Ное 13, 2021

ЗДРУЖЕНИЕТО „МОБИЛНОСТ“ ОДБЕЛЕЖА 33 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ со традиционален собир и со пригодна свеченост одбележа 33 години од постоењето и делувањето во општините Охрид и Дебрца. Свое обраќање пред присутните на настанот имаше секретарот на Општина Охрид, Александар Китески кој упати честитки за сите досегашни остварувања на здружението, со желби за уште поголеми успеси во иднина. Локалната самоуправа во согласност со програмите и законските регулативи за социјална заштита, во континуитет реализира проекти и обезбедува подобри услови за лицата со телесен инвалидитет и лицата со посебни …

Окт 23, 2020

Вевчани наскоро ќе добие современ туристички центар

Привршува реконструкцијата на старото основно училиште и негово трансформирање во мултуифункционален туристички објект . На површина од 1.400 квадратни метри  ќе има конгресна сала, сала за семинари, галерии, музејски поставки, фитнес сала, кафетерии  и  други комерцијални содржини. Направен е технички прием на објектот, во тек се јавните набавки за внатрешно уредување. „Проектот е веќе готов, треба да се распише јавен оглас на партерно уредува а потоа и опремување очекуваме на крајот на годинава или на почетокот на следната да имаме свечено отворање. Има корисна површина од  1400 квадрати …

Окт 23, 2020

Езерско ракометно дерби во недела

Ситуацијата со ковид во нашата земја наметна згуснат распоред во ракометната супер лига. Во 5 дена треба да се одиграат три кола така што веќе во недела на гости во Охрид доаѓа ракометниот клуб од Струга. Поради откажаниот натпревар со Пролет охриѓани ќе одмараат денеска за разлика од стружани кои го пречекуваат КЛ 7. Поголемиот и поквалитетен ростер на играчи како и порелаксираниот распоред на охридската екипа ја става како апсолутен фаворит на дуелот иако станува збор за дерби кое влече  корени од пионерските до сениорските состави.„Тоа е едно вечно ривалство помеѓу Охрид и Струга кое сек…

Окт 23, 2020

Во Македонија денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Празникот се празнува по повод основањето на Македонската револуционерна организација во Солун. Имено на 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода. Основоположниците биле: Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие основаат конспиративна група, нарекувајќи ја македонски револуционерен комитет. Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени…

Окт 23, 2020

Премиера на филмот “СТЕЛА” во НУЦК Охрид

Филмот „Стела“ премиерно на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид и тоа во деновите 29-ти, 30-ти и 31-ви Октомври 2020 година, со почеток во 20.00 часот, цена на карта 150 денари. По обид за самоубиство на едно десетгодишно дете, кое е жртва на малтретирање во училиште, Стела(шарпланинка) е единствената која може да го спаси и да му ја обнови верата во животот. Оригинален наслов: СТЕЛА Траење на филмот: 91 Минути Земја / година: MKD/2019 Жанр: Драма, Семеен Глумци: Дејан Лилиќ, Тони Михајлоски, Петар Маниќ, Симеон Дамески, Христина Поповиќ Режија: Стојан В…

Окт 23, 2020

СПОМЕН БИСТАТА НА ПРИЛИЧЕВ ПОСТАВЕНА НА НОВА ЛОКАЦИЈА

Заврши дислокацијата на спомен – бистата на Григор Прличев на новиот простор помеѓу двете национални установи што го носат неговото име. По налог на Општина Охрид градежните работи за уредување на просторот и постаментот ги изведоа вработени на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид. Идејата за дислокација е уште од мигот кога до поранешната локација на бистата беа поставени подземните контејнери а јавноста излезе со бурни реакции. Сега следува хортикултурно уредување на просторот околу бистата, зафат на кој ќе биде ангажирано ЈП „Охридски комуналец“. Како крајна фаза според проектот на општината…

Окт 22, 2020

Корона кризата и нелојалната конкуренција ги затвораат занаетчиските бизниси

Функционирањето на голем дел од занаетчиските дејности во услови на ширење на заразна болест е скоро невозможно. Целиот занаетчиски сектор има финансиски потешкотии. Побарувачката е намалена, занаетчиите не можат да одржат ликвидност , фирмите згаснуваат. „Лоша е состојбата со занаетчиите. Сами можете да видите каква е атмосферата во старата охридска чаршија. Во однос на уписите и  престанокот на занаетчии, оваа година се запишани 10 нови занаетчии од кои 8 се преку проектите на УНДП а загрижувачка е бројката од 7 занаетчии кои престанале да вршат занаетчиска дејност во текот на оваа година…

Окт 22, 2020

Засилени контроли во јавниот превоз во охридско и струшко

Седум возачи од Струга во еден ден заработија парични казни за нелегално вршење  такси превоз на патници. Затекнатите лица немале лиценца, ниту  унифицирани ознаки и опрема на такси возилото, работеле на црно. Сообраќајната полиција деновиве засилено врши контроли и  за почитување на препораките за заштита од корона вирусот во патниот ссообраќај. Носење заштина маска, но и преполовен  број на патници во јавниот превоз. Се контролира и организираниот превоз на фабриките и погоните во регионот.  „Ние практично ги интензивираме конторлите  на сите мотрни возила во градот и приградксите населби…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top