Мар 10, 2014

Повик за волонтери и набљудувачи за претстојните претседателски и парламентарни избори

И на претстојните Претседателски и Парламентарни избори, Коалицијата со голем број на акредитирани набљудувaчи и волонтери активно ќе го следи изборниот процес и политичките кампањи кои се составен дел на изборите. Ги повикуваat сите заинтересирани граѓани од Република Македонија кои сакаат да се пријават за акредитирани набљудувачи и волонтери да се пријават најдоцна до 25 март 2014, на следниве адреси:izlezidaglasas2014@gmail.com или на поштенски фах 79За да бидете набљудувач потребно е :•     Да сте граѓанин на Република Македонија;•     Да имате навршено 18 години на денот на пријавувањ…

Мар 10, 2014

Денови на идеи

Од вчера охриѓани можат своите идеи да ги напишат и да ги остават на пунктот на плоштадот Св. Климент Охридски. Ова е пракса на ВМРО ДПМНЕ во последниве неколку години а со цел граѓаните да можат своите лични идеи  за тоа што треба да се направи во средината во која живеат или пак во државата да ги искажат тајно. Потоа идеите се разгледуваат и оние кои се издржани се ставаат во програмата која се подготвува за наредните парламентарни избори за таа да биде поблиска до народот.Многу идеи кои граѓаните ги дадоа на пример за едно евро за метар квадратен за продажба на државно земјиште беа прифа…

Мар 10, 2014

Насоката на ФТУ, гастрономија, исхрана и диететика, се попривлечна за новите студенти

  Насоката на ФТУ,  гастрономија, исхрана и диететика, се попривлечна за новите студенти. Со новините кои е планирано да се внесат ги пратиме светските стандарди во оваа област, вели Проф. Д-р Ангела Василеска. За овој летен семестар планирано е по втор пат да се организира работилница за вино која ќе ја води врвен енолог од винаријата Стоби кој студирал енологија во Франција и е еден од најдобрите во Македонија.Сметам дека исклучително е потребно студентите да имаат добри познавања од оваа област. За жал во угостителските објекти сеуште многу малку се обрнува внимание на послужувањето на в…

Мар 10, 2014

ЈП „Билјанини извори“ победник на фудбалскиот турнир под покровителство на локалната

Фудбалскиот тим на ЈП „Билјанини извори“ победник на турнирот во мал фудбал во организација токму на ова јавно претпријатие, а под покровителство на општина Охрид. Тимот на „Билјанини извори“ во финалниот меч беше посилен од тимот на МЈП Проаква со резултат од 6:5. Во мечот за третото место пак помеѓу екипите на ЈП Нискоградба и Градски пазар подобар беше тимот на Нискоградба со резултат од 6:4. Дводневниот турнир се одржа во салата  „Билјанини извори“, а учество зедоа 8 екипи и тоа, екипите на јавните претпријатија Нискоградба, Билјанини извори, Градски пазар,  Охридски комуналец и МЈП Про…

Апр 19, 2021

Триесет случаи на мобинг минатата година, два за сексуално вознемирување

Триесет случаи на мобинг од кои 20 во приватниот и 10 во јавниот сектор регистрирал Сојузот на синдикати на Македонија минатата година. Најголем дел од пријавите се од мажи, а речиси тројно помалку од жени или изразено во бројки 19 пријави биле од мажи, а само пет од жени. Две од пријавите се за сексуално вознемирување. Од ССМ за МИА изјавија дека најчесто се работи за психичко вознемирување кое било поврзано со навредување, заканување, застрашување, вознемирување по завршување на работното време, деградирање на работникот со злоупотреба на службените овластувања. – Најчесто се пријавува …

Мар 10, 2014

„Охридски комуналец“ го средува зеленилото на ул. „Марко Цепенков“

Јавното претпријатие „ Охридски комуналец“ по налог на општинскиот инспекторат ја санира  пешачката патека по улицата „ Марко Цепенков“ на потегот од кружниот тек на улицата „ Питу Гули“ до месноста „ Стобекс“. Отстранети се делови од зелената жива ограда, гранки од дрвја и  диви жбунови  од приватните имоти кои го попречуваа движењето на пешаците  и  видливоста на сообраќајните знаци.Во одржувањето на зеленилото по јавно- прометните површини Ј.П.„Охридски Комуналец„ секојдневно се сретнува со проблеми  кои произлегуваат од одржувањето на оградите, дрвјата и жбуновите кои од приватните имот…

Мар 10, 2014

Сообраќајната полиција од Охрид одзеде девет возачки дозволи на алкохолизирани возачи

Осум лица управувале моторни возила под дејство на алкохол, еден одбил алкотестирање а девет возачи се исклучени од сообраќај во ноќешната акциска контрола на охридската полициска станица за безбедност во патниот сообраќај. По тие основи, сообраќајната полиција одзеде девет возачки дозволи и издаде исто толку платни налози. Синоќешната акциска контрола имаше за цел подигнување на безбедноста и заштитата во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.Вакви акциски контроли ноќеска се реализираа на целото подрачје на СВР Охрид. Мерките ќ…

Мар 10, 2014

Студијата ЛОТОС ќе ја испитува корупцијата во Охрид, Струга, Вевчани и Кичево

Оваа студија се изготвува во рамки на проектот „Размена на најдобрите практики од ЕУ за следење и спречување на корупцијата на локално ниво“ што го спроведува ,,Локалната агенција за развој’’ од Струга во партнерство со ,,Центарот за истражување и креирање политики (CRPM)’’ од Скопје. Според Локалната агенција за развој, главната цел на овој проект е промовирање на практиките за антикурупција и добро владеење на локално ниво. Од таму сметаат дека со спроведувањето на овој проект ќе се подигне нивото на свесност и познавањето на граѓанското општество, но и дека ќе се изградат потребните капа…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top