Мар 12, 2014

Пратеникот Александар Николоски работно во Дебрца

Во посета на општина Дебарца деновиве престојуваше пратеникот Александар Николоски, кој заедно со градоначалникот Игор Трајкоски го посетија с.Мешеишта, каде што ги согледаа градежните активности околу изградбата на канализационата мрежа, која започна да се гради пред еден ипол месец. Според договорот фирмата изведувач работите траба да ги заврши во рок од 10 месеци. При посетата од страна на изведувачот беше кажано дека темпото на изградба е во одлична динамика и дека имаат изградено една третина од канализацијата односно 3 километри цевковод со поставени шахти.Вредноста на договорот е око…

Мар 12, 2014

Дел од “езерските“ села и населби денес без струја

Од ЕВН Македонија, информираат дека денес, 12-ти март, ќе има  прекин во снабдувањето со електрична енергија во неколку охридски села и населби долж брегот на Охридското Езеро.Имено, во периодот од 09:30 до 16:00 часот без снабдување со електрична енергија ќе биде еден дел од туристичката населба „Лагадин“,  од 12 до 13 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има во селата Трпејца, Љубаншта, комплексот „Св. Наум“, воениот камп, и населбата со викенд куќи во Љубаништа .Во текот на денешниот ден без електрична енергија ќе биде и дел од селото Горно Лакочереј  и тоа во периодот …

Апр 19, 2021

28годишната Бранкица од Вевчани која 12 години живее со помош на дијализа се надева на трансплантација

Бранкица Размоска е хероината од Струга на хемодијализа која го победи корона вирусот.  Има  само 28 години, а со болеста се соочила уште како тинејџер. Битката со бубрежната слабост ја довела на апарати за хемодијализа. Во 2009 година  и била извршена успешна трансплантација на бубрег, донор била нејзината мајка. За жал после десет години откажал  бубрегот  и повторно,  веќе две години  е на апарати. Три пати неделно по четири часа  во струшката болница за нефрологија.  „На почетокот ми беше многу тешко додека се навикнав, не можеш да се однесуваш нормално како останатите луѓе. Но со тек н…

Мар 12, 2014

Скршено сферното огледало на ул.„Марко Нестороски“

За зголемување на сообраќајната безбедност, од пред некоја година градските власти во Охрид на неколку „црни точки“ низ градов поставија сферни огледала. Но, изгледа дека некому овие сообраќајни помагала му пречат. Веќе неколку дена скршено е едно од ваквите огледала, поточно огледалото на ул. „Марко нестороски“.Поставувањето на овие огледала  иако даваше позитивни повратни резултати и во голема мера ги намали сообраќајните незгоди на тие точки бидејќи обликот на огледалата придонесува да се зголеми прегледноста при сообраќање на раскрсницата. Во очекување на замена на ова сообраќајно помаг…

Мар 12, 2014

Привршува изградбата на мини плоштадот во „Влашка маала“

Аголот на пресекот на ул „Марко Нестороски“ и „Питу Гули“ полека го добива својот нов лик. Екипите на ЈП „Градски Гробишта“ , по налог на Фондот за комунален развој активно работат на терен, па така со поставување на 80 м квадратни бекатон плочки, 70 м квадратни бетонски плочки од сопствено производство, 50 м кубни тампон и 100 м ивичњаци, ќе се разубави и ова катче од градот.Жителите од „Влашка маала“ од Охрид,наскоро ќе го добијат убаво среден мини плоштад, со клупи, фонтана, а истиот ќе биде и холтикултурно уреден.{loadposition content9}

Мар 11, 2014

Св. Кирил и Методиј, ново средно училиште во градов

Се формира ново општинско средно училиште. Економското училиште и медицинската паралелка се издвоиja од Гимназијата Св. Климент Охридски. Секретарот на Општината, Димитар Спасески вели дека ова била идеја уште на минатиот совет во 2010год. кога донеле одлука за поделба на ова училиште. Сега додава Спасески се создале услови таа идеа да се реализира. -На крајот на минатата недела Министерството за образование ја даде согласноста за поделба. Претходно стручна комисија од министерството направи увид врз објектите, наставниот кадар, бројот на учениците и утврди дека сите услови за поделба се ис…

Мар 11, 2014

Завршната сметка на буџетот на Општина Охрид, неприфатлив за советниците од опозицијатa

Извештајот за остварените приходи и извршените трошоцина буџетот по завршната сметка на буџетот на Општина Охрид за 2013год., неприфатлив за советниците од СДСМ. Координаторот Томислав Тунтев вели дека  низ него провејуваат политички квалификации од типот дека до април минатата година се работело незаконски со асигнации, цесии, компензации и др. и дека немало усогласеност со законската регулатива, а дури од доаѓањето на новата власт почнало да се работи законски.-Ако осум години се работело незаконски  со виртуелни пари како што велат, каде тогаш биле  централните органи како што се  центра…

Мар 11, 2014

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ направи пустош за 8 години владеење

  Се додека СДСМ се занимава со отчетот на градоначалникот Бакрачески и Локалната самоуправа  јасно е дека станува збор за дела, бидејќи ВМРО во целост ја покажа својата отчетност кон граѓаните на Охрид, велат од ВМРО – ДПМНЕ, како одговор на денешниот прес на ОО на СДСМ Охрид.  Но како што кажа портпаролот Никола Митровиќ граѓаните на Охрид добро знаат за празните ветувања на СДСМ. Митровиќ  ги запраша охридските социјалдемократи дали со  заминувањето од власт се амнестирале од како што рече, сите неправди кои ги направиле кон Охрид.  Тој уште еднаш упати критика кон СДСМ за нивното 8годиш…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top