Секторот за туризам и локален економски развој започна акција за поставување на туристички информативни таблиниз 26 локации во Охрид. Истите се поставуваат со цел туристите и гостите кои ќе дојдат во градов навремено да бидат известени за културните, историските, природните и туристичките знаменитости како и за останатите објекти и содржини кои се специфични за Охрид. Во текот на вчерашниот ден вакви туристички информативни табли со соодветен знак на објектот или содржината на која се однесуваат беа поставени на шест локации во градов.- Охридско езеро (знак езеро) кај игралиштето Мизо – Охр…
Центарот за јавно здравје од Охрид со новина во своето работење. Од почетокот на идниов месец ќе започнат со испраќање на резултати од микробиолошки испитувања преку е мејл до пациентите. Оваа новина велат дека е во насока на подобрување на здравствените лабораториски услуги кои ги нуди Центарот. Новата можност може да ја искористат сите пациенти кои ќе дадат согласност своите резултати да ги добиваат во електронска форма. Според д-р Сашо Точков од Центарот за јавно здравје, со воведувањето на оваа услуга, ќе се штеди и на време и на пари, а ќе се добие и поголема ефикасност.Целиот процес ќ…
Трите реки во охридско, Коселска, Велгошка и Сатеска со идентичен квалитет, односно трета класа. Ова се резултатите од примероците кои Центарот за јавно здравје ги зел во текот на првата недела од месецов.
Бромологот од Центарот за јавно здравје, д-р Сашо Точков вели дека според добиените резултати може да се заклучи дека водите од овие три реки не ги задоволуваат стандардите според законската регулатива во класификацијата на водите. Лоша е состојбата и во реката Црн Дрим која пак се загадува со водата која поминува низ пречистителната станица во Враништа која е од 4 и 5та класа. Спротивно …
Во тек се работни активности за изградба на нов потпорен ѕид на улица „Кузман Капидан“ во населбата Варош.
Се работи за армирано бетонски ѕид во должина од 18 метри и висина од 4 метри. Со неговата изградба се решава долгогодишниот проблем на жителите од овој дел на градот и се надминува опасноста која постоеше за околните индивидуални куќи. Вредноста на инвестицијата е 2,5 милиони денари, а средствата се обезбедни од буџетот на Општина Охрид.
Како дел од овогодинешните активности за партерно уредување, во текот на наредниот период ќе започне реконструкцијата на пешачки патеки на неколку …
За овој вторник, 1-ви април, во 12 часот е најавена 22-та седница на советот на општина Охрид.На оваа седница охридските советници покрај 30-те точки од урбанистичката сфера,поточно точки кои се однесуваат на потребата од донесување на урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградени објекти во Охрид, ќе расправаат и за висината на надоместокот на услугите кои ги вршат јавните претпријатија.Потоа на дневниот ред ќе се најде и постапката за доделување на договор за воспоставување на Јавно приватно партнерство за имплементација на електронски систем за организирање…
Во рамките на активностите за општествена одговорност на Универзитетот “Св. Апостол Павле“ во соработка со Црвен крст, Охрид, започна со реализација на проектот наменет за лица од социјално загрозените семејства. Во рамките на овој проект, учениците на возраст од 16 до 18 години, од оваа социјално ранлива категорија ќе имаат можност бесплатно да стекнуваат знаења и вештини за веб програмирање, за што на крајот ќе добијат и соодветен сертификат. На тој начин се отвора можноста кај овие млади луѓе, да го искористат стекнатото знаење и да креираат опција повеќе при нивно вработување или отвор…
18 годишен охриѓанец, припадник на Ал-Каеда, е осомничен за терористичкиот напад во Турција пред пет дена, во кој беа убиени двајца полицајци и еден цивил, пренесува „Канал5“.Во нападот учествувале и двајца жители на Косово. Тројцата се враќале од Сирија и при контрола од полициски контролен пункт на автопатот во турската област Нигде, наместо да застанат, почнале со калашников да пукаат кон полицајците, офицерите и возачите од околните возила.Турските медиуми објавија дека групата била дел од радикалните структури блиски на Ал Каеда.{loadposition content9}
Во просториите на Црвен крст Охрид во петок, 28-ми март 2014 година, од 19,00 часот ќе се одржи предавање на тема Работа со деца со посебни потреби со акцент на нивното вклучување во образовниот процес, идентификување на нивното основно познавање на одредени вештини и потребите кои ги имаат овие деца. Предавач ќе биде Сара МекФитерс, волонтер на Мировниот корпус од Соеднитетите американски држави во Македонија, моментално на волонтерска работа во училиште во Велес а и со претходно тригодишно работно искуство со деца со посебни потреби во Бугарија.Предавањето е од отворен тип и добредојдени …