Апр 24, 2014

Недела на солидарност

  Под мотото “ВАШИОТ ПРИЛОГ – ЗНАЧАЈНА ПОМОШ”, а по повод одбележување на Неделата на солидарност,  Црвен крст од Охрид  организира хуманитарна акција. Целта е подигање на свеста на населението за помош и поддршка на ранливото население за обезбедување  храна, облека, обувки, средства за хигиена, постелнина, детски играчки и парични средства наменети за социјално загрозените лица, старите лица и лицата со посебни потреби од Охрид и Дебарца.-Во последно време со оглед на економската ситуација на граѓаните бројот на оние на кои им е потребна ваква помош расте. На некои граѓани им се потребни …

Апр 24, 2014

Градежни активности на ЈП „Нискоградба“ во село Велгошти

Јавното Претпријатие НИСКОГРАДБА ОХРИД- Охрид, извршува градежни активности во с.Велгошти.Активностите се одвиваат кај црквата „Св.Климент“, каде се врши подготовка на патот за поплочување со бекатон плочки. Исто така екипите на јавното претпријатие од Р.Е. канализација на терен вршат проверка на пумпните станици кај Канео, св. Софија и на кај Малиот Плоштад.{loadposition content9}

Апр 29, 2021

Сребрен медал за учениците од ДСУ „Ванчо Питошески“ за филмот „Друг човек“ на МАССУМ

Државниот натпревар ,,Образовно рандеву 2021“ на Младинска Асоцијација на Средните Стручни Училишта во Македонија (МАССУМ) во соработка со Американскиот Универзитет на Европа – ФОН се одржа на 23 и 24 април за средните училишта од цела Македонија. Учениците од ДСУ РЦСОО „Ванчо Питошески“ под менторство на професорот по македонски јазик и литература, Перчо Божиновски учествуваа во 5 категории постигнувајќи  високи резултати. Второ место, сребрен медал во категоријата најдобар филм со филмот „Друг човек“ и актерите Дарко Соколески, Ерол Брзев и Димитар Дуноски. Креативните ученици ни покажув…

Апр 24, 2014

Стружанец во притвор поради разбојништво

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „Разбојништво“,  и „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициската станица од Струга против И.Л. (25) од Струга поднесе кривична пријава.Него основниот суд во Струга му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.На 23-ти овој месец во 09 часот и 25 минути, сега притворениот И.Л.  со капа фантомка и со пиштол во раката влегол во менувачницата „К-Виса“ лоцирана во градскиот пазар во Струга и од вработената ги побарал парите од сефот. Потоа тој заканувајќи и се со убиство, со пиштолот ја уд…

Апр 24, 2014

Во Охрид ќе се гради 400 k/w трафостаница

Македонија ќе добие досега најсилна интерконективна врска за пренос на електрична енергија со соседна Албанија. Тоа ќе се овозможи преку 400-киловолтниот далновод што МЕПСО и албанскиот преносен систем ќе го градот од Битола до Елбасан. Далноводот ќе тргнува од РЕK „Битола“, а трасата ќе се протега на 100 километри низ седум општини до границата, каде што преку Ќафасан ќе се спои со албанската преносна врска. Инвестицијата ќе чини над 70 милиони евра и ќе обезбеди подобрено снабдување со електрична енергија на овој регион, а рестрикциите и испадите на струјата ќе станат минато.Покрај 400-ки…

Апр 24, 2014

Изложба на сликарки од Благоевград

По повод возвратната посета на жените од „Искрити“ Благоевград Бугарија, Женски Центар „Бисера“ Охрид организира изложба на слики од жени сликарки од Благоевград.Манифестацијата ке биде збогатена со музички точки и коктел.Изложбата ќе биде поставена на 25.04.2014 Петок со почеток во 19.00 часот во Центар на Култура „Григор Прличев“ Охрид.{loadposition content9}

Апр 23, 2014

Охриѓани ќе се рекреираат на современа пешачка патека

  Ќе се прави современа пешачка рекреативна патека на потегот од мостот кај каналот до почетокот на Парк. Таа ќе биде широка десет метри и ќе содржи две пешачки зони од по четири метри и уште две патеки од по страните  во широчина од по еден метар кои ќе се користат за велосипеди и ролери. Во средината ќе биде хортикултурно уредена со комунална инфраструктура и со современо осветлување. Патеката ќе биде долга 1390метри а ќе се реализира со средства од ИПА фондовите. Општина Охрид во заедничка соработка со општина Воден, ФТУ од Охрид и ФТУ од Солун аплицирале со заеднички проект за што им би…

Апр 23, 2014

Отворен ден со матурантите на ФТУ

Денес ФТУ Охрид ширум ги отвори вратите за матурантите. Идните студенти имаа можност да се запознаат со начинот на работа, со студиските програми за кои би се определиле, како и со лабораториите со кои располага оваа високообразовна установа. Матурантите сеуште во дилема каде понатака.„Сега за сега сеуште не сме одлучиле. ФТУ има добри услови за учење и за надвор од државата“ – велат матурантите.Но затоа пак оние кои веќе студираат на ФТУ со пофални зборови кон установата и условите која истата им ги нуди.„Ние сме студенти. Нека се запишат, факултетот е супер професорите се добри со нас сор…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top