Мар 18, 2014

Пожар во близина на охридското село Лактиње

Избувна пожар во близина на охридското село Лактиње, во Општина Дебрца. Од Противпожарната територијална единица од Охрид не информираа дека станува збор активен пожар, најверојатно предизвикан од палење на стрништа во овој реон.Од противпожарната единица додаваат дека две возила веќе се упатени кон локацијата, а се преземаат сите мерки за негово локализирање. Палењето стрништата се казнува со шест до осум илјади евра за правни и 1,5 до три илјади за физички лица, информираат  од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.{loadposition content9}

Апр 21, 2021

46 прекршувања на забраната за движење, 611 санкции за неносење маска

Од 20.00 часот (20.04.2021) до 05.00 часот (21.04.2021) констатирано е дека 46 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (20/21.04.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 611 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

Мар 18, 2014

Розите се враќаат во Охрид

Во акцијата на Министерството за животна средина „Македонија земја на цвеќето- земја на розите“ што ќе се одржи на  овој петок, 21-ви март, со активности на Одделението за заштита на животната средина и Одделението за образование, ќе се вклучи и општина Охрид.Локалната самоуправа во содејство со ЈП „ Охридски комуналец“  ќе организира граѓанска акција, во која на претходно определени јавни парковски површини ќе се засадат рози, а во основните училишта ќе се организираат продажни изложби на рачно изработени предмети. Во дворовите на основните училишта, во рамките на акцијата, ќе биде организ…

Мар 18, 2014

„Сината боја е најтопла“ на кино-репертоарот во Охрид

Од утре на кино-репертоарот на Центарот за култура „Гриогор Прличев“ ќе се прикажува францускиот игран филм  „Сината боја е најтопла“. Оваа романтична приказна се плете околу Адел, девојка која е различна од нејзините врсници. Вниманието почнува да и го привлекува девојка по име Ема. Ема е студент на ликовната уметност, која се спријателува со Адел и оди да живее со неа.И она што следи од тоа пријателство е неверојатна блискост што произлегува од љубовта. Двете девојки почнуваат една страсна љубовна врска, при што Адел е принудена да се крие од своето семејство. Приказната почнува да се ком…

Мар 18, 2014

Наместо на улица, приватните станоиздавачи гостите ќе ги дочекуваат на типизирани штандови

Во Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на град Охрид  за 2014- та година според претходно утврдените проблеми во однос на нелегалното нудење на услуги за сместување во капацитети од мал обем, и оддавањето на лоша слика на градот на повеќе локации, со оваа програмска активност се предвидува изработка и поставување на типизирани штандови, кои ќе ја имаат функцијата на туристички берзи. На нив, регистрираните приватни станоиздавачи ќе имаат можност да ги нудат своите сместувачки капацитети на организиран и достоинствен начин, со што би се вовел ред како и во нелојалната конкурен…

Мар 18, 2014

Туристичко информативниот центар ќе се дислоцира во центарот на Охрид

Согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на град Охрид а, со оглед на нефункционалноста на поставениот туристички информативен центар на претходно предвидената локација на Бул „Туристичка“ на влез на Охрид, се предвидува негова дислокација во централното градско подрачје. Во неговата функција е предвидено и воспоставување на телефонска инфо линија за пријавување на неправилности и проблеми од областа на туризмот во Охрид. Во овој центар туристите ќе добиваат информации за сместување и други корисни информации поврзани со туристичката понуда на градот и календар на настани…

Мар 18, 2014

Дел oд Охрид и охридските села денес поторно без струја

Од ЕВН Македонија, информираат дека денес, 18-ти март, ќе има  прекин во снабдувањето со електрична енергија во дел од центрарот на Охрид како и неколку охридски села и населби.Така во периодот од 06:00 до 08:00 часот, без снабдување со електрична енергија  ќе бидат улиците: „Прилепска“, „Радојца Новичиќ“, „Кузман Капидан“, „Илинденска“ , „Кочо Рацин“, „Боро Шаин“, „Петар Поп Арсов“, „Пере Тошев“, „Кирил и Методиј“, „Сатеска“, „Железничка“, „Винковача“, „Гоце Делчев“, „Вардар“ , Стив Наумов“ и „Васил Стефоски“, селата Вапила, Ливоишта, Орман, Долно и Горно Лакочереј, бензиската пумпа во нас…

Мар 17, 2014

Крводарувањето во Охрид е на високо ниво

Славјанка  Атанасова е млада девојка која досега  три пати дарувала крв. Задоволна сум од сознанието дека сум дарувала крв и сум помогнала кога тоа било најпотребно , вели оваа хумана девојка. Славјанка напоменува дека да стане крводарител била поттикната од семејството. Го следи  примерот на нејзиниот  татко Ацо Атанасов кој исто така е  крводарител.   „ Го гледав татко ми знаев дека оди на крводарителни акции го гледав и имав желба и јас да дарувам. Кога наполнив 18 години и кога имав право да дарувам крв  дарував и не беше старшно, се чувствував исполнето и продолжив да дарувам крв и пос…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top