Post Views: 7
Екипи на ЈП „Нискоградба“, работат на поставување нова фекална канализација на улиците „Будва“ и „Винковачка“. Увид на градежните зафати направи градоначалникот Кирил Пецаков.
Според проектот, на улицата „Будва“ фекалната канализација е во должина од 225 метри, а се поставуваат Ф300 цевки, додека на улицата „Винковачка“ е 135 метри, а се поставуваат Ф200 цевки.
Вкупната вредност на проектот изнесува 1 977 516 денари.
Post Views: 2
Видеото кое се шири на Фејсбук е од преносот на паневропската медиумска мрежа „Еуроактив” од 2015 година, во Брисел, каде Бил и Мелинда Гејтс зборуваа за нивните инвестиции во генетски модифицирани култури. Во овој пост неговата тогашна изјава е извадена од контекст и со неа се манипулира дека тој говори за употреба на ГМО во вакцините за деца, што не е вистина. Гејтс зборува за важноста на безбедносното тестирање во прифаќањето на новите технологии. Тој прави споредба меѓу безбедносниот систем за лекови и оној на генетски модифицираните култури.
Рецензираме исклучително...
Post Views: 4
Од сабота полицискиот час во Грција ќе биде пократок и ќе почнува во 01.30 часот, наместо 00.30 како што беше досега, а на угостителските објекти ќе им биде дозволено да пуштаат музика, соопшти попладнево заменик министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, јави дописничката на МИА од Атина.
По позитивната препорака од комисијата на епидемиолози во Министерството за здравство, Хардаљас информираше за одлуките на Владата за дополнително олабавување на мерките.
Од сабота 12 јуни, дозволена е музика во угостителските објекти, кои и понатаму ќе работат само во...
Post Views: 0
На својата последна одржана седница Владата ја разгледа и усвои Информација за исплата на пензии за април 2020 година, и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 23.04.2020 година.
Како заклучок во врска со исплатата на априлските пензии, Владата заклучи да им препорача на деловните банки од петок 24.04.2020 година да обезбедат пензионерите со априлските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.
Како дополнителен заклучок им се...
Post Views: 3
Вчера во просториите Општина Дебрца Градоначалникот Игор Трајкоски имаше средба со најмладите првачиња во Општина Дебрца.
Како и претходните години така и оваа година благодарение на г-дин Драган Капинков од фондацијата „Капинков“ на првачињата во Општина Дебрца им беа доделени чанти и училишен прибор.
Воедно Градоналникот Игор Трајкоски им посака успешна учебна година и успешен образовен процес.
Post Views: 1
Земјата се соочува со голем проблем со вселенскиот отпад. Овој проблем ќе се влошува како што расте бројот на компании и влади што лансираат сателити, летала, па дури и туристи во вселената.
Голем дел од она што го испраќаме во вселената на крајот гори во атмосферата, но дел останува во орбитата. Џејк Ебот, професор на Универзитетот на Јута, предвидува дека ситуацијата може толку да се влоши, што Земјата би можела да наликува на Сатурн во иднина.
– Земјата наскоро би можела да има свои прстени. Но тие ќе бидат направени од отпад – изјавил тој за локален...
Post Views: 3
Откако фудбалерот Кристијан Ериксен колабираше на теренот при крајот на првото полувреме на мечот против Финска, се проширија гласини дека ја примил вакцината на „Фајзер“ и дека поради тоа добил срцев удар. Веднаш после овие шпекулации кои се раширија на големо, директорот на „Интер Милан“, им кажа на репортерите дека Ериксен воопшто не бил вакциниран.
Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека данскиот репрезентативец и играч на „Интер“, Кристијан Ериксен (29), кој изминатиот викенд на 12 јуни, колабираше среде натпревар на Европското првенство во фудбал, всушност,...
Post Views: 7
Првиот авион на новата црногорска авиокомпанија Ер (Air) Монтенегро слета утрово на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, со што е означен почеток на комерцијални летови.
Црногорскиот министер за економски развој Јаков Милатовиќ пристигна со авионот од Подгорица.
По банкротот на Монтенегро ерлајнс, Владата на Црна Гора ја основаше авиокомпанијата ТоМонтенегро, која лета под брендот Ер Монтенегро. (МИА)
Post Views: 1
Владата на Република Северна Македонија на својата 44 седница што се одржа денеска, донесе повеќе одлуки, мерки и препораки кои произлегуваат од 30 состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, одржан на денеска, а кои се однесуваат на Куманово, Тетово и Прилеп.
Владата го задолжи Аднан Џаферовски, директор на Дирекцијата за заштита и спасување, со уште двајца членови од Главниот координативен кризен штаб да биде во комуникација со Oпштинскиот штаб за заштита и...
Post Views: 8
Деновиве КУД „Дримкол“ од Вевчани учествува на фестивал во градот San Giovani in Galdo во Италија. Во своето гостување друштвото оддржа 3 целовечерни концерти пред многубројна публика во градовите Ripalimosani и San Giovani in Galdo каде ги претстави богатата македонска народна носија, изворните инструменти како и изворните кореографски постановки. Во рамките на турнејата ќе се оствари и посета на вечниот град Рим.
Како национално богатство на Република Македонија, ова Вевчнаско здружение се афирмира себеси и ја афирмира нашата држава , а преку реализирањето оваа турнеја...
Post Views: 5
Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, информира дека се исчистени дивите депонии во месноста “Селиште”, кај црквите “Св.Василиј”, “Св.Јован” и “Св.Атанасије”, село Белчишта.
На просторот дополнително ќе бидат поставени информативни табли .Од локалната со апел до граѓаните да се воздржат од депонирање на отпад.Против сите прекршители ќе бидат преземени со закон предвидени мерки и санкции.
Post Views: 12
Одделот за здравство и социјална грижа на Велика Британија децидно ги отфрла и негира тврдењата дека „мидазолам“ се давал намерно на жителите на старските домови како би се лажирале смртните случаи предизвикани од ковид-19. Постот што се споделува на Фејсбук е манипулативен, му недостигаат информации и шири паника во јавноста. Од Одделот за здравство и социјална грижа на Велика Британија (ДХЦС) за сајтот за проверка на факти „Фулфакт“ изјавиле дека поради тоа што ковид-19 донесе зголемување на глобалната побарувачка, Владата правела залихи, но не само за „мидазолам“...