Стоп – Шоп отвара нова продавница 5 та по ред во градов. Тајната на успехот на семејниот бизнис на Јованоски е во добрата понуда на производи по поволни цени како што кажа менаџерот на продавниците Горан Јованоски.
Со отварањето на оваа продавница се воведува еден нов иновативен концепт на уредување на продажниот простор, по примерот на светските трендови кој ќе има свое влијание кај потрошувачите, додава Јованоски.„Тоа е еден голем успех кој што го доживеавме благодарение на ематијата која што ја имаме со нашите купувачи се движиме во чекор со нив ги препознаваме нивните потреби ов однос …
СДСМ на денешната прес конференција, од ВМРО – ДПМНЕ побара отчет за потрошените 7 милиони евра, народнни пари за реконструкција на општа болница Охрид. Гласноговорникот на СДСМ Александар Кузески нагласи дека охриѓани не можат да заборават на три годишната голгота, без секундарната здравствена заштита, кога се мачеле да добијат здравствени услуги од другите градови, посебно од областа на гинекологијата, анестезија, урологија и др. Тој запраша: До кога лекарите и останатиот медицински персонал, кои стручно и совесно си ја вршат својата работа ќе бидат маргинализирани и ставани во втор план …
Градоначалникот Бакрачески деновиве заедно со дел од најблиските соработници, изврши обиколка на улиците на кои се вршат инфраструктурни зафати. Градежни активности се одвиваа на повеќе улици низ градот меѓу кои се улиците „Ѓорче Петров“ и „Железничка“.Во населбата „Радојца Новичиќ“ се асфалтираат повеќе краци и тоа : Прв крак со површина од 220 м2,Втор крак со површина од 410 м2,Трет крак со површина од 300 м2,Четврт крак со површина од 220 м2,Пети крак со површина од 460 м2,Шести крак со површина од 95 м2,Седми крак со површина од 590 м2,Осми крак со површина од 1100 м2,Или вкупно во насе…
И Охрид утрово не беше поштеден од врнежите од снег кои го зафатија поголемиот дел од нашата држава. Врнежите во нашиот град за среќа се од помал интензитет и не предизвикуваат проблеми во одвивањето на градскиот сообраќај. Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози. На повисоките делови во западниот дел од Македонија има остатоци од снег на колозовот, но нема забрана за сообраќај.Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде облачно, претпладне со обилни врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на план…
Oд ЕВН Македонија,информираат дека денеска, 16-ти април, во периодот од 15:30 до 17:00 часот ќе дојде до прекин во снабдувањето со електрична енергија во дел од селото Требеништа.Од компанијата додаваат дека причина за прекините во снабдувањето со електрична енергија е реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во овој регион.{loadposition content9}
Деновиве монтерската екипа ангажирана од општина Дебрца работеше на поставувањето на електричниот кабел за обезбедување на електрична енергија до местноста „Св.Варвара”,село Требеништа, каде е поставено православното обележје-крст.
Општина Дебрца ги помогна активностите на Црковниот одбор од село Требеништа за изградба на крстот и обезбеди донација од седум бандери, околу 650 метри електричен кабел и вандерми.
Голема е разликата помеѓу нашата програма и онаа на ВМРО – ДПМНЕ, односно нивната реална програма, а не онаа од бајките која ја прикажуваат во скапо платените реклами со средства од буџетот на Р. Македонија, изјави носителот на листата на ВМРО – НП, Ванчо Костоски.
Тој обвинува дека политиката на Владата на ДПМНЕ, допринела земјава да биде во меѓународна изолација и да биде на последно место за влез во Евро интеграциите. Секојдневното задолжување на земјава кое се крие од граѓаните било посебен проблем, според Костоски, а зголемувањето на пензиите се должи на редовното усогласување на порас…
Основните судови од Охрид и Штип, како и Вишиот Управен суд се трите судски инстанци кои потфрлиле во својата работа, според генералната оценка на Врховниот суд за изминатата година. Според извештајот за работата на судовите за 2013 година Охридскиот суд не го совладал приливот на предмети. Лавината од тужби кои паднаа врз охридскиот суд 9242 на број, пристигнати само во 2013 до толку го зголеми обемот на работа што судот не успеа во целост да се справи.Илјадниците тужби на граѓаните против ЕВН за стекнување без основ, односно за незаконски наплатените 6 ден за манипулативни трошоци го за…