да создаде кристално јасна слика за најголемата опасност во која се наоѓаат младите-злоупотребата на дрогите. Нејзините апстрактни пастелни изрази во себе носат силна порака до младите, но и до сите луѓе воопшто.
„Бев вознемирена од фактите што голем, масивен е бројот на млади лица кои што употребуваат дрога. Податоците од СВР велат дека најмалиот зависник...
Post Views: 10
На изветвената и испрашена црно бела фотографија закачена на ѕидот од резбарската работилница заробен е еден момент од животот на стариот резбар. Гледајќи ја фотографијата Љубен Џамбазов со носталгија си припомнува на деновите од младоста поминати во изучување на резбарскиот занает. Во сеќавањата се навраќа во 50-ите години од минатиот век кога го изучувал занаетот во Атељето за уметничка резба.
Чичко Љубен на фотографијата ги набројува своите соученици ама си спомнува и за сите познати охридски резбари од познатата Дуборезачка школа, Славе Крстанче, Ѓоре Боче,...
Post Views: 2
Одбележан мал, но многу значаен јубилеј за развојот на интервентната кардиологија во Охрид и регионов. Станува збор за плод на долгогодишните напори на една плејада здравствени работници, кои беа ангажирани во развојот на овој проект, се тоа со единствена крајна цел, обезбедување на поквалитетна нега на пациентите со срцево садови заболувања од југозападниот регион на Македонија. Директорот на оваа здравствена институција, Д-р Никола Бакрачески истакна дека отворањето на овој оддел значеше поквалитетна услуга за пациентите кои боледуваат од кардиоваскуларни заболувања...
Post Views: 1
Завршени се сите постапки за поставување на инфо пултови. Информациите кои ќе бидат поставени се бесплатни и ќе бидат од корисни и за туристичките субјекти во градот и за гостите, нагласува раководителот на Тлер Гоце Симоноски.
Тоа е планирана активност на Локалната самоуправа за помош на сите заинтересирани во туризмот. Симоноски додава дека со ова ќе се надмине досегашната грда слика на „чекачи“ на туристи, а посетителите на современ начин ќе доаѓаат до информации. За заштита на инфо пултовите од нашиот добро познат вандализам се преземени неколку мерки. „Дополнително...
Post Views: 0
Втора година од соработката помеѓу Англичаните од Манчестер и Охридскиот Црвен крст која кулминираше со денешната показна вежба која ја изведоа спасувачите. Спасувачите увежбуваа нови техники и ги обновуваа знаењата стекнати минатата година со цел да бидат подготвени да се грижат за оние кои што ги користат капалиштата во текот на летниот период. Во Општинската организација на Црвениот крст од Охрид задоволни од наученото, но покрај знаењето нив најмногу им е потребна и додатна опрема.
„Во текот на 2010 година имавме една донација од два чамци за спасување од операцијата...