Отварањето на сезона 2014 во Планински Велосипедизам, се одржа во Скопје во дисциплината Ридско Искачување, која се одвиваше по падините на Водно по единечна патека низ густата шума од црквата Св.Јован вo Kaпиштец до Средно Водно под жичарата на патот што ве води до с.Нерези односно Манастирскиот Комплекс. Патеката во должина од 2,5 км е во целост стрмна нагорнина по тесна единечна патека. За разлика од другите натпревари ова ридско искачување се карактеризира со поединечен старт на секој велосипедист со разлика од 1 минута. Слично како Хронометарот кај друмскиот велосипедизам и на овој н…
Во него, Црквата се потсетува на последните денови на Христос во Ерусалим неговото влегување во Храмот и растерувањето на трговците од него, оти тоа е место за молитва, а не пазар. Христос на Своите ученици во повеќе наврати им зборува за Своето страдење кое Му претстои, како и крајот на времињата и Страшниот Суд. На Велики Понеделник Црквата говори и за Неговата беседа во Храмот, за злобните лозари, како и проколнувањето на бесплодната смоква, која го претставува јудејскиот собор, (во кој Исус Христос не нашол вистински плод, туку само лицемерна сенка на законот), но и човечката душа која …
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заедно со првиот-заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за здравство, Венко Филипче и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Даријан Сотировски, се сретна со поглаварите на верските заедници во земјава – на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан и на Исламската верска заедница, Реисул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи.
На состанокот е констати…
Се е подготвено за утрешниот прв круг од претседателски избори, велат од Општинската Изборна Комисија. Во општина Охрид право на глас според избирачкиот список има 51 157 лица.
Како што изјави претседателката на Општинската изборна комисија Марика Костадиновска, гласачите се заведени во два списоци и тоа едниот има 45 066 лица од Охрид и другиот 6091 каде се евидентирани лица кои престојуваат во странство.
„Се гласа во 88 избирачки места за 85 изборни единици, едното избирачко место Скребатно е ставено во мирување бидејќи има помалку од 10 гласачи и истите ќе гласаат во Лескоец“.
Денес …
Во дворот на куќата на Робевци сеуште лежат даските од некогашниот стар охридски чун. Овие остатоци потекнуваат од 19 и 20 век а говорат за едно време кога овој т.н рибарски чун се користел не само за рибарство туку и за трговија и транспорт, но и за разни свадбени церемонии, како што појаснува архитектот од НУ Завод и Музеј Охрид Горан Патчев. Деновиве Патчев како претставник на НУ Завод и Музеј Охрид учествуваше на втората годишна конференција за музеи „Сретни се, види, направи“на која ја презентирал неговата идеја за реставрација на стариот „охридски чун“.„Неможев да ги гледам овие рушев…
Тешка психолошка драма колку за контраст на нивната комична природа. Аматерската театарска група „Аматер“ ги дотерува до најситен детал последните елементи од нивната нова претстава со која ќе излезат пред охриѓани, „Генетика на кучињата“.
Деновиве ги работат последните проби, ја доработуваат сценографијата и велат дека се скоро подготвени за премиерата.„Доста тежок текст, многу бараше од нас и тешко се справувавме, но со игра, со усогласување на повеќето ликови, со помагање, дојдовме мислам до една добра конструкција и добар текст, добро го склопивме. Тежок е, и тоа ни е баш и нашата цел, …
Вработените во Локалната самоуправа и по јавните претпријатија се принудени да носат списоци со гласачи, болниците и училиштата се претворени во партиски штабови на ДПМНЕ, плакати од Иванов се лепат каде што е тоа недозволено, во екот на изборната кампања се тампонираат и се асфалтираат улици ,се подготвуваат „бугарски возови“, се вработува во јавните претпријатија и државните установи а на сиромашните им се ветува простување на долговите и неплатените сметки, кажа на денешната прес конференција Томислав Тунтев, кандидат за пратеник од СДСМ. Со нереалната изборна програма ДПМНЕ нуди нови …
На денешната прес конференција на ВМРО – НП Ванчо Костоски, кандидатот за пратеник, кажа дека сака да ја потсети јавноста на најавени и никогаш не реализирани инвестиции од страна на ВМРО ДПМНЕ во последните 8 години. Тој ги наброја: Француски инвеститор за фабрика за авто галантерија во состав на Откес со 1000 вработувања, Хотел Радисон во Горица , Холандски хотел во Рача , Сименс ќе го купи ЕМО, Хотел Ексцелзиор, Руски комплекс со бањи во Љубаништа, Турска болница, проектот на Субрата Рој. Колку и да сакаме да веруваме дека после овие десетици лаги за инвестиции кои ни ги пласирате пред и…