Кандидатите за пратеници од редовите на ВМРО ДПМНЕ, денешната прес конференција ја посветија на кандидатот за претседател од нивните редови, Ѓорѓе Иванов.
Тие од граѓаните побараа во недела масовно да излезат и да го поддржат Иванов, бидејќи тој според нив е најдобриот претседател кој Република Македонија некогаш го имала. Кандидатот за пратеник, Александар Николоски вели дека само со масовна излезност ќе може да ги спречат сценаријата на бојкот на претседателските избори кои според нив ги заговара најголемата албанска политичка партија ДУИ. Николоски смета дека отчетот на досега сработенот…
Среќен крај на драмата на двајцата туристи кои вчера се загубија на Галичица. Потрагата по нив траела четири часа, а во која беа влучени екипи од НП Галичица, ЦУК, граничната полиција и единицата за спасување на планина. Двајцата туристи биле пронајдени во изразена хипотермичка состојба, несоодветно облечени и опремени, но и без карти за движење по теренот. Антонио Додевски од единицата за спасување на планина вели дека приказната има среќен крај благодарение на координираноста помеѓу сите екипи кои зеле учество во спасувачката мисија.
Од НП Галичица велат дека на Галичица временските услов…
Улицата „Сирма Војвода“, по се изгледа не е приоритет во работата на Секторот за сообраќај, патишта и улици, како што од таму најавија на крајот од минатата година, потсетуваат мештаните од оваа улица. Голем број згради и индивидуални куќи години наназад се оставени без асфалтиран пристапен пат. И покрај подмирените комуналии децата од овој дел во зима газат по кал од дома за да стигнат до училиште, додека пак во лето стравуваат од змии, затоа што она што треба да претставува градска улица повеќе наликува на запуштена нива. „Еден град како Охрид, кој е град за респект, кој во неговиот цент…
Успешна е соработката меѓу општинскиот и државниот градежен инспекторат, информира секретарот на Локалната самоуправа Димитар Спасески. Општинските градежни инспектори немаат надлежности врз територијата на градот опфатена со Законот на Охрид. Но затоа пак имале добра соработка со колегите од државниот инспекторат и за дивоградбите во стариот дел на Охрид усно ги известувале. Локалната самоуправа нема евиденција во колку наврати досега државните инспектори излегле на терен во Охрид и постапиле по нивните дојави за дивоградбите. Но тоа не го попречува секретарот да верува дека државнит…
ТАВ Македонија доби здравствен сертификат од Меѓународниот Совет на Аеродроми (Airports Council International World) за Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, во рамки на Програмата за здравствена акредитација на аеродромите, којашто претставува нов меѓународен репер за спроведени здравствени мерки на аеродромите ширум светот.
Програмата на ACI е креирана за да се увери патувачката јавност дека аеродромските објекти остануваат безбедни и дека се преземаат мерки на претпазливост за да се намали ризикот по нивното здравје.
„По разгледување на доказите презентирани во текот на процесот на евалу…
Ситните сработени работи како крпење на некоја дупка по улиците или поплочување на некој квадрат земја а презентирајќи дека е плоштад е само уште една манипулација дека нешто сработивте од тоа што ветивте, обвини на денешната пресс конференција Христина Гоговска. Од СДСМ потенцираат дека многу од работите кои се споменати во отчетот на Градоначалникот ја навредуваат интелигенцијата на луѓето и дека отчетот е дежаву за разлика од нивната програма која предвидува конкретни и реални проекти во три столба.-Со првиот предвидуваме да ја вратиме средната класа (да понудиме економски ситем и економ…
Поради постоење основи на сомнение за сторени пет казнени дела „Тешка кражба“, СВР Охрид против Р.Ф. (21) и Д.Т. (17) двајцата од Охрид поднесе кривична пријава. Пријавените, во периодот од 25-ти март до 4-ти април оваа година извршиле серија тешки кражби насилно отворајќи автомат-кафемати на неколку локации во Охрид. Користејќи метален мајсторски подесен алат како и физичка сила, пријавените го кинеле држачот од катинарите, ги оштетувале бравите и ги отварале автомат-кафематите од каде ги одземале парите.На тој начин, двајцата пријавени од кафематите кај Студенчишта, во централното градско…
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 12.04.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.)од реонот опфатен со границите на улиците: Македонски Просветители, Партизанска, Димитар Влахов, Кеј Маршал Тито и населба Охридати.Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да м…