sednica sovet

Намалени цените за откоп и закоп

Post Views: 6 Граѓаните на Охрид ќе плаќаат помалку за ископ и закоп. На денешната седница на Советот на општина Охрид, советниците дадоа зелено светло на Предлог – одлуката за давање согласност за измена и дополнување на одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Погребни услуги“. В. Д. директорот Мите Здравески во врска намалувањето на цената за оваа услуга, рече дека претпријатието преферира да ги штити интересите на граѓаните посебно во овие моменти кога се соочуваме со тешка економска криза. Тој додаде, дека простор за намалување на цените...

Continue reading

Lajonisti

Голема награда за македонските лајонисти

Post Views: 7 „Македонија е мала држава по население и територија, но голема во светот на Лајонизмот“, вели актуелниот Гувернер на Дистрикт 132 Др.Сашо Василевски. Реализацијата на над 400-те проекти на ниво на клубовите во Македонија, меѓу кои како еден од поамбициозните може да се издвои  организацијата на летниот камп за деца заболени од Дијабетис тип 1, потоа проектот Засади ја својата иднина, проект кој го започнаа лајонистите од Скопје, проект прифатен од државата проект чија реализација сега заеднички продолжува. Овие проекти на македонските лајности им донесоа и едно големо...

Continue reading

cefka

Се почести дефектите на водоводната мрежа

Post Views: 4 Жителите на улицата „Богомилска“ веќе три дена и покрај пријавениот дефект во „Нискоградба“, не ја добиле бараната интервенција. Поради пукната цевка, постојано тече вода долж улицата. Еден граѓанин кој живее во близина на дефектот ни се пожали дека водата веќе почнала да ја нагризува и фасадата на неговата куќа. Тој вели: „Крајно време е да се интервенира. Дефектот е уредно пријавен во „Нискоградба“ веќе три дена, а екипи сеуште не дошле да го санираат дефектот.“ Стапивме во контакт со надлежните служби во ЈП „Нискоградба“. Тие ни кажаа дека немаат информации за таков...

Continue reading

zelka od kamen

Пронајден камен-желка кај кампот Љубаништа

Post Views: 3 Интересно откритие на само еден километар воден пат од летниот камп Љубаништа. На самото крајбрежје низ густата вегетација срамежливо ѕирка карпа во форма на желка. Живописната карпа е природна формација и многу брзо ви го привлекува вниманието. Се чини и природата застанува на наша страна во обид да се привлечат што повеќе туристи. Па кога тешко успеваме да ги привлечеме туристите на други начини, зошто да не се обидеме и вака? Карпата се наоѓа покрај фреквентните води на Охридското езеро кои често ги минуваат бродовите кои носат туристи до туристичките населби. Лесно...

Continue reading

ohrid noke

Пазарниот инспекторат затвори три угостителски објекти поради пречекорување на работно време

Post Views: 0 Во акција на Државниот пазарен инспекторат спроведена на 18-ти овој месец, неколку познати угостителски објекти во Охрид добија забрана за работа одреден временски период и парична казна. Контактиравме со сопственикот на објектот „Џез и блуз“ Павел Каралиев, кој потврди  дека добил 10 дневна забрана за работа, поради 10 минутното пречекорување на работното време. Покрај затворањето на објектот следува и парична казна од 2500 евра, согласно Законот за угостителска дејност. Паричната казна е иста и доколку се пречекори работното време и повеќе од 1 час од пропишаното,...

Continue reading

skowronki

Хорот „Сковронки“ од Полска, најдобри

Post Views: 5 Детскиот хор од Полска, „Скоровинки“ победници на овогодинештниот Охридски хорски фестивал. Овој детски хор беше избран за најдобар меѓу педесетте хорови учесници. Учесниците од 16 земји, од Холандија, Турција, Русија, Полска, па се до претставници од земјите од соседството, како хорови на Србија, Словенија и Бугарија, во изминатите неколку дена сите беа дел од еден од најинтересните музички настани кои годинава се случија во Охрид. Диригентот на победничкиот хорски ансамбл Алисија Шолуга, истакна дека е многу среќна што учествува на овој фестивал во Македонија и во...

Continue reading

In Memoriam Драгица Силјаноска

Post Views: 2 Утрово, по кратко боледување на 62 годишна возраст  почина Драгица Силјаноска, истакнат културен работник од Охрид. Силјаноска својот професионален ангажман како новинар го започна во радио Охрид. Понатака следуваа нејзините работни ангажмани во прес службата на Отекс, во дописништвото на НИП Нова Македонија, во Дом на Културата, во Градската библиотека и Балкански Фестивал. Функцијата директор на библиотеката Григор Прличев ја извршуваше  во периодот од 2003 до 2007 година. За време на нејзиниот четири годишен мандат како директор, библиотеката ја доби повелбата Св...

Continue reading

jazz inn

Џез Инн и натаму јаболко на раздорот

Post Views: 0 Двата мирни протести кои речиси симултано се случуваа минатиот Петок спроти Сабота не ги оставија рамнодушни ниту сопствениците на клубот, ниту протестантите. По првичните обвинувања од сопствениците на Џез Ин упатени кон Љупчо поп Стефанија, еден од учесниците во протестот, сега со реакција се јави и самиот поп Стефанија. Во неговиот допис се вели: „Сакам да напомнам дека јас не сум организатор на протестот, туку сум еден од загрозените граѓани кои реагираат преку протест за незаконитостите предизвикани со работата на кабарето и правото на сопствен живот на граѓаните...

Continue reading

kino bavca

Реновирањето на кино бавча ќе почека до другото лето

Post Views: 7 Обновата на кино бавча не се реализира. И покрај најавите дека од месец јули  ова лето охриѓани  ќе може да ги следат  филмските проекции и  концертните случувања  на оваа летна сцена, сепак  ќе мора да причекаат.  Работите околу расчистувањето и уредувањето не се ни започнати. Директорката на центарот за култура Григор Прличев за задоцнетото реновирање има оправдување. „Спонзорот што тербал да ја расчисти и уреди сцената е презафатен. Ќе почекаме да ги заврши своите започнати работи, па кога ќе има време ќе го заврши  и нашиот дел, информира Боцевска. Додава дека е...

Continue reading

Petreski

Локаната ги исполна условите за стопанисување со градежното државно земјиште

Post Views: 6 Се исполнува сонот на општините. По пет години преговарање со владата конечно го добиваат градежното земјиште на териториите на општините. Градоначникот на Охрид Александар Петрески категоричен дека општините многу подобро може да менеџираат со досегашното државно земјиште отколку државата. „Законот со кој општините може да стопанисуваат земјиштето на својата територија стапи на сила од 01.06, но тоа незначи дека од 1 јуни автоматски можевме да го превземеме земјиштето“, вели градоначалникот Петрески. „ Ние влеговме во тој процес и од пет шест главни услови кои требаше...

Continue reading

jazz inn

Според сопствениците на Jazz Inn протестот и не бил така мирен

Post Views: 6 До редакцијата на ТВМ, денес  стигна допис од сопствениците на Кабарето Џез Ин. Во него се наведува дека еден од сопствениците синоќа се обидел да разговара со протесната група, но бил дочекан со погрдни навреди, пцовки и сериозни закани.Тој смирено ги посоветувал агресивните лица да си ја бараат правдата на легален начин низ надлежните органи на државата и се повлекол од толпата. Сопствениците на кабарето Џез Ин и покрај законското право за поднесување тужби против лицата потписници на лажните и сериозни клевети и јавното медиумско понижување, нема да покренат никаква...

Continue reading

kanal

Повторно истекуваат фекалии кај Каналот

Post Views: 9 Минатата недела веќе беше актуелизиран овој проблем, по што надлежните екипи успеаа да го откријат и спречат изворот на фекално загадување. Како причина за истекувањето беше наведено дивото приклучување на дождовната канализација од неколку куќи на улица Асном. За овој проблем со апел се јави и градоначалникот Петрески кој им порача на граѓаните совесно да се однесуваат кон животната средина и наместо надиво да се приклучуваат во дождовната канализација, тоа да го направат легално на фекалната. И покрај тоа што беше спречено излевањето на фекалии, по се станува збор...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top